Собранието ги донесе законските измени, а од средината на април објавата на цените на веб страните, ќе биде задолжителна обврска на големите, средните и мали трговци. Од оваа обврска се изземени маалските дуќани, а во наредните десет дена ќе се објават и правилниците по кои ќе се работи. Деновиве во Службен весник ќе бидат објавени измените на Законот за заштита на потрошувачите, а маркетите имаат 45 дена да се подготват и на своите веб страни да ги објават сите цени на производите кои ги имаат во дуќаните, рече на прес-конеференција Бесар Дурмиши, министер за економија и труд.
– Собранието ги донесе законските измени, а од средината на април објавата на цените на веб страните, ќе биде задолжителна обврска на големите, средните и мали трговци. Од неа се изземени маалските дуќани, а во наредните десет дена ќе ги објавиме и правилниците по кои ќе се работи. Со овие законски измени очекуваме поголема транспарентност, подбра конкуренција и намалени цени, а граѓаните ќе може да бираат каде ќе ги трошат нивните пари и ќе знаат во кој маркет и по која цена се продава еден производ – објасни Дурмиши. Дурмиши потсети и на претходно донесените владини одлуки со кои се замрзнаа бруто маржите на 102 групи на основни производи.
– Овие две мерки ќе траат до 30 април, а со одлуката за замрзнување на бруто профитна маржа на големо и мало со 5 отсто се опфатени 8 прехранбени производи, со 10 отсто се опфатени 55 производи, а со 15 отсто уште 39 прехранбени производи – рече Дурмиши. ДПИ е на терен, инспекторите постапуваат по владината Одлука, а до крајот на неделава ќе се контролираат 1.000 трговски субјекти низ државата. Доколку постапуваат спротивно од законот, казните се од 500 до 10.000 евра, па и до затворање на маркетите до 30 дена. Дурмиши очекува дека со замрзнатите маржи, производите ќе имаат пониски цени до 10 отсто.