Денеска почна Подготвителниот состанок на Кругот на Претседатели на Европската конференција на уставните судови што се одржува во Тирана на кој учествува претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски. На Агендата се повеќе точки меѓу кои и темата за XX-от Конгрес, подготвителните аспекти за Конгресот, предлози на земјите членки. Во првиот дел од Подготвителниот состанок, по одржаното гласање, со 25 гласа „за“, 4 „против“ и 2 „воздржани“, Уставниот суд на Косово беше примен како членка на Европската конференција на уставните судови. Претседателот Костадиновски оствари средба со неговиот колега Неџми Реџепи му го честита членството, разменоја мислења и информации за натамошната билатерална соработка на двата суда, но и за соработката во рамките на Балканскиот форум и Европската конференција на уставни судови.
Беше утврдена и темата за XX-от Конгрес кој ќе се одржи во мај 2027 година во Албанија, каде европските судови ќе дискутираат за: „Одбрана на демократијата, слободата на изразувањето, социјалните медиуми и лажните вести“. Претседателот Костадиновски на маргините на овој состанок ќе одржи и билатерални средби со своите колеги од повеќе земји. На Подготвителниот состанок што се одржува во Тирана учествуваат 34 суда од вкупно 40 земји, учествуваат: судијата на Федералниот Уставен суд на Германија, Инес Хартел, судијата Уставниот совет на Франција, Корин Луквиенс, претседателот на Уставниот суд на Италија, Џовани Аморосо, претседателот на Уставниот суд на Австрија, Кристоф Грабенвартер, претседателот на Уставниот суд на Белгија, Лук Лаврисен, Шефот за надворешни работи на Врховниот суд на Холандија, претседателот на Уставниот суд на Туркије, Кадир Озкаја, судијата на Уставниот трибунал на Шпанија, Лаура Диез Буесо, претседателот на Уставниот трибунал на Полска, Богдан Швиецковски.