СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Л.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, соопшти МВР.
„Во периодот од 06.12.2024 до 10.12.2024, пријавениот неовластено навлегол во електронскиот систем на трансакциската сметка од банка на лице од Штип, при што неовластено ги прибавил неговите податоци и подоцна ги употребил податоците и со неговата картичка извршил 21 успешна трансакција на 13 продажни места во Штип и Радовиш, како и четири неуспешни трансакции. Со ваквите дејствија пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 24.370 денари“, пишува во полицискиот билтен.