По долга пауза, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се вратија на своите кралски обврски, а при нивната последна посета на Велс биле забележани дека се поблиски од вообичаено. Некогаш познати по резервираното однесување, принцот и принцезата од Велс во последно време сè повеќе покажуваат наклонетост еден кон друг. По смртта на кралицата Елизабета Втора во септември 2022 година до 2024 година, кога на Кејт и беше дијагностициран рак, кралското семејство помина низ големи промени, а Кејт и Вилијам станаа многу поблиски во јавноста. Посебно трогателен момент се случи на 9-ти септември, кога Кејт преку видео откри дека завршила со хемотерапијата. Романтичната сцена од тоа видео беше искористена и во нивната објава за Денот на вљубените, што беше прв пат да го одбележат датумот на овој начин по речиси 14 години брак. Исто така за време на посетата на Понтиприд, Велс, пред Денот на Свети Давид, Вилијам и Кејт се држеа за рака додека шетаа низ железничката станица.
Тие на социјалните мрежи споделија видео од моментот со порака: „Ти благодарам, Понтиприд!“, придружено со знаме на Велс и емотикони. Експертката за говор на телото Џуди Џејмс за британските медиуми изјави дека парот сега слободно ја покажува својата блискост. Нивните допири и погледи не се само израз на љубов, туку и на заемна привлечност. „Нивната блискост потсетува на меден месец, а гестовите на нежност се зачестија“, објасни Џејмс. „Ако ги гледате ќе забележите како често несвесно се наведнуваат еден кон друг, што е класичен знак на блискост и меѓусебна доверба. Исто така, Кејт често го гледа Вилијам директно во очи кога разговараат, што покажува силна поврзаност. Она што е особено интересно е начинот на кој Вилијам реагира на Кејт – неговите изрази покажуваат вистинска топлина и восхит “, заклучил Џејмс.
Thank you, Pontypridd! 👋🏴
Diolch, Pontypridd! 👋🏴 pic.twitter.com/0eAEePs48w
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) February 26, 2025
При посетата на Велс тие споделија и неколку слатки моменти – додека заедно правеа традиционални велшки колачи, Вилијам и Кејт не можеа да ја скријат насмевката, а си разменија неколку шеги:„Колку можеш да бидеш неуреден? – Насекаде има брашно“. Во еден момент, Кејт дури и го понудила својот рецепт за џем од сливи на младите волонтери во заедницата, велејќи дека ќе им го испрати за да можат и тие да го пробаат. Овој потег предизвика интерес во јавноста, со оглед на тоа што Меган Маркл неодамна лансираше сопствен бренд на прехранбени производи, вклучително и џемови. Ова патување беше особено значајно бидејќи го претставуваше постепеното враќање на Кејт на кралските должности по битката со болеста. Во последниве недели, таа се појави на неколку настани вклучувајќи ја и емотивната посета на комеморацијата посветена на преживеаните од Холокаустот, како и посета на детскиот центар во близина на Кардиф, каде што помина време со децата и нивните семејства. Нивната интимност и спонтани моменти за време на престојот во Велс само потврдуваат дека Вилијам и Кејт се посилни од кога било, и на приватен и на професионален план.