Разговорите меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот лидер Доналд Трамп во Вашингтон денеска завршија како дебакл, откако Трамп и неговиот потпретседател Џеј Ди Венс се расправаа со Зеленски и го обвинија за неблагодарност кон Америка, како и дека „се коцка со Трета светска војна“. Зеленски ја напушти Белата куќа на барање на Трамп, по жестоката расправија, која се случи пред новинарите и камерите во Овалната соба во Белата куќа. Претходно планираната заедничка прес-конференција меѓу двајцата лидери беше откажана.
За досега невидено непријатната и тензична атмосфера во Белата куќа, сведочи и реакцијата на украинската амбасадорка во Вашингтон, Оксана Маркарова, која го покри лицето со рацете во моментите на вжештената кавга меѓу Зеленски и Трамп и Венс.
Ukraine’s ambassador to the US Oksana Markarova’s reaction to the clash between Trump and Zelensky. pic.twitter.com/jva0QWJnHB
— KyivPost (@KyivPost) February 28, 2025