Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2026 што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Во рамките од ЕХФ неделата нашите најдобри ракометари ќе одиграат два мечеви против селекцијата на Словенија. Првиот дуел е во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје на 12 март од 20.00 часот, а вториот е три дена подоцна во Копер од 18.30 часот. Лазаров за овие две средби повика 20 ракометари, како и осум резерви:
Голмани: 1. Никола Митревски Еурофарм Пелистер 2. Марко Кизиќ Алкалоид 3. Иван Галевски Алкалоид Леви крила: 4. Петар Атанасијевиќ Еурофарм Пелистер 5. Иван Џонов Алкалоид Десни крила: 6. Ненад Костески Еурофарм Пелистер 7. Александар Петковски Алкалоид Десни бекови:
8. Мартин Серафимов Алкалоид 9. Мартин Велковски Алкалоид 10. Томислав Јагуриноски Вардар 1961 Леви бекови: 11. Филип Кузмановски Еурофарм Пелистер 12. Павле Атанасијевиќ Еурофарм Пелистер 13. Дамјан Митев Алкалоид Средни бекови: 14. Марко Митев Алкалоид 15. Игор Ѓоргиев Алкалоид Пикери: 16. Жарко Пешевски Еурофарм Пелистер 17. Милан Лазаревски Вардар 1961
18. Марко Стојковиќ Алкалоид 19. Валентин Карасманакис Алкалоид Дефанзивец: 20. Никола Маркоски Алкалоид резерви: 1. голман: Мартин Томовски ВФЛ Потсдам (Германија) 2. лево крило: Цветан Кузманоски Еурофарм Лелистер 3. десно крило: Никола Костески Алкалоид 4. пикер: Самоил Ристевски Еурофарм Пелистер 5. лев бек: Емилијан Ѓорговски Еурофарм Пелитер 6. десен бек: Филип Николов Бутел 7. среден бек: Марио Танкоски Вардар 1961 8. дефанзивец: Михаил Аларов Вардар 1961