15.8 C
Скопје
18/04/2025 19:55
МАКТЕЛ

    

Денко Малески: Гласавме против себе во ОН

      

Бидејќи резолуцијата на Советот за Безбедност, а не онаа на Генералното собрание, има обврзувачко дејство, победи ставот за брз крај на војната без осуда на руската агресија. Ме прашуваат од локално.мк за мислење за гласањето на РС Македонија во Генералното собрание на ОН. Зборуваме, се разбира за резолуцијата за Украина. Повод беше тригодишнината од почетокот на војната, на 22 февруари 2022. Некни бил ден на целодневни гласања во светската организација, какви што паметам од мојата работа таму. Претпладнето се гласало во Генералното собрание. Европејците не се согласиле со текстот на американската резолуција чиј конспозори е Македонија: барале, со сопствена верзија на резолуцијата, да има и осуда на руската агресија. Америка не се согласила и инсистирала само на прекин на војната. Победила европската линија со 95 гласови „за“, „против“ биле Америка и Русија (Нема вечни пријатели или вечни непријатели, туку само вечни интереси, рекол Черчил) а 65 држави биле „воздржани“. Попладнето, истата тема била на дневен ред на Советот за безбедност кој има 15 членови, 5 од кои се постојаните членки. Таму победила американската верзија со 10 „за“, меѓу кои Америка, Русија и Кина, и 5 „воздржани“, меѓу кои Франција и Британија, постојани членки на СБ.

Бидејќи резолуцијата на Советот за Безбедност, а не онаа на Генералното собрание, има обврзувачко дејство, победи ставот за брз крај на војната без осуда на руската агресија. Франција и Британија кои имаат право на вето, во поддршка на мирот, се воздржале од гласање. Ние гласавме, како што постојано подвлекува власта, со „нашиот стратешки партнер“. Да си со најмоќната држава во светот, да ја имаш нејзината благонаклоност, во принцип е добро сопствената држава и народ. Сепак, од првите денови на нашето членство во светската организација ориентир во гласањето на државите од групата земји од Источна Европа, дваесет и една на број, беше како ќе гласаат државите на ЕУ. Конечно, ние сме држава на европскиот континент а нашата стратешка цел беше членство во ЕУ. Со време, тоа и се случи: државите од Централна и од Источна Европа се приклучија на европскиот сојуз. Се сеќавам дека во деведесеттите, мојот колега претставникот на Албанија во ОН, без многу да размислува за ставот на Европа, редовно го притискаше копчето „за“ кога се работеше за американска резолуција. Тоа го правеа и една група мали земји од Пацификот.Не велам дека тоа беше лоша политика во тие тешки времиња за посткомунистичките држави на Источна Европа или за малите островски држави. Тогаш, во Македонија, сè уште не беше во оптек кованицата „виткање кичма“.

   

Но, инстиктивно, во обид да ја држам кичмата на Македонија што е можно поисправена и во отсуство на директиви од Скопје, состојба карактеристична за сите држави од Источна Европа, гласав со ЕУ државите. Значи, водев, колку што можам, внимание за реномето на мојата тукушто роденa држава. Зашто, веројатно не знаете дека по објавувањето на резултатите од гласањето на големата електронска табла во Генералното собрание има секакви реакции: од одобрување до негодување, па и до потсмешливи коментари на сметка на државите. Погодувате: потсмев предизвикуваше „виткање кичма“ пред Америка. И тогаш кога ЕУ и Америка беа едно. Проблемот денес е во тоа што, во новата геополитика, Америка ја напушта Европа и континентот ќе мора да мисли со своја глава за својата заедничка безбедност и надворешна политика. Да нема забуна ќе повторам: не ја напуштаме ние Америка, Америка ја напушта Европа. Затоа, сега, неспоредливо повеќе од тогаш, е потребна европска солидарност. Се разбира, и добри односи со Америка. Дилемата е како сето тоа да се вообличи во една конзистентна надворешна политика.

Во минатото, странските дипломати во Македонија знаева често да коментираат дека нашите политичари не умеат да мислат стратешки. Еве уште една потврда со новата власт дека е така. Стратешки да мислиш значи да ги разбереш на прав начин големите поместувања во светската политика и да ја прилагодиш сопствената. Тука не помагаат никакви лични пријателства. Па, ние го имавме за пријател државниот секретар на Америка Лоренс Иглбергер наречен „Лоренс од Македонија“ и знаеме што може човек визави интересите на политиката и на државите. Во контекст на големите промени, се плашам дека власта погрешно ја чита меѓународната политика и кога денес упорно се повикува на нашето стратешко партнерство со Америка. А прашање е дали новата администрација знае за партнерството и дали тоа воопшто нешто и значи. Помислете: ако на Америка малку и значи стратешкото партнерство со ЕУ, ова со Македонија не и значи ама баш ништо. Ние, пак, мртви сериозни, малку, малку ќе се повикаме на „нашиот стратешки партнер“. Британците барем смогнале сила да се насмеат на сопствена сметка и честото повикување на „специјалните односи“ меѓу Велика Британија и Америка. Некој рекол: Американско-британските „специјални односи“ се толку специјални што само едната страна (Британија) знае за нивното постоење. Епилог: Финалето на гласањето во ОН, фала му на Бога, беше во прилог на мирот. Имено, иако европските земји, Франција и Британија, имаат право не вето, тие не ја блокираа резолуцијата која повикува на мир. Сакаа само да се осуди праксата на насилна промена на границите. Ако разбереме дека ретко кој би се осмелил да ги оспори границите на Британија и на Франција, нуклеарни сили, тогаш тој дел од резолуцијата се однесуваше за нас, малите држави. Во таа смисла, ние гласавме против себе. Денко Малески

  

Најново

(ВИДЕО) УБИЕЦОТ НА СТУДЕНТИТЕ Е СИН НА ПОЛИЦАЈКА И ГО КОРИСТЕЛ НЕЈЗИНОТО ОРУЖЈЕ Мајката на напаѓачот од Универзитетот во Флорида е заменик на шерифот на округот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА Има мртви и исчезнати, но тука не е крајот

Sase Ivanovski

ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА ИЛИ 500% ТАРИФИ И САНКЦИИ Трамп го притиска Путин, му даде 3 дена да одлучи

Sase Ivanovski

Протече мировниот план на САД: Украина губи територии, не може во НАТО …

Sase Ivanovski

Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија

Sase Ivanovski

Љутков: Го враќаме брутализмот како архитектура која треба да се одбележи како културно наследство

Sase Ivanovski

Иран ги осуди американските напади врз Јемен како варварски

Sase Ivanovski

Министерство за култура: Вработените ќе ги добијат платите со зголемување на почетокот од следната недела

Sase Ivanovski

Лени Кравиц ги отвори вратите на својот дом во Париз

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Одлична средба со Ал Мухари, заменик извршен директор на инвестициската компанија “Мубадала од Абу Даби

Sase Ivanovski

Муцунски на Средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан

Sase Ivanovski

Падна дрво кај Млечен, оштети три автомобили и скина кабли од бандери

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинците одбиваат голем напад на југот: „Уништивме 29 возила, елиминиравме 140 Руси“

Sase Ivanovski

Легендата на Интер, Горан Пандев… со трофеј 👑🏆📸

Sase Ivanovski

Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет

Sase Ivanovski

Компанијата „Спејс Екс“ на Илон Маск е главен кандидат за изградба на „Златната Купола“ – ракетниот штит на Трамп

Sase Ivanovski

Холандска карикатура од 1903 година го критикува лицемерието на Русија кон Македонија

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп удри по странските студенти и даночниот статус на Харвард

Sase Ivanovski

Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

Sase Ivanovski

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Sase Ivanovski

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

Sase Ivanovski

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Sase Ivanovski

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Sase Ivanovski

МОН реагира на лагите на Левица, платите во училиштата од овој месец се зголемени за 7% и ќе продолжат да растат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и на Велики Петок шири тешки лаги и клевети, покачените плати ќе бидат исплатени во вторник

Sase Ivanovski

СДСМ: Кога културното наследство ќе стане бизнис план – тоа веќе не е култура, туку пазар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: На Велигден власта остави работници од повеќе институции без плата

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на граничните премини Дојран и Богородица

Sase Ivanovski

Петровска: Истрагата за Кочани е контаминирана од политички изјави и селективни дејствија

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишено од слобода лице од скопско Арачиново барано за издржување казна затвор од четири години

Sase Ivanovski

Министерствсо за внатрешни работи: Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Куманово

Sase Ivanovski

Средба на Сиљановска-Давкова со победниците на “First Lego League Challenge”

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Пријавите во ВАЕРС не значат причинско-последична врска меѓу вакцината и смртта

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Фотографијата од урнати скали во бои на виножитото нема никаква врска со Унгарија

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Во ковид пандемијата не беа забранети обдукции, а вакцините не се „лажна наука“

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

Sase Ivanovski

Во 1987 година, мостот Голден Гејт не ја прослави само историјата, туку се наведна под нејзината тежина

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Sase Ivanovski

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога и цигари со странски бандероли, кривична пријава и притвор за едно лице

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестициите во дигитализацијата се инвестиции во иднината, дигиталната трансформација значи борба против корупцијата

Sase Ivanovski

Лижавчиња со потпис на Вучиќ им биле дадени на деца во градинка во Сомбор

Sase Ivanovski

Венс „оптимист“ за мир, неколку часа откако Рубио се закани дека САД можат да си заминат од преговорите

Sase Ivanovski

РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти

Sase Ivanovski

Петровска: Истрагата за Кочани е контаминирана со политички изјави – виновниците не се лоцираат правилно

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Деновите поминуваат, а од СДС молк и не кажуваат дали Филипче има златна виза за Дубаи и како ја стекнал

Sase Ivanovski

МВР: Одземени возила користени во „диви“ трки во Куманово

Sase Ivanovski

Левица: Наставниците со пониска плата од просечната

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан

Sase Ivanovski

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Лозово и други две лица за злоупотреба на службена положба

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС тврдеа дека уставните измени се последно барање на Бугарија, сега од таму ги демантираат

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдено оружје, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Златото повторно расте – дали треба веднаш да инвестирате?

Sase Ivanovski

ДУИ: Новата програма за седмо одделение ги исклучува Албанците од учебниците по „Историја и општество“

Sase Ivanovski

Виткоф: Русија би можела да задржи некои од освоените региони во Украина, но не сите

Sase Ivanovski

Раздорот во ВЛЕН го фаворизира ДУИ: Зошто исклучително битен станува Зијадин Села?

Sase Ivanovski

Трамп: Не сум негов обожавател, но не мислам дека Зеленски е виновен за војната

Sase Ivanovski

Од денес може да се вози преку Галичица, заврши зимската забрана

Sase Ivanovski

(Видео) Четири лица загинаа во уривање на жичарница во јужна Италија

Sase Ivanovski

(Видео) МВР го пронајде возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен е јавен обвинител

Sase Ivanovski

Зеленски остро ја обвини Кина дека испорачува оружје за Русија

Sase Ivanovski

ВЛАДАТА ОЗАКОНУВА ПАУШАЛНИ ФАКТУРИ ЗА СТРУЈА

Sase Ivanovski

Кремљ: Истече наредбата на Путин за ненепаѓање на енергетската инфраструктура на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ – Кике Цветче и Иван Ајнштајн: Бегството не ги решава предизвиците во љубовта

Sase Ivanovski

Митрополит г. Петар: Велигден е најсветлиот празник на христијанската вера и таинството кое ја преобразува историјата на човештвото

Sase Ivanovski

Од „не ни требаат странци“ до „добредојдовте, шеици“ – Чебрен станува профитабилен проект кога владее ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување

Sase Ivanovski

Кој прв ќе изгори од изигрувањето на Законот за нефер практики?

Sase Ivanovski

Свештена бигорска Обител: Велигден не е време за профит, туку за милосрдие

Sase Ivanovski

Скандал во Хрватска: Општина платила 1.500 евра за приватен детектив да следи воспитувачка поради боледување

Sase Ivanovski

Ректорот на Универзитетот во Белград: Пријавата против мене е пријава против целата академска заедница

Sase Ivanovski

Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!

Sase Ivanovski

Српскиот претседател порача дека не смее да продолжи блокадата на РТС

Sase Ivanovski

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово пред политичка криза по неконституирањето на Собранието; СПАК со истрага за изборен криминал во даночната администрација; „Фантомски“ партии пред изборите во Албанија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Идентификуван возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен јавен обвинител

Sase Ivanovski

Кумановец лишен од слобода, оружје пронајдено при претрес на домот

Sase Ivanovski

Американската влада ги укина визите за повеќе од 1.000 странски студенти

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје по повод Велигден

Sase Ivanovski

Левица: Над 3000 вработени во културата се оставени без мартовска плата во пресрет на Велигден

Sase Ivanovski

„Кинескиот Илон Маск“ користи само два броја за да покаже зошто автомобилската индустрија на неговата земја сега ги надминува САД и Европа

Sase Ivanovski
Вчитувам....