На веб-страницата на Белата куќа, по денешната драматична и скандалозна средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски, е објавено соопштение во кое се вели дека Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс „секогаш ќе се залагаат за интересите на американскиот народ и никогаш нема да дозволат тој да се искористува“
„Претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс секогаш ќе застанат во одбрана на американскиот народ и оние кои го почитуваат местото на Соединетите држави во светот и никогаш нема да дозволат американскиот народ да биде експлоатиран“, пишува во соопштението.
Понатаму, се вели дека на средбата со Трамп, Зеленски признал дека ситуацијата во Украина може да доведе до „трета светска војна“, која би ја загубиле без помош на САД. „Третата светска војна би можела да започне во Украина, да продолжи во Израел и оттаму да се пресели во Азија, а потоа да експлодира на друго место“, рече Зеленски, се додава во соопштението. Во првиот официјален став на Белата куќа по фијаското на средбата, пишува и дека над половина од Украинците сакаат брз крај на војната и би се согласиле со тоа одредени територии да ѝ бидат предадени на Русија.