10.8 C
Скопје
01/03/2025 09:02
МАКТЕЛ

    

Путин како Мајка Тереза!?

      

„Оној кој се плаши дека ќе страда, тој веќе страда бидејќи се плаши.“ – Мишел де Монтењ

 

   

На третата годишнина од руската инвазија врз Украина, Европа го губи патот по кој се движи. По европски метрополи осветлени знаменитости со сино и жолто на Украина, додека во Обединетите нации САД гласаше против резолуцијата со која се осудува руската агресија. Европа е потресена оти Америка буквално ја има сменето страната. Дека САД ќе биде во ист табор со Русија за многу луѓе тоа делува како полувистина од соништата, но сепак голема конфузија околу тоа на која страна лежи едната или другата половина! Во Обединетите нации, САД се најде заедно со Русија, Северна Кореја и Иран! Таа дури се обиде да ја урне резолуцијата со која се осудува руската агресија против Украина. Пред само три месеци тоа можеше да бида само некаков кошмар од лош сон. Сега стана јасно дека САД, барем оваа администрација, е тотално рамнодушна кон судбината на Украина, а и цела Европа.

Во јуни е самитот на НАТО, и многу западни водачи нема да знаат што да кажат како говорници! Можеби ќе пеат жалопојки во хор! Добро би било јавно и јасно да кажат дека конечно на Европа ѝ треба своја независна одбранбена способност. А тоа чини многу пари во услови кога европските економии се борат со ветерниците. Се проценува дека на Европа ѝ се потребни стотици илјади нови војници и најмалку 260 милијарди долари повеќе одбранбено финансирање за веродостојно да ја одврати Русија без американска поддршка. За Европа дојде крајот на „бесплатното возење“, изјави Сер Алекс Јангер, поранешен шеф на британската разузнавачка служба МИ6, во интервју за Би-Би-Си.

Тука Трамп е во право – кажа тој. Но, постои огромна разлика помеѓу притискање на сојузниците да придонесат повеќе за сојузот и нивно напуштање и свртење кон нивниот противник! Овде, секое оправдување наликува на женско деколте кое се обидува да прикрие доволно за да открие сè. Многу искрени прашања беа проследени со неискрени одговори. Сепак, Јангер нуди некаква пооптимистичка проценка за способноста на Европа да ја пополни обрамбената празнина. „Дека не треба да бидеме толку загрижени оти сме 10 пати побогати како европско НАТО од Русија“ – рече тој. На крајот на краиштата, Европа нема причина да се плаши од Русија. Таа Русија три години се бори со слабата Украина и едвај успеа да навлезе 70 километри на нејзина територија. Во 1968 година Русија за една ноќ ја окупира тогашната Чехословачка, а 12 години пред тоа за 2 дена ја згази Унгарија на Орбан. Сега Европа е многу посилна и економски и воено од Русија. Но, сепак поаѓајќи од бројни други аспекти, виси прашањето, по која цена можниот иден европски сојуз ќе ја преживее таквата транзиција?

За континент кој го се навикнал на мирот главно под американскиот безбедносен чадор, ова се длабоки предизвици. Но, додека тимот на Трамп се свртува кон Индо-Пацификот и Макрон признава дека „Европа мора да преземе поголема одговорност“, прашањето повеќе не е дали ќе се случи европската стратешка автономија, туку колку брзо може да се постигне, и по која цена! Нагло заврши воената адолесценција на Европа. Францускиот претседател Емануел Макрон отиде во Белата куќа со едно мислење, а се вратил со друго мислење. Таму веќе е стасан и британскиот премиер Стармер, во очаен обид да се спаси она што остана од трансатлантската алијанса. Макрон кај Трамп постојано го споменуваше тој мачен „атлантски сојуз“ и тоа „пријателство“. Тоа изгледаше како понизно „лижење“ на оние крупни Трампови образи, а тој самиот делуваше крајно досадно!

За тоа дека луѓето не се сигурни дали САД ќе застанат покрај своите сојузници и пријатели, коментира и Кристине Берзина, директорка на „Geostrategy North“ во Германија. „Русија јасно стави до знаење дека САД ги гледа како противник кога својата војна во Украина ја претстави како војна против НАТО. Но, и покрај тоа, Трамп и неговите претставници користат многу блага реторика и, згора на тоа, ѝ нудат на Русија економски можности без преседан“ – вели таа!

Нo, Трамп цврсто верува на изреката на Бенџамин Френклин дека не постои добра војна и лош мир. Па затоа Макрон морал да изведе детален дипломатски балет. Стоејќи покрај Трамп во Источната соба во Белата куќа, францускиот лидер во еден момент го нарече Трамп „драг Доналд“ и продолжи: „мирот не треба да изгледа како предавање на Украина“. Сакал да каже дека мирот доаѓа преку разбирање, а не преку наметнати договори. Уште и експлоатациски! Но, Трамп повеќе му зборел за „трансакциски договори“, дури му спомнал дека можеби ќе ја посети Москва доколку се постигне мировен договор, што ќе го направи првиот американски претседател кој ја посетил Русија по повеќе од една деценија. Тоа ќе биде огромна дипломатска победа за Путин.

Но, незадоволството врие и во самото САД. Врие и во Сенатот и Конгресот! Сенаторот од Луизијана Џон Нили Кенеди коментирал: „да го фалите Путин е исто како масовниот убиец Џефри Дамер да го наречете Мајка Тереза“. Ако се случи средба со Путин, тогаш ќе падне во вода децениската американска доктрина: САД како бранител на глобалниот поредок заснован на вредности и принципи, и Русија како прекршител на тие правила – велат бројни републиканци.

Не се без основа и констатациите дека се ова има за цел да го растури БРИКС, кој е голема закана за американскиот долар, а со тоа и на целата американска економија. Со децении, САД работеа на создавање клин меѓу Москва и Пекинг. Дури и патувањето на Никсон во Кина во 1971 година, по кое Кина го зазеде седиштето во ОН наместо Тајван, зборува за ова дистанцирање меѓу Русија и Кина, за кое долгорочно се залага САД.

 

Војна за ретки минерали

Се вели дека првите војни се водеa поради ловиштата, потоа поради земјоделските површини, подоцна поради морска пловидба, потоа за колонии и енергенси, и конечно сега за ретки минерали. Констатирано е дека најмногу резерви на ретки минерали има Кина (околу 62% од светските резерви), потоа Украина околу 16%, Гренланд над 7% итн. Модерната технологија, особено интелигентната технологија не може без нив. Европската комисија смета дека Украина е значаен глобален снабдувач на титаниум и потенцијален извор на повеќе од 20 критични суровини.

Украина е позната по своите резерви на ретки метали, кои се неопходни за екрани, дронови, турбини на ветер и електрични мотори. Трамп особено ја нагласи својата желба за ретки метали и побара договор за добивање на минералите во замена за американската помош за Украина во нејзината војна со Русија.

Светот се менува, а со тоа и геополитичките приоритети. Сега американските трупи настојуваат да се фокусираат кон Пацификот, кон индискиот океан, кон јужна Америка итн. Европа претерува со стравот од осаменост. Имено, познато е дека стравот е десет проценти од тоа што ни се случува и деведесет проценти како реагираме на тоа. Познато е дека само тешките времиња знаат да создадат вистински лидери.

 

Балканот врие!

Во Србија протестите на студентите веќе наликуваат на масовен бунт. Пријателот на нашата влада Милорад Додик кој цело време се залагал за отцепување на Република Српска од БиХ доби затворска казна и политичка забрана. Бројни балкански политичари сè уште не можат да разберат дека логиката на Трамп како бизнисмен е многу против тензии и војни, оти тие му штетат на бизнисот, а таму лежи неговата душа. Штом тоа го правите, вие сте негов противник. Додик, славел со „печење“ кога победил Трамп, ама брзо потоа печењето му го затна грлото! Славеа и многу други, ама на сите им е слошенo. Велат дека тој особено не поднесува лажни и фиктивни послушници.

Тука спаѓаме и ние кои на полтронски начин сакавме да го докажуваме наводно „стратешкото партнерство“ со САД во Генералното собрание на ОН. Тоа државата ја прави многу ранлива. Македонија на чуден начин го докажува „стратешко партнерство“ пред САД во време кога тоа не го прави ниту Велика Британија како вековна сојузничка на САД. Тешко ја сфаќаме таа турска изрека дека не треба да го мерите со агите оти ќе останете без … Успешната политика не се прави со сервилност кон посилниот, туку со способност да знаете до каде можете да го следите, оти е јасно дека дивите води се многу опасни за мали и слаби пливачи.

И Косово се осеќа запоставено, првенствено поради затворениот ум на Курти. Тој никако да разбере дека мозокот е налик на падобран кој функционира само ако е отворен. Затворениот ум е ист како затворен падобран, но разликата е во тоа што фаталните последици кај умот не се индивидуални туку масовни! Опасно е кога нема да се наслоните кон силата што ја имате, туку кон она што ја посакувате! Понекогаш го постигнувате она што го сакате, но губите сè друго.

Mерсел Биљали

  

Најново

Фон дер Лајен и Кошта до Зеленски: Никогаш не сте сами

Sase Ivanovski

Зеленски: Го почитувам Трамп, но не му должам извинување

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно и релативно топло, до 15 степени

Sase Ivanovski

Бербок: Украина „не е сама“

Sase Ivanovski

Браќата Тејт пристигнаа во Флорида и се соочија со лавина од критики и осуди од видни републиканци

Sase Ivanovski

Зеленски ги откажа јавните настапи во Вашингтон

Sase Ivanovski

Грем: Зеленски треба да си поднесе оставка

Sase Ivanovski

Градоначалникот Костадинов најавува зголемен инспекциски надзор по пожар во коритото на Крива Река

Sase Ivanovski

Медведев: Зеленски доби „жесток ќотек“ од Трамп

Sase Ivanovski

Туск му порача на Трамп: ЕУ не е создадена за да измами некого, туку да обезбеди мир

Sase Ivanovski

Приведени три лица во тетовско за организирање борба со кучиња

Sase Ivanovski

Вработените во Филхармонија во понеделник на нов протест

Sase Ivanovski

Прегазен 91-годишен пешак во Куманово

Sase Ivanovski

Филипче: Кочовска го покажа вистинското лице на ДПМНЕ – тие се арогантни, нетолерантни и агресивни

Sase Ivanovski

Муцуснски на средба со амбасадорката на САД, Анѓела Агелер

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Премиерот Мицкоски потпиша декларација за основање на Совет за соработка помеѓу Македонија и Турција, една милијарда и 255 милиони евра инвестициски бум, 10 места повисок глобален Индекс за демократија

Sase Ivanovski

Трамп не открива дали тој му кажал на Зеленски да си оди од Белата куќа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илјадници студенти од цела Србија пристигнаа во Ниш, дочекани со аплаузи и огномет

Sase Ivanovski

Курдските милитанти во Ирак и Сирија мора да го остават оружјето, велат од партијата на Ердоган

Sase Ivanovski

Белата куќа: Трамп и Венс нема да дозволат да се искористува американскиот народ

Sase Ivanovski

Захарова: Не знам како Трамп и Венс се воздржаа да не го плеснат копилето

Sase Ivanovski

Поранешниот француски претседател Оланд: Доналд Трамп повеќе не е наш сојузник

Sase Ivanovski

Извор за „Си-ен-ен“: Пратеникот на Трамп за Украина бил против состанокот во Овалната соба, Украинците инсистирале

Sase Ivanovski

Денко Малески: Гласавме против себе во ОН

Sase Ivanovski

Бранко Прља: Машините мислат, но луѓето чувствуваат

Sase Ivanovski

Евролига: Партизан славеше против Басконија за важен чекор кон плеј-офот

Sase Ivanovski

„Би-би-си“: Русија е победникот од дебаклот меѓу Трамп и Зеленски во Вашингтон

Sase Ivanovski

Остар пад на биткоинот, сега вреди 78.520 евра

Sase Ivanovski

Никола Јокиќ повторно е прв кандидат за МВП титулата во НБА

Sase Ivanovski

Лазаров повика 20 ракометари за квалификациските мечеви против Словенија

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска го покажа вистинското лице на ДПМНЕ – арогантни, нетолерантни и агресивни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската амбасадорка во САД реагира на кавгата меѓу Зеленски и Трамп и Венс

Sase Ivanovski

Браќата Тејт пристигнаа во Флорида и се соочија со лавина од критики и осуди од видни републиканци

Sase Ivanovski

САД ја запре помошта за украинската енергетска мрежа преку УСАИД

Sase Ivanovski

Поддршка од Европа за Украина по дебаклот во Вашингтон: Не сте сами

Sase Ivanovski

Се гаси „Скајп“: Некогаш незаменливата апликација за повици наскоро ќе престане со работа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лила Филиповска сподели нови детали за тешката болест со која се бореше: „Не секоја бура доаѓа да направи хаос…“

Sase Ivanovski

Семејството на Џин Хeкман тврди: Тој беше здрав, вежбаше пилатес и јога

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јапонска обожавателка бакнала член на поп бендот „БТС“ и сега е под истрага за сексуално вознемирување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Принцот Вилијам и Кејт се блиски како никогаш до сега: Експертката за говор на телото Џуди Џејмс објасни што се случува

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ Вера Мештеровиќ: Не смееше никој да ме допре, се чувствував како супер-девојка

Sase Ivanovski

Мерц: Улогата на САД е клучна во одлуката за распоредување германски трупи во Украина

Sase Ivanovski

Руски државни медиуми: Зеленски беше непристоен и хистеричен во Овалната соба

Sase Ivanovski

Фијаско во Вашингтон: Зеленски ја напушти Белата куќа, договорот за минералите не е потпишан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Легендарниот музичар Били Џоел се струполи среде настап: Го фрли микрофонот, па падна на грб

Sase Ivanovski

Зеленски на „Икс“: Ти благодарам, Америка, Ви благодарам претседателе

Sase Ivanovski

„Ауди“ затвора фабрика за автомобили во Белгија

Sase Ivanovski

Штипјанец украл податоци од платежна картичка, потрошил 400 евра

Sase Ivanovski

Панел: Социјалните мрежи како главен извор на информации и на дезинформации

Sase Ivanovski

Во Гази Баба допрва ќе се реконструира само еден од предвидените четири културни центри

Sase Ivanovski

Шпанскиот амбасадор го видел Мицкоски на аеродром „во редот за туристичко пријавување“

Sase Ivanovski

Младите од Западен Балкан се соочуваат со проблеми, треба да бидат слушнати

Sase Ivanovski

Родовата платформа ги осуди нападите врз жените и алармира на порастот на мизогинијата во јавната сфера

Sase Ivanovski

Од први март поскапо парно

Sase Ivanovski

Директорката на ДИЦ тврди: Ако државна матура се полага во амфитеатри, оценките ќе бидат пореални

Sase Ivanovski

Ердоган и Мицкоски говореле за Украина и за Палестина – односите меѓу Турција и Македонија силни како Камениот мост

Sase Ivanovski

Претседателката разговараше со претставниците на Националната Алијанса за ретки болести на РМ

Sase Ivanovski

Уставен суд на Република Северна Македонија: Претседателот Костадиновски учествува на состанок во Тирана каде се одлучува за Агендата на Европската конференција на уставни судови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Судири меѓу полицијата и демонстрантите пред грчкиот парламент

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Компаниите сакаат да инвестираат – но дали Македонија знае како да ги привлече? Одговорите во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Шведска инфлуенсерка со мрачна тајна слета во сончевиот Ланзароте по години и години бегство!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски: Можам ли да одговорам? Трамп: Не, премногу зборуваше.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Порака на поглаварот на ИВЗ Фетаи по повод почетокот на Рамазанскиот пост

Sase Ivanovski

Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД

Sase Ivanovski

Северна Македонија и Турција ќе формираат совет за соработка на високо ниво, првата седница во Скопје

Sase Ivanovski

Во Италија по 40 години се враќаат во нуклеарните централи

Sase Ivanovski

Зеленски денеска пристигнува во Белата куќа, Трамп направи целосен пресврт

Sase Ivanovski

Објавени документите за Епстејн, обвинителката: Ги има илјадници, ФБИ не ги испрати

Sase Ivanovski

Петровска за Димитриеска-Кочоска: Ова однесување на министерката не е прво во Собрание, после тоа беше повлечена затоа што ѝ забраниле да настапува

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орбан: Либералниот Запад заврши, 2025 година ќе биде првата година на мирот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп го прекина Стармер додека одговараше на новинарско прашање:„Доста е“

Sase Ivanovski

Туск му порача на Трамп: ЕУ не е создадена за да измами некого, туку да обезбеди мир

Sase Ivanovski

ЕРДОГАН САКА ДА ЈА УДВОИ ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО МАКЕДОНИЈА Турскиот претседател спомна соработка силна како Камениот Мост

Sase Ivanovski

ТУРЦИЈА НИ Е ВАЖЕН ПАРТНЕР ЗА СПРАВУВАЊЕ СО АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО Меџити и колегата Мурат Курум зборуваа за турскиот модел за справување со предизвиците

Sase Ivanovski

МИНИСТРИТЕ ТРЕБА ДА ВНИМАВААТ КАКО СЕ ОДНЕСУВААТ КОН ПРАТЕНИЦИТЕ Можеме да ги искажуваме политичките ставови без да навредуваме, порачува Гаши

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛУДИЛО: ТРАМП И ЗЕЛЕНСКИ СЕ СКАРАА ПРЕД НОВИНАРИТЕ СРЕДЕ ОВАЛНАТА СОБА ВО БЕЛАТА КУЌА?!?!

Sase Ivanovski

ПРАВДАТА ЌЕ ГИ СТИГНЕ СИТЕ ОНИЕ КОИ ЗГРЕШИЛЕ Николоски истакна дека граѓаните од нив очекуваат да воведат ред

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА СКОКНА 10 МЕСТА НА ИНДЕКСОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА ВО 2024 ГОДИНА Каква е состојбата во другите земји на Балканот?

Sase Ivanovski

ЕВЕ КАКО СЕ СНИМАШЕ КУЛТНИОТ ФИЛМ МАТРИКС ВО 1999-ТА ГОДИНА

Sase Ivanovski

ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА „ШУТКА“ КУРТУЛИ ОД „ШУТКА“ Сокол останува дома и без пасош

Sase Ivanovski
Вчитувам....