Курдистанската работничка партија (ПКК) денеска објави прекин на огнот со Турција на повик на нејзиниот лидер Абдула Оџалан. Извршниот комитет на ПКК објави дека се согласува со повикот на Очалан и изјави дека ќе ја „почитува и спроведува“ одлуката.
Соопштението на ПКК на турски јазик го објави агенцијата AНФ, блиска до партијата. ПКК бара слобода за Оџалан, кој 26 години е во затвор во близина на Истанбул. Во четвртокот тој ја повика ПКК да го остави оружјето.