Она за што зборува објавата, гледајќи ги фотографиите од написите што ги споделува, нема никаква врска со тоа дека државата Косово организирала некаква прослава на својата независност кај нас во С. Македонија. Станува збор за туристи, скијачи на Попова Шапка кои го развиориле знамето за да ја честитаат независноста на Косово и тоа во никој случај не претставува никаков ризик по безбедноста на државата, како што тоа сака да го прикаже оваа објава, пренесуваме текст во целост од Вистиномер. Анализираме објава на Фејсбук која вели: СЕРИОЗЕН БЕЗБЕДНОСЕН ИНЦИДЕНТ Жмицко ќути, а на Попова шапка, Косово си слави независност? КОЈА ДРУГА ДРЖАВА СЛАВИ ДРЖАВНОСТ ВО ДРУГА ДРЖАВА??? Дали се спрема свадба голема, пред да си ги завршат задачите овие од вСмро- грб, уставни промени, химна…? Дали и овие ќе бегаат како муртинското копито со ќарот в џеб, а нас ќе не остават со прстот во уста и наметнат хаос? И нато не брани а???Објавата дезинформира дека Косово славело независност кај нас, односно неточно тврди дека „друга држава слави дражавност во друга држава“. Такво нешто немало.
Она за што зборува објавата, гледајќи ги фотографиите од написите што ги споделува, нема никаква врска со тоа дека државата Косово организирала некаква прослава на својата независност кај нас во С. Македонија. Имено, како што објавија дел од медиумите, група скијачи, сакајќи да ја честитаат независноста на Косово, развиле знаме на оваа држава на Попова Шапка и преку видео порачале: Добро утро Косово, среќна независност и просперитет секогаш. Значи, немало никаков безбедносен инцидент, ниту пак, некаква официјална државна церемонија организирана од Косово. Немало никаква државна прослава од Косово во Македонија. Станува збор за туристи, скијачи на Попова Шапка кои го развиориле знамето за да ја честитаат независноста на друга држава и тоа во никој случај не претставува никаков ризик по безбедноста на државата, како што тоа сака да го прикаже објавата која ја анализираме. Поради сето погоре, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како невистинита. Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар Извор: Новинска агенција МЕТА