11.8 C
Скопје
01/03/2025 19:06
МАКТЕЛ

    

Како руската пропаганда гледа „диктатор“ во Зеленски и ја префрла одговорноста за војната врз Украина

      

Еден од темелите на про-Кремљ манипулацијата со информации и дезинформации е токму негирањето на украинската државност, да се дискредитира украинската влада, да се сее раздор во самата Украина и да се прекинат врските на Украина со нејзините поддржувачи. За овие цели, Кремљ фрла огромни ресурси во кампањи за дезинформации. Фокусирајќи се на наративот за претпоставената „нелегитимност“ на Зеленски, Кремљ всушност се обидува да ја замагли вистината дека според Уставот на Украина, правно е невозможно да се одржат избори или референдуми во Украина во воени услови. Русија, исто така, заборава дека во Украина е невозоможно да се одржат избори имајќи ја предвид уништената инфраструктура, неможноста да се спроведе гласање во окупираните територии, неможноста да гласаат војниците на фронтот, како и фактот дека голем број Украинци ја напуштија Украина, пренесуваме текст во целост од Вистиномер. Пишува: Ана Анастасовска „Претседателот на Украина Володимир Зеленски е диктатор“.  Ова се зборовите кои во последните неколку недели особено силно одекнуваат од изјавите на руски политичари и поддржувачи на Русија, но и од американскиот претседател Доналд Трамп. Ваквиот наратив особено се засили откако САД и Русија седнаа на заедничка маса да преговараат за ставање крај на војната во Украина. Еден од темелите на про-Кремљ манипулацијата со информации и дезинформации е токму негирањето на украинската државност, да се дискредитира украинската влада, да се сее раздор во самата Украина и да се прекинат врските на Украина со нејзините поддржувачи. За овие цели, Кремљ фрла огромни ресурси во кампањи за дезинформации, пишува Euvsdisinfo.

Токму во тој контекст е и наративот на Кремљ за наводната нелегитимност на Зеленски. За само една недела, како што анализира Euvsdisinfo, помеѓу 26 јануари и 2 февруари 2025 година, најмалку дваесет и пет написи со ознаката „нелегитимен“ се појавиле само на руската државна веб-страница на РИА Новости. Сето ова се сведува на тврдењето: претседателот Зеленски „се прогласи себеси за диктатор“. Според овие медиуми кои го поддржуваат Кремљ, Зеленски „ја узурпирал власта во Украина“ и „плукнал“ по демократските норми. Трамп го нарече Зеленски диктатор Освен Кремљ, и американскиот претседател Доналд Трамп излезе со скандалозна изјава дека украинскиот претседател е диктатор и повика во Украина да се одржат избори на кои би се избрал легитимен претставник кој ќе може да преговара за ставањето крај на војната. Критикувајќи го Зеленски, во објава на својата социјална мрежа Трут сошал, Трамп, меѓу другото пишува: Зеленски признава дека половина од парите што му ги испративме ги нема. Тој одбива избори, тој е многу ниско на украинските анкети, а единственото нешто во што е добар е да го свири Бајден како виолина. Како диктатор без избори, Зеленски подобро да побрза или ќе остане без земја.

   

Зеленски, пак, му одговори дека живее во простор на дезинформации. И поддржувачите на Кремљ во Македонија, пресудија дека Зеленски е диктатор Лажниот про-Кремљ наратив дека Зеленски е нелегитимен претседател на Украина и дека се прогласил себеси за диктатор, не изостанаа и во објавите на социјалните мрежи во Македонија. Со завршен мандат во мај 2024 и без поддршка од украинското собрание, легитимитетот на марионетата Зеленски е НУЛА, стои во една објава.

Друга објава вели: Брисел го поддржува Зеленски и покрај истекот на мандатот – Каја Калас вели дека изборите не се неопходни. Брисел уште еднаш ја потврди својата целосна поддршка за одлуката на Владимир Зеленски да не се одржуваат претседателски избори, иако неговиот мандат истекува во мај 2024 година. Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, рече дека „нема потреба од избори“ додека војната е во тек, додека Доналд Трамп неодамна го нарече Зеленски „диктатор без избори“ и го обвини дека ја користи американската помош за „непобедлива војна“.

Трета објава , нагласувајќи дека мандатот на Зеленски е истечен, потсетува на зборовите на рускиот претседател Владимир Путин дека „Зеленски не може да потпише ништо поради неговата нелегитимност“. Претседателскиот мандат на Зеленски е истечен во мај 2024 година и тој не може да преговара во име на Украина. А и кога можеше наместо да се придржува на договореното во Истанбул тој ја послуша наредбата на Западот да продолжи со војната иако Русија се придржуваше на договореното и на чудење на сите ги повлече трупите од Киев. Путин во интервју за Павел Зарубин: Зеленски е нелегитимен и не може да ја укине сопствената забрана за преговори. Претседателот на Русија истакна дека Зеленски не може да потпише ништо поради неговата нелегитимност. „Можете да преговарате со кој било, но поради неговата нелегитимност, тој нема право да потпише ништо. Но, ако сака да учествува во преговорите, ќе назначам луѓе кои ќе ги водат овие преговори со него, ве молам. Прашањето е конечното потпишување на документите. Ова е многу сериозно прашање што мора да ја гарантира безбедноста и на Украина, патем, и на Русија за сериозна, долгорочна историска перспектива“. Суверенитетот на Украина е речиси нула, нагласи рускиот лидер. Украинскиот конфликт ќе заврши за еден и пол до два месеца доколку на Киев му снема пари за спонзорство и муниција, Путин. Кремљ ја замаглува вистината

Фокусирајќи се на наративот за претпоставената „нелегитимност“ на Зеленски, Кремљ всушност се обидува да ја замагли вистината дека, според Уставот на Украина, правно е невозможно да се одржат избори или референдуми во Украина во воени услови. Русија, исто така, заборава дека во Украина е невозоможно да се одржат избори имајќи ја предвид уништената инфраструктура, неможноста да се спроведе гласање во окупираните територии, неможноста да гласаат војниците на фронтот, како и фактот дека голем број Украинци ја напуштија Украина. Како што пишува Euvsdisinfo, руските медиуми брзаат да извлечат уште еден лажен заклучок, врз основа на нивните сопствени наративи за „нелегитимноста“ на украинскиот претседател и неговите „меркантилни интереси“, а тоа е бизарното тврдење дека Украина не се согласува на мировни преговори со Русија „заради зачувување на моќта на Зеленски“. Ова е начинот на кој Кремљ се обидува да ја префрли одговорноста за руската војна против Украина врз самата Украина. Мандатот на Зеленски е продолжен – војната не дозволува одржување избори Како што Вистиномер веќе пишуваше, во мај 2024 година се навршија 5 години откако претседателот на Украина Володимир Зеленски стана претседател на Украина. Инаугурацијата беше одржана на 20 мај 2019 година. Доколку во Украина состојбата беше мирна, односно доколку немаше неиспровоцирана воена инвазија врз Украина од страна на Русија, тогаш изборите ќе се одржеа во Украина на крајот на март 2024 година. Но, во состојба на војна какви било  избори во Украина се стопирани, така што претседателот и Врховната Рада продолжуваат со работа, а со тоа и нивниот легитимитет не е истечен, ниту мандатот на Зеленски. Претседателот на Украина и парламентот продолжија да имаат целосни овластувања и така ќе остане до следните избори. Нормата е пропишана во Законот за вонредна состојба кој експлицитно забранува завршување на мандат на државни авторитети, меѓу кои претседателот, Врховната Рада, Кабинетот на министрите, Националната банка на Украина, Омбудсманот, Јавните обвинителства и истражувачките тела на Украина. Уставот на Украина пропишува дека претседателот на Украина продолжува да има мандат и овластувања додека не биде избран следниот претседател. Точно е дека Зеленски е поддржуван од ЕУ, но не за да си ја „уништува земјата“. Украина е жртва на неиспровоцирана воена агресија која ја почна Русија, а која донесе незамисливи последици по Украина. Украина на чело со Зеленски го брани својот територијален интегритет и границите, под напад на надворешен фактор – Русија. Кога Украина не би се бранела од нападот на Русија, тогаш би била целосно заземена и окупирана земја. Русија ќе ја нарече секоја украинска влада „нелегитимна“ доколку тоа не му одговара на Кремљ. На крајот на краиштата, Кремљ секогаш може да изјави дека секој претседател избран во Украина по 2014 година дошол на власт преку „шарена револуција“ и „државен удар“, заклучува Euvsdisinfo во својата анализа. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Апликацијата СкопјеБус: Во градските линии корисна, во приградските само „на туркање“

Sase Ivanovski

Курдската работничка партија (ПКК) прогласии прекин на огнот по 40-годишниот бунт во Турција

Sase Ivanovski

Косово не организирало прослава на својата независност во Македонија

Sase Ivanovski

„Студентски Едикт“ новиот масовен протест организиран од студентите и граѓаните на Ниш кој наскоро ќе биде и во Белград

Sase Ivanovski

Опозициската коалиција ја јакне соработката со нов договор

Sase Ivanovski

Град Скопје: Заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на улица 3 во Злокуќани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени дилери

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политичка дебата СДС упорно применува ист манипулативен шаблон, ВМРО-ДПМНЕ со мерки и проекти се фокусира на јакнење на позицијата на жените

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Богданка Кузеска: Работниците заслужуваат минимална плата од 500 евра

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија која ги штити криминалците и соработувала со нив, СДС не се огради ниту од Заев, ниту од Ковачевски, од Груби и Андов

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски од Тетово: Тетово како првичен дел од „Безбеден град“ ќе добие безбеден сообраќај, во меѓувреме засилени акциски контроли за решавање на сообраќајниот хаос

Sase Ivanovski

СДСМ: ДПМНЕ е партија на осудени криминалци и политичка структура заробена во минатото

Sase Ivanovski

(ФОТО) МУЗИЧКАТА АКАДЕМИЈА ДОБИ КОНЦЕРТЕН КЛАВИР ОД БИЗНИСМЕНОТ КОЧО АНЃУШЕВ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски да ја разреши Кочовска за навредите и да престане да ја штити

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Претрес во Виница, приведен дилер

Sase Ivanovski

Министерство за правда: Објавени записниците од Комисијата за надзор над АКМИС-от во судовите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лефков: Судот под плаштот на СДС, Филип Андов Сокол наместо да определи притвор само му одзема пасош, му отвора ли пат да избега?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не го штити туку да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол, борбата против криминалот и корупцијата продолжува

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Марков: Надзорната расправа за аерозагадувањето ќе придонесе да се изнајдат соодветни решенија во интерес на здравјето на граѓаните

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

СДСМ, Филипче: „Први сме во регионот“ само во поскапувања и пад на стандардот, економијата тоне

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски на Фокс Њуз: Сакам Трамп повеќе да биде на наша страна

Sase Ivanovski

Независни медиуми од Источна Европа: Кратењето на помошта од УСАИД ќе доведе до „темнина во која ќе умре демократијата“

Sase Ivanovski

По апелот на Оџалан, ПКК прогласи прекин на судирите со Турција

Sase Ivanovski

Нов спортски рекорд: Дуплантис прескокна 6.27 метри

Sase Ivanovski

Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал

Sase Ivanovski

Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп – Зеленски

Sase Ivanovski

Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш

Sase Ivanovski

Дел од Општина Илинден без струја

Sase Ivanovski

Хамас ја отфрли израелската „формулација“ за продолжување на првата фаза од примирјето во Газа

Sase Ivanovski

Опожарени викендичка и овоштарник во Идризово

Sase Ivanovski

Младите од Западен Балкан усвоија Декларација – бараат активна вклученост во процесеите на носење одлуки

Sase Ivanovski

КРИПТО ПАЗАРОТ ПОД ГОЛЕМ ПРИТИСОК: Ветувањата на Трамп бледнеат, а цените тонат

Sase Ivanovski

ПКК прогласи прекин на огнот со Турција

Sase Ivanovski

ОВАА КУЌА Е ВИСТИНСКИ БИЗНИС ПОКРАЈ МОРЕ И СЕ ПРОДАВА: Има 6 станови со врвен квалитет, гарантираната добивка е над 35.000 евра

Sase Ivanovski

КРАЈ НА ЕДНО УБАВО ВРЕМЕ: Мајкрософт ќе го затвори Skype во мај

Sase Ivanovski

ФБИ му ги врати на Трамп документите од истрагата за Мар-а-Лаго

Sase Ivanovski

ПРИСТИГНУВААТ НОВИ КАМЕРИ: Ќе се откриваат уште повеќе сообраќајни прекршоци во Србија

Sase Ivanovski

Илон Маск по 14-ти пат стана татко

Sase Ivanovski

12 години на чело на РФМ: Живко Мукаетов на ракометот му даде иднина и го направи спорт број еден во Македонија

Sase Ivanovski

Почнува Рамазанскиот пост

Sase Ivanovski

Времето денес променливо облачно, до 15 степени

Sase Ivanovski

САД испраќаат уште 1.140 војници на границата со Мексико

Sase Ivanovski

Изведба на операта „Кармен“ во Националната опера и балет

Sase Ivanovski

„Големиот едикт“: 18-часовен протест на српските студенти во Ниш

Sase Ivanovski

Томас Вајц: Мотивиран сум да најдам начини да го одврзам јазолот, гледам разумни гласови во Бугарија

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен и Кошта до Зеленски: Никогаш не сте сами

Sase Ivanovski

Зеленски: Го почитувам Трамп, но не му должам извинување

Sase Ivanovski

Путин како Мајка Тереза!?

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно и релативно топло, до 15 степени

Sase Ivanovski

Бербок: Украина „не е сама“

Sase Ivanovski

Браќата Тејт пристигнаа во Флорида и се соочија со лавина од критики и осуди од видни републиканци

Sase Ivanovski

Зеленски ги откажа јавните настапи во Вашингтон

Sase Ivanovski

Грем: Зеленски треба да си поднесе оставка

Sase Ivanovski

Градоначалникот Костадинов најавува зголемен инспекциски надзор по пожар во коритото на Крива Река

Sase Ivanovski

Медведев: Зеленски доби „жесток ќотек“ од Трамп

Sase Ivanovski

Туск му порача на Трамп: ЕУ не е создадена за да измами некого, туку да обезбеди мир

Sase Ivanovski

Приведени три лица во тетовско за организирање борба со кучиња

Sase Ivanovski

Вработените во Филхармонија во понеделник на нов протест

Sase Ivanovski

Прегазен 91-годишен пешак во Куманово

Sase Ivanovski

Филипче: Кочовска го покажа вистинското лице на ДПМНЕ – тие се арогантни, нетолерантни и агресивни

Sase Ivanovski

Муцуснски на средба со амбасадорката на САД, Анѓела Агелер

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Премиерот Мицкоски потпиша декларација за основање на Совет за соработка помеѓу Македонија и Турција, една милијарда и 255 милиони евра инвестициски бум, 10 места повисок глобален Индекс за демократија

Sase Ivanovski

Трамп не открива дали тој му кажал на Зеленски да си оди од Белата куќа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илјадници студенти од цела Србија пристигнаа во Ниш, дочекани со аплаузи и огномет

Sase Ivanovski

Курдските милитанти во Ирак и Сирија мора да го остават оружјето, велат од партијата на Ердоган

Sase Ivanovski

Белата куќа: Трамп и Венс нема да дозволат да се искористува американскиот народ

Sase Ivanovski

Захарова: Не знам како Трамп и Венс се воздржаа да не го плеснат копилето

Sase Ivanovski

Поранешниот француски претседател Оланд: Доналд Трамп повеќе не е наш сојузник

Sase Ivanovski

Извор за „Си-ен-ен“: Пратеникот на Трамп за Украина бил против состанокот во Овалната соба, Украинците инсистирале

Sase Ivanovski

Денко Малески: Гласавме против себе во ОН

Sase Ivanovski

Бранко Прља: Машините мислат, но луѓето чувствуваат

Sase Ivanovski

Евролига: Партизан славеше против Басконија за важен чекор кон плеј-офот

Sase Ivanovski

„Би-би-си“: Русија е победникот од дебаклот меѓу Трамп и Зеленски во Вашингтон

Sase Ivanovski

Остар пад на биткоинот, сега вреди 78.520 евра

Sase Ivanovski

Никола Јокиќ повторно е прв кандидат за МВП титулата во НБА

Sase Ivanovski

Лазаров повика 20 ракометари за квалификациските мечеви против Словенија

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска го покажа вистинското лице на ДПМНЕ – арогантни, нетолерантни и агресивни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската амбасадорка во САД реагира на кавгата меѓу Зеленски и Трамп и Венс

Sase Ivanovski

Браќата Тејт пристигнаа во Флорида и се соочија со лавина од критики и осуди од видни републиканци

Sase Ivanovski
Вчитувам....