7.8 C
Скопје
02/03/2025 09:05
МАКТЕЛ

    

Ни со Трамп ни со Путин

      

Ветувањето на Мерц за „независна“ Европа може да означи некаква ембрионална форма на забрзување кон „една европска нација“ и заедничка војска, што на крај на денот ќе му ги помати сметките на Трамп, а особено на Путин.

Изборот на Доналд Трамп да се оддалечи од Украина и да се доближи до Русија со цел набрзина да стави крај на конфликтот, е плод на американската волја да ја откачи Русија од прегратките на Кина, нешто што создаде глобален геополитички земјотрес, пишува Ивор Мицковски за Дојче веле. Како последица на тој земјотрес, кој наликува и на сеопфатен напад на САД врз ЕУ, Унијата е приморана да се претвори „во една единствена нација“, како што и подолго време предлага поранешниот прв банкар на ЕУ и италијански премир, Марио Драги.

Соочен со предизвикот на Москва и Пекинг да го редизајнираат светскиот безбедносен поредок после Студената војна, Трамп наместо да го одбрани постоечкиот американски светски поредок, се определи за анахроничниот свет поделен во сфери на интерес помеѓу САД, Кина и Русија, каде бракот со Путин се базира на економски договори од нова генерација – како оние за ретките минерали – додека за Ши Џинпинг е резервирана улогата на големиот ривал под опсада. Непријателот за 21-от век, како замена за СССР од 20-от. Станува збор за револуционерен стратешки дизајн наметнат преку брутални одлуки, кој со себе носи драматична промена во односите на САД со ЕУ и Велика Британија кои повеќе не се во улогата на сојузници кои уживаа тотална заштита од Вашингтон, туку се претвораат во партнери кои мора да покажат волја да преземат многу поголеми одговорности и трошоци од кога било порано, барем од 1945-та до денес.

   

Тоа значи дека Европа мора да одлучи каква улога ќе има во светот поделен помеѓу САД, Русија и Кина. Светот од претходно нема да се врати, оттука останува само предизвикот да се употреби паметно силата на Европа за соочување со новите протагонисти и променетите сценарија. Силата на Европа лежи во нејзините принципи на правна држава на што е базирана Унијата и на фактот дека е најнапредниот економски пазат на светот. Овие два столба, како производи на европската креативност и идентитет, за жал имаат и една очигледна слабост: недостаток од воена независност и одбрана.

Од тие причини, најитно е создавањето на заедничка безбедност, почнувајќи од закажаната средба на втори март во Лондон, со цел Европа да биде почитувана од партнерите како САД и од соговорниците како Русија и Кина. Сите исходи осцилираат околу одбраната на Украина, затоа што околу суверенитетот на Киев се градат новите светски рамнотежи. Опциите пред ЕУ и Велика Британија се две: испраќање на војници во Украина и значително зголемување на воената потрошувачка. Такво расположение веќе постои кај британскиот премиер Стармер и кај Макрон, додека Варшава е најгласна во заложбата воената потрошувачка да се подигне барем до 3,5% од БДП, ако не и повеќе.

Германија ќе има клучна улога

Клучна и одлучувачка улога на овие два фронта ќе има Германија и идниот канцелар Фридрих Мерц. Германија како најголемата земја на ЕУ може да биде главниот протагонист, заедно со Париз и Лондон, и на третиот фронт, односно во зголемување на производството на „hard power”, како муниција и оружје кои би ги чувале европските граници и демократии. Идниот канцелар Мерц се наоѓа пред историска задача и можноста да донесе стратешки одлуки кои би обезбедиле подобра иднина за Европа. Така би влегол во историјата како четврти германски канцелар, после Кондрад Аденауер, Вили Брант и Хелмут Кол, кој успеал во кризни моменти да ги унапреди Германија и Европa.

Големата разлика од критичните години за Германија и Европа како 1949, 1969 и 1989, е што секој пат напредокот се постигнувал во согласност и заедништво со Америка. Овојпат Германија мора да гради една послободна, посилна, демократска и солидарна со Украина, Европа, без поддршка или поточно против актуелната политика на САД. Можеби најзабележливиот и најтрагичен момент од победничкиот прес на Мерц беше кога изјави, и тоа како докажан атлантист, дека Европа мора стане навистина независна од САД. Забележлив затоа што е храбар и нужен, трагичен зашто санкционира крај на 80 години заедничка западна цивилизација и култура.

Тој крај, како и оној на Западот како единствен геополитички актер, настапи поради Трамп и неговиот срамен спектакл, во кој учествуваше и Македонија, на денот на тригодишнината од руската агресија САД да гласаат заедно со Русија, против британско-европската резолуција во поддршка на Украина. Америка на тој начин се приклучи на средните и големи ревизионистички и трансакциски ориентирани сили, каде самата го руши сопствениот светски поредок, кој ѝ донесе толкав напредок, моќ и богатства. Затоа и либерална Европа која се гради од 1949-та е под напад, однадвор и одвнатре, од МАГА и од МЕГА, од американските, но и од европските популисти, националисти и автократи, кои некое утре ќе треба и културно и изборно да се поразат.

Во таа насока ветувањето на Мерц за „независна” Европа може да означи некаква ембрионална форма на забрзување кон „една европска нација“ и заедничка војска, нешто што на крај на денот ќе му ги помати сметките на Трамп, а особено на Путин. За таа цел Мерц мора да го придобие Стармер и да ја вмеша Велика Британија, која сепак излезе од ЕУ, но и да го победи отпорот на про-Путин ЕУ-членките како Унгарија, Словачка или Австрија. Мора да се надева дека внатрешната политичка криза која ја распарчува Франција набрзо ќе заврши и дека коалицијата со Полска и Шпанија и останатите силни членки ќе издржи пред Трамповата фрагментација.

Волци во кокошарникот

Планот на Мерц за „независна” Европа и променето НАТО, би можело да ги подзамисли и вжештените глави во Вашингтон. Европа може, ако сака, да ја подигне цената на Трамповите директни разговори со Путин без место на масата за ЕУ. На внатрешен план, доколку Мерц ја искристализира и европеизира позицијата „Ни со Трамп ни со Путин”, ќе ги стави и АфД и останатите поулавени путинисти во тесен агол. Тогаш германските и останатите националисти ќе треба да подразмислат дали ќе го поддржат Берлин или странски милијардер кој има намера да ги осиромаши. Ако се одлучат за странецот и богаташот, може тоа да не им се допадне на нивниот електорат и нивните „историски победи” да се претворат во пролетни дождови. Останува прашањето како Германија тоа да го оствари и кој да плати? ЕУ мора да го поврати економскиот динамизам, да преземе поголеми инвестиции и нов економски модел. Можеби време е и да почне да кокетира со Кина?!

Мерц секако ќе мора да ја олабави должничката кочница на Германија, но вистинската кочница која треба да се олабави е онаа на политичката волја, на храброста и на тесните и празни национални логики. Ниедна земја засебно нема иднина во свет на агресивни САД, Русија и Кина, и само кратко ќе трае заблудата за напредок како заслужен слуга или корисен идиот. Волците веќе се околу Европа, како Трамп и Путин, а некои и веќе се во кокошарникот како АфД, Орбан, Фицо или Салвини. За одвраќање на волците потребно е само едно нешто – храброст. Затоа што токму тие не се храбри, туку само силеџии и кукавици од позиција на моќ.

Конечно, постои и една надеж. Со своето форсирање на Европа повеќе да троши, Трамп можеби отиде и предалеку во својот притисок и желби. Кога Германија ќе создаде сопствена моќна армија или ќе предводи европска сила, затоа што знае дека Америка нема намера да ја штити, тогаш приказната може да биде многу поинаква. Тогаш може и Америка да се запраша каква Европа посакува: континент кој потсетува на империите од 19 век или една поинаква ЕУ? Да не излезе на крајот бркајќи еден непријател како Кина, и барајќи Русија да се оддалечи од неа, Трамп да заврши со поблиски сино-европски односи, како последица на евроатлантската фрактура.

  

Најново

Мизогинија на министерка не може да биде затворена тема

Sase Ivanovski

ЕУ е создадена да ги за.бе Америка и Македонија

Sase Ivanovski

Мексико му предало на САД 29 наркобарони, во пресрет на најавените царини

Sase Ivanovski

Макрон: ЕУ планира реципрочни царини на челикот и алуминиумот

Sase Ivanovski

Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна

Sase Ivanovski

Зеленски му најави на Трамп во Белата куќа дека не сака да направи „компромис“ Путин

Sase Ivanovski

Петровска: Вработени во Министерство за одбрана биле повикани на разговор бидејќи ги поддржувале протестите за Фросина

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Водиме внимателна политика и ги контролираме трошоците, намален јавнииот долг

Sase Ivanovski

Канадскиот премиер Трудо утре пристигнува во Лондон на самитот во Украина

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Водиме внимателна политика и ги контролираме трошоците, намален јавниот долг

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Иско му донесе триумф на Бетис против Реал Мадрид

Sase Ivanovski

Велика Британија договори заем од 2 милијарди фунти на Украина

Sase Ivanovski

Макрон: Подготвен сум за разговори за нуклеарна заштита на Европа

Sase Ivanovski

Мелони повика итно да се одржи самит на кој ќе учествуваат САД, Европа и сојузниците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илјадници на протестот во Ниш – Објавен „Студентскиот едикт“

Sase Ivanovski

Зеленски пристигна во Лондон: Топло добредојде по хаосот во Вашингтон

Sase Ivanovski

Гостиварец измамен за 200.000 евра

Sase Ivanovski

Во голема несреќа на два автобуси во Боливија загинаа 37, повредени се 30 лица

Sase Ivanovski

Гутереш: Враќањето на војната во Газа би било катастрофа

Sase Ivanovski

Норвешки нафтен гигант: Нема повеќе гориво за САД

Sase Ivanovski

Општинска склероза: Општина Центар во 2015 година воведе зона за смирен сообраќај во Дебар Маало, но заборавила како спровела и дали воопшто е надлежна да воведува зони на смирен сообраќај на улиците под нејзина надлежност

Sase Ivanovski

ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ НЕМА ПРАВДА ЗА СМРТНО-ПРЕГАЗЕНАТА ТЕОДОРА ОД ТЕТОВО: СУДСКИОТ ПРОЦЕС Е ЗАПЛЕТКАН, СЕМЕЈСТВОТО СЕ СОМНЕВА ВО ДАДЕН ПОТКУП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Го има во сите телефони, но ЕУ го набавува во Руанда

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Патот Белград-Ниш… граѓани одат на студентски протест

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Четири мексиканки на крстосување преку Атлантикот, за да подржат две фондации и да ги инспирираат жените во Мексико за екстремни предизвици

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов: Прекрасната медитеранска клима која ја има Дојран „го фатила окото“ на Израелските инвеститори кои сакале да изградат туристичко-здравствен туризам

Sase Ivanovski

Расправија во Овалната соба – Трамп му рече на Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна

Sase Ivanovski

Зеленски ја напушти Белата куќа, преговорите за војната во Украина пред колапс

Sase Ivanovski

Папата Франциск на апарат за дишење откако доживеа ненадеен респираторен напад

Sase Ivanovski

Европските лидери со поддршка за Украина и Зеленски: Стоиме со вас!

Sase Ivanovski

Апликацијата СкопјеБус: Во градските линии корисна, во приградските само „на туркање“

Sase Ivanovski

Како руската пропаганда гледа „диктатор“ во Зеленски и ја префрла одговорноста за војната врз Украина

Sase Ivanovski

Курдската работничка партија (ПКК) прогласии прекин на огнот по 40-годишниот бунт во Турција

Sase Ivanovski

Косово не организирало прослава на својата независност во Македонија

Sase Ivanovski

„Студентски Едикт“ новиот масовен протест организиран од студентите и граѓаните на Ниш кој наскоро ќе биде и во Белград

Sase Ivanovski

Опозициската коалиција ја јакне соработката со нов договор

Sase Ivanovski

Град Скопје: Заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на улица 3 во Злокуќани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени дилери

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политичка дебата СДС упорно применува ист манипулативен шаблон, ВМРО-ДПМНЕ со мерки и проекти се фокусира на јакнење на позицијата на жените

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Богданка Кузеска: Работниците заслужуваат минимална плата од 500 евра

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија која ги штити криминалците и соработувала со нив, СДС не се огради ниту од Заев, ниту од Ковачевски, од Груби и Андов

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски од Тетово: Тетово како првичен дел од „Безбеден град“ ќе добие безбеден сообраќај, во меѓувреме засилени акциски контроли за решавање на сообраќајниот хаос

Sase Ivanovski

СДСМ: ДПМНЕ е партија на осудени криминалци и политичка структура заробена во минатото

Sase Ivanovski

(ФОТО) МУЗИЧКАТА АКАДЕМИЈА ДОБИ КОНЦЕРТЕН КЛАВИР ОД БИЗНИСМЕНОТ КОЧО АНЃУШЕВ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски да ја разреши Кочовска за навредите и да престане да ја штити

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Претрес во Виница, приведен дилер

Sase Ivanovski

Министерство за правда: Објавени записниците од Комисијата за надзор над АКМИС-от во судовите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лефков: Судот под плаштот на СДС, Филип Андов Сокол наместо да определи притвор само му одзема пасош, му отвора ли пат да избега?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не го штити туку да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол, борбата против криминалот и корупцијата продолжува

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Марков: Надзорната расправа за аерозагадувањето ќе придонесе да се изнајдат соодветни решенија во интерес на здравјето на граѓаните

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

СДСМ, Филипче: „Први сме во регионот“ само во поскапувања и пад на стандардот, економијата тоне

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски на Фокс Њуз: Сакам Трамп повеќе да биде на наша страна

Sase Ivanovski

Независни медиуми од Источна Европа: Кратењето на помошта од УСАИД ќе доведе до „темнина во која ќе умре демократијата“

Sase Ivanovski

По апелот на Оџалан, ПКК прогласи прекин на судирите со Турција

Sase Ivanovski

Нов спортски рекорд: Дуплантис прескокна 6.27 метри

Sase Ivanovski

Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал

Sase Ivanovski

Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп – Зеленски

Sase Ivanovski

Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш

Sase Ivanovski

Дел од Општина Илинден без струја

Sase Ivanovski

Хамас ја отфрли израелската „формулација“ за продолжување на првата фаза од примирјето во Газа

Sase Ivanovski

Опожарени викендичка и овоштарник во Идризово

Sase Ivanovski

Младите од Западен Балкан усвоија Декларација – бараат активна вклученост во процесеите на носење одлуки

Sase Ivanovski

КРИПТО ПАЗАРОТ ПОД ГОЛЕМ ПРИТИСОК: Ветувањата на Трамп бледнеат, а цените тонат

Sase Ivanovski

ПКК прогласи прекин на огнот со Турција

Sase Ivanovski

ОВАА КУЌА Е ВИСТИНСКИ БИЗНИС ПОКРАЈ МОРЕ И СЕ ПРОДАВА: Има 6 станови со врвен квалитет, гарантираната добивка е над 35.000 евра

Sase Ivanovski

КРАЈ НА ЕДНО УБАВО ВРЕМЕ: Мајкрософт ќе го затвори Skype во мај

Sase Ivanovski

ФБИ му ги врати на Трамп документите од истрагата за Мар-а-Лаго

Sase Ivanovski

ПРИСТИГНУВААТ НОВИ КАМЕРИ: Ќе се откриваат уште повеќе сообраќајни прекршоци во Србија

Sase Ivanovski

Илон Маск по 14-ти пат стана татко

Sase Ivanovski

12 години на чело на РФМ: Живко Мукаетов на ракометот му даде иднина и го направи спорт број еден во Македонија

Sase Ivanovski

Почнува Рамазанскиот пост

Sase Ivanovski

Времето денес променливо облачно, до 15 степени

Sase Ivanovski

САД испраќаат уште 1.140 војници на границата со Мексико

Sase Ivanovski

Изведба на операта „Кармен“ во Националната опера и балет

Sase Ivanovski

„Големиот едикт“: 18-часовен протест на српските студенти во Ниш

Sase Ivanovski

Томас Вајц: Мотивиран сум да најдам начини да го одврзам јазолот, гледам разумни гласови во Бугарија

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен и Кошта до Зеленски: Никогаш не сте сами

Sase Ivanovski

Зеленски: Го почитувам Трамп, но не му должам извинување

Sase Ivanovski
Вчитувам....