7.8 C
Скопје
02/03/2025 09:09
МАКТЕЛ

    

Мизогинија на министерка не може да биде затворена тема

      

Јавноста се крена на нозе, откако на вчерашната седница за пратенички прашања министерката ја навреди пратеничката Славјанка Петровска дека нема право да прашува за потрошувачката кошничка зашто „нема деца, па не знае колку литри млеко месечно се потребни“. СДСМ ќе почека на оставката од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за навреда на пратеничката Славјанка Петровска, зашто министерката е фокусирана на својата работа и за неа таа тема е затворена, бидејќи, според неа, не ја навредила пратеничката од опозицијата. И додека СДСМ најави дека ќе бара итна седница на Комисијата за дискриминација и дека ќе протестира додека министерката не се повлече од функцијата, Димитриеска-Кочоска не ѝ се извини на Петровска, не размислува да даде оставка, но повика секој да си ги бара правата за да се види кој бил, а кој не бил во право и кој се трудел да дефокусира. Претседателот на Собранието Африм Гаши ѝ порача на Владата да внимава како се однесува со пратениците и рече дека политичките ставови може да се искажат и без меѓу себе да се навредуваат. Јавноста се крена на нозе, откако на завчерашната седница за пратенички прашања министерката ја навреди пратеничката дека таа нема право да прашува за потрошувачката кошничка зашто нема деца, па не знае колку литри млеко месечно се потребни и дали е поевтино да се јаде замрзнат или грашок од конзерва.

СДСМ Фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

СДСМ на прес-конференција пред Министерството за финансии побара оставка од министерката.

– Кога министерка во оваа држава ќе се осмели да каже дека една жена не може да зборува за семејството само затоа што нема деца, тогаш тоа не е само навреда. Тоа е удар врз достоинството на сите нас, тоа е ароганција, тоа е дискриминација, тоа е нечовечност. Наместо извинување и признание на грешката, Кочоска и ДПМНЕ продолжија со нападите врз Славјанка Петровска. Наместо да покажат барем трошка почит и човечки да се извинат, тие одлучија да ја нападнат Славјанка, уште повеќе, ја обвинија дека глуми жртва – рече пратеничката Јована Тренчевска.

   

Според социјалдемократите, ВМРО-ДПМНЕ и министерката не ги разбираат вредностите на современото општество и болката од ваквиот однос, не признаваат грешка, бегаат од одговорност и вината ја бараат кај жртвата наместо кај сторителот.

– Гордана Кочоска мора да си поднесе оставка. Министерка која понижува граѓанка на оваа држава, која навредува пратеничка, која шири дискириминација, не заслужува да води министерство, не заслужува да седи во Влада која тврди дека работи за граѓаните. Оставка ќе бараме секој ден додека не си оди од функцијата – рече Тренчевска.

Тренчевска ја обвини потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, дека не реагирала, иако до неодамна била претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

– Бендевска не кажа ниту збор, ниту реагираше – рече Тренчевска.

Таа најави дека СДСМ ќе побара итна седница на Комисијата за дискриминација, со цел да расправа за однесувањето на Кочоска и за поширокиот проблем на дискриминација во институции врз основа на полова припадност. Исто така, ќе иницираат законски измени или кодекс што ќе ги санкционира дискриминаторските навреди и говорот на омраза во институциите, особено од високи функционери.

Министерката, пак, очекува темата да се затвори зашто веќе изразила жалење, но не до Петровска, туку за целиот контекст и смета дека пратеничката изигрува жртва. Димитриеска-Кочоска се чувствува навредена.

– И самите сте свесни дека народот има поважни теми од лажната тема која ја создаваат за дефокус. Немам никогаш намера да навредам никого, напротив и таа самата го знае тоа, ама вака и чини сега да изигрува жртва. Им требаше време да размислат, да се координираат и да дефокусираат. Но, повторувам, ниедна туѓа навреда кон мене нема да ме вовлече да навредувам и да возвраќам со навреда. Ова ќе помине и за мене е најважно да останеме луѓе и да помагаме на луѓето колку што можеме. За мене темата е затворена – рече Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека се фокусира на работата и дека токму тоа му пречи на СДСМ. Не исклучува опозицијата да продолжи со напади кон неа и потсети дека е предмет на лажни изјави и соопштенија на социјалните медиуми, но дека во ниту еден момент не се пожалила.

– Ги повикувам да си ги искористат своите права, па да видиме кој бил, а кој не бил во право и кој се трудел да дефокусира или да користи злоупотреби и лажна терминологија – рече
Кочоска.

Гаши: Владата да биде внимателна кон пратениците

Претседателот на Собранието порача министрите да внимаваат како се однесуваат кон пратениците и дека министрите на седницата за пратенички прашања знаат дека доаѓаат да одговараат на пратениците.

Африм Гаши Фото: Собрание
– Кога се случуваат пратенички прашања, треба министрите и Владата да знаат дека доаѓаат да одговараат на пратенички прашања и треба да се почитува какви ингеренции има секоја институција. Собранието има надзорна функција врз Владата, пратеничките прашања се алатка за постигнување на тој ефект и мислам дека особено Владата треба да биде внимателна во Собранието како се однесува кон пратениците – рече Гаши.

Тој додаде дека како претседател на Собранието секогаш повикува на подигнување на политичката култура, однесувањето и на почитување на етичкитот кодекс помеѓу пратениците.

– Сите пратеници мора да се грижиме за достоинството на Собранието, а тоа се прави првенствено преку почитување на едни спрема други. Можеме да ги искажуваме нашите политички ставови без да навредиме никого. Веќе разговараме и за донесување на нов етички кодекс, мислам дека ќе работиме сите на надградба и зголемување на политичката култура. Ваквите настани не се мили, не е добро за Собранието, тоа не зборува добро за нас. Се надевам дека вакви инциденти нема да се повторат – рече Гаши.

Митева: Одговорот на министерката не беше насочен кон лична навреда

Во одбрана на министерката застана портпаролката на Владата Марија Митева. Таа во гостување на „24 анализа“ рече дека одговорот на министерката во Собранието не бил насочен кон лична навреда или штета кон пратеничката Славјанка Петровска.

„Јас, исто така, немам деца, јадам грашок и точно знам како се движат цените во маркетите. Верувајте ми дека никогаш не би си дозволила, како жена која што секогаш во политиката ги критикувала навредите што се случувале, да не искритикувам доколку станува збор за лична навреда со интенција. Во овој случај, одговорно тврдам дека, бидејќи бев таму, немаше интенција за навреда – вели Митева.

Пратеничката Петровска најави дека ќе поднесе претставка до КЗСД, бидејќи министерката упатила лични напади кон неа. Таа смета дека намерата била да биде омаловажена затоа што нема деца и семејство. Зад пратеничката застанаа сопартијците од СДСМ, но и претставници од невладините, како и граѓани кои реагираа на социјалните мрежи на зборовите на министерката „врз основа на што вие во уста ги ставате мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши. Јас сум мајка на два сина“.

Славјанка Петровска/ Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
– Со тоа нѐ навредивте сите нас кои од икс-причини немаме деца, ги навредивте сите кои немаат деца, ама се грижат и готват за своите родители, им плукнавте во лице на сите жени кои отстапуваат од вашата замисла за просечно македонско семејство, иако, со оглед на вашите приходи, далеку сте пред нив во однос на финансиската стабилност. И должите извинување на секоја од нас – коментираат дел од граѓаните на профилот на министерката на Фејсбук.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека е шокиран од навредата што министерката за финансии ја упатила кон Петровска.

– Нејзината дрска и понижувачка изјава – дека Петровска не може да знае колку троши едно четиричлено семејство затоа што нема деца ме згрози. Наместо аргументи и дебата во Собранието, сведочиме на лични дискредитации што е добро познат начин на одбрана на ВМРО-ДПМНЕ – смета Филипче.

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи порача дека нема да молчи пред дискриминацијата.

– Пратеничката Славјанка Петровска денес беше мета на срамна дискриминација и навредлив став од министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Ова не беше само личен напад, туку атак врз достоинството на сите жени, врз правото на секој избран претставник и претставничка да зборува без да биде понижувана – вели Битиќи.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски побара министерката јавно да ѝ се извини на пратеничката, а СДСМ и Форумот на жени на партијата најостро ја осудија „срамната, навредувачка и дискриминаторска изјава“.

 

Осуда и од Левица

Навредата кон пратеничката ја осудија и од Левица.

– Ова е крајната нечовечна, мизогина и одвратна политичка култура на власта, која секојдневно ја сведочиме, со гнасни шиканирања. Новата власт на ДПМНЕ и тоа како ја удрило политичката моќ и ароганција, без ниту една година на власт. Како член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички, очекувам јавна осуда од сите партии за ваквиот говор на министерката. Во спротивно, воопшто не сметам дека треба да сум дел од тела кои само формално постојат на хартија и во истите не планирам да учествувам – истакна пратеничката на Левица Јована Мојсоска.

  

Најново

Данците стравуваат од странско мешање на претстојните парламентарни избори на Гренланд

Sase Ivanovski

Алкалоид убедливо славеше над Пролет, Дамјан Митев постигна 11 голови

Sase Ivanovski

Ни со Трамп ни со Путин

Sase Ivanovski

ЕУ е создадена да ги за.бе Америка и Македонија

Sase Ivanovski

Мексико му предало на САД 29 наркобарони, во пресрет на најавените царини

Sase Ivanovski

Макрон: ЕУ планира реципрочни царини на челикот и алуминиумот

Sase Ivanovski

Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна

Sase Ivanovski

Зеленски му најави на Трамп во Белата куќа дека не сака да направи „компромис“ Путин

Sase Ivanovski

Петровска: Вработени во Министерство за одбрана биле повикани на разговор бидејќи ги поддржувале протестите за Фросина

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Водиме внимателна политика и ги контролираме трошоците, намален јавнииот долг

Sase Ivanovski

Канадскиот премиер Трудо утре пристигнува во Лондон на самитот во Украина

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Водиме внимателна политика и ги контролираме трошоците, намален јавниот долг

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Иско му донесе триумф на Бетис против Реал Мадрид

Sase Ivanovski

Велика Британија договори заем од 2 милијарди фунти на Украина

Sase Ivanovski

Макрон: Подготвен сум за разговори за нуклеарна заштита на Европа

Sase Ivanovski

Мелони повика итно да се одржи самит на кој ќе учествуваат САД, Европа и сојузниците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илјадници на протестот во Ниш – Објавен „Студентскиот едикт“

Sase Ivanovski

Зеленски пристигна во Лондон: Топло добредојде по хаосот во Вашингтон

Sase Ivanovski

Гостиварец измамен за 200.000 евра

Sase Ivanovski

Во голема несреќа на два автобуси во Боливија загинаа 37, повредени се 30 лица

Sase Ivanovski

Гутереш: Враќањето на војната во Газа би било катастрофа

Sase Ivanovski

Норвешки нафтен гигант: Нема повеќе гориво за САД

Sase Ivanovski

Општинска склероза: Општина Центар во 2015 година воведе зона за смирен сообраќај во Дебар Маало, но заборавила како спровела и дали воопшто е надлежна да воведува зони на смирен сообраќај на улиците под нејзина надлежност

Sase Ivanovski

ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ НЕМА ПРАВДА ЗА СМРТНО-ПРЕГАЗЕНАТА ТЕОДОРА ОД ТЕТОВО: СУДСКИОТ ПРОЦЕС Е ЗАПЛЕТКАН, СЕМЕЈСТВОТО СЕ СОМНЕВА ВО ДАДЕН ПОТКУП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Го има во сите телефони, но ЕУ го набавува во Руанда

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Патот Белград-Ниш… граѓани одат на студентски протест

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Четири мексиканки на крстосување преку Атлантикот, за да подржат две фондации и да ги инспирираат жените во Мексико за екстремни предизвици

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов: Прекрасната медитеранска клима која ја има Дојран „го фатила окото“ на Израелските инвеститори кои сакале да изградат туристичко-здравствен туризам

Sase Ivanovski

Расправија во Овалната соба – Трамп му рече на Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна

Sase Ivanovski

Зеленски ја напушти Белата куќа, преговорите за војната во Украина пред колапс

Sase Ivanovski

Папата Франциск на апарат за дишење откако доживеа ненадеен респираторен напад

Sase Ivanovski

Европските лидери со поддршка за Украина и Зеленски: Стоиме со вас!

Sase Ivanovski

Апликацијата СкопјеБус: Во градските линии корисна, во приградските само „на туркање“

Sase Ivanovski

Како руската пропаганда гледа „диктатор“ во Зеленски и ја префрла одговорноста за војната врз Украина

Sase Ivanovski

Курдската работничка партија (ПКК) прогласии прекин на огнот по 40-годишниот бунт во Турција

Sase Ivanovski

Косово не организирало прослава на својата независност во Македонија

Sase Ivanovski

„Студентски Едикт“ новиот масовен протест организиран од студентите и граѓаните на Ниш кој наскоро ќе биде и во Белград

Sase Ivanovski

Опозициската коалиција ја јакне соработката со нов договор

Sase Ivanovski

Град Скопје: Заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на улица 3 во Злокуќани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени дилери

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политичка дебата СДС упорно применува ист манипулативен шаблон, ВМРО-ДПМНЕ со мерки и проекти се фокусира на јакнење на позицијата на жените

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Богданка Кузеска: Работниците заслужуваат минимална плата од 500 евра

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија која ги штити криминалците и соработувала со нив, СДС не се огради ниту од Заев, ниту од Ковачевски, од Груби и Андов

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски од Тетово: Тетово како првичен дел од „Безбеден град“ ќе добие безбеден сообраќај, во меѓувреме засилени акциски контроли за решавање на сообраќајниот хаос

Sase Ivanovski

СДСМ: ДПМНЕ е партија на осудени криминалци и политичка структура заробена во минатото

Sase Ivanovski

(ФОТО) МУЗИЧКАТА АКАДЕМИЈА ДОБИ КОНЦЕРТЕН КЛАВИР ОД БИЗНИСМЕНОТ КОЧО АНЃУШЕВ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски да ја разреши Кочовска за навредите и да престане да ја штити

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Претрес во Виница, приведен дилер

Sase Ivanovski

Министерство за правда: Објавени записниците од Комисијата за надзор над АКМИС-от во судовите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лефков: Судот под плаштот на СДС, Филип Андов Сокол наместо да определи притвор само му одзема пасош, му отвора ли пат да избега?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не го штити туку да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол, борбата против криминалот и корупцијата продолжува

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Марков: Надзорната расправа за аерозагадувањето ќе придонесе да се изнајдат соодветни решенија во интерес на здравјето на граѓаните

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

СДСМ, Филипче: „Први сме во регионот“ само во поскапувања и пад на стандардот, економијата тоне

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски на Фокс Њуз: Сакам Трамп повеќе да биде на наша страна

Sase Ivanovski

Независни медиуми од Источна Европа: Кратењето на помошта од УСАИД ќе доведе до „темнина во која ќе умре демократијата“

Sase Ivanovski

По апелот на Оџалан, ПКК прогласи прекин на судирите со Турција

Sase Ivanovski

Нов спортски рекорд: Дуплантис прескокна 6.27 метри

Sase Ivanovski

Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал

Sase Ivanovski

Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп – Зеленски

Sase Ivanovski

Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш

Sase Ivanovski

Дел од Општина Илинден без струја

Sase Ivanovski

Хамас ја отфрли израелската „формулација“ за продолжување на првата фаза од примирјето во Газа

Sase Ivanovski

Опожарени викендичка и овоштарник во Идризово

Sase Ivanovski

Младите од Западен Балкан усвоија Декларација – бараат активна вклученост во процесеите на носење одлуки

Sase Ivanovski

КРИПТО ПАЗАРОТ ПОД ГОЛЕМ ПРИТИСОК: Ветувањата на Трамп бледнеат, а цените тонат

Sase Ivanovski

ПКК прогласи прекин на огнот со Турција

Sase Ivanovski

ОВАА КУЌА Е ВИСТИНСКИ БИЗНИС ПОКРАЈ МОРЕ И СЕ ПРОДАВА: Има 6 станови со врвен квалитет, гарантираната добивка е над 35.000 евра

Sase Ivanovski

КРАЈ НА ЕДНО УБАВО ВРЕМЕ: Мајкрософт ќе го затвори Skype во мај

Sase Ivanovski

ФБИ му ги врати на Трамп документите од истрагата за Мар-а-Лаго

Sase Ivanovski

ПРИСТИГНУВААТ НОВИ КАМЕРИ: Ќе се откриваат уште повеќе сообраќајни прекршоци во Србија

Sase Ivanovski

Илон Маск по 14-ти пат стана татко

Sase Ivanovski

12 години на чело на РФМ: Живко Мукаетов на ракометот му даде иднина и го направи спорт број еден во Македонија

Sase Ivanovski

Почнува Рамазанскиот пост

Sase Ivanovski

Времето денес променливо облачно, до 15 степени

Sase Ivanovski

САД испраќаат уште 1.140 војници на границата со Мексико

Sase Ivanovski

Изведба на операта „Кармен“ во Националната опера и балет

Sase Ivanovski

„Големиот едикт“: 18-часовен протест на српските студенти во Ниш

Sase Ivanovski

Томас Вајц: Мотивиран сум да најдам начини да го одврзам јазолот, гледам разумни гласови во Бугарија

Sase Ivanovski
Вчитувам....