Ако мислите претерано ве оптоваруваат, ако се чувствувате вознемирено и анксиозно, испробајте ги овие 8 јапонски техники за забавување на мислите. Менталното здравје е исто толку важно како и физичкото, меѓу многуте методи за релаксација, како што се вежбањето, молитвата, прошетката во природа, е и медитацијата која е древна метода за релаксација. Најчесто се практикува на Исток и служи за смирување на мислите и борба против стресот и анксиозноста. Јапонците отсекогаш имале неверојатни техники кои можат да ви ги отворат очите и да ви го променат животот. Постојат многу различни техники на медитација, а овие 8 јапонски методи ќе ви помогнат да ги средите вашите мисли и да престанете да размислувате за да ги смирите душата и телото.
1. Каизен
Суштината на каизен филозофијата лежи во пет принципи – поставување цели, следење на вашиот внатрешен компас и промовирање на продуктивност и ефикасност. Истакнува мали подобрувања во секојдневниот живот кои водат до долгорочен успех.
2. Икигаи
Икигаи е јапонска филозофија за наоѓање цел во животот што може да обезбеди чувство за насока, намалувајќи го одложувањето и претераното размислување. Секое утро, бидете свесни за причината зошто сте се разбудиле. Најдете нешто што се усогласува со вашите силни страни и страсти и што му треба на светот. Тоа е она што му дава смисла на вашиот живот.
3. Шоганаи
Шоганаи значи прифаќање на неизбежното. Тоа е прифаќање на она што не можете да го контролирате и фокусирање на она што можете да го контролирате. Тоа значи и прифаќање на фактот дека животот е неизвесен и дека ги немате сите одговори.
4. Шинрин-јоку
Шинрин-јоку значи капење во шума, т.е. поминување време во природа. Тоа е одличен начин да престанете да размислувате и ефикасно да го смирите вашиот ум.
5. Ваби-саби
Ваби-Саби е јапонска филозофија која промовира прифаќање на несовршеноста. Ова значи дека можеме да го намалиме притисокот од претерано размислување со прифаќање дека и светот и ние во светот сме несовршени.
6. Гаман
Гаман е уште еден јапонски збор кој има значење да го издржите наизглед неподносливото со трпение и достоинство. Ја нагласува важноста на истрајноста, издржливоста и самоконтролата наспроти неволјите. Чувајте го вашето достоинство во тешки времиња. Покажете емоционална зрелост и самоконтрола, дури и кога сè се менува. Запомнете колку е важно да бидете трпеливи, издржливи и да имате разбирање.
7. Зазен или Зен медитација
Зазен е медитативна дисциплина и е примарна практика на зен-будистичката традиција. Ова вклучува тивко седење и фокусирање на мислите што ви доаѓаат на ум без да осудувате.
8. Кинсуги
Кинсуги е јапонска уметност за поправка на скршена керамика со злато. Тоа е длабоко филозофски концепт кој проповеда прифаќање на недостатоците и предизвиците како можности за раст.