Српската манекенка Данијела Димитровска успеа разводот од водителот Огњен Амиџиќ да го остави настрана . Со поранешниот партнер денес е во добри и коректни односи, како што вели, а сè за доброто на нивното дете – синот Матија. Данијела денес е успешна на деловниот и љубовниот план, а сето тоа поради случувањата во нејзиниот живот кои, како што вели, ја промениле. Во своето прво видео на каналоѕ на Јутјуб, таа откри дека нејзиниот развод бил пресвртница за неа. Тогаш почнала сериозно да работи на себе.
„Пред три години поминав низ развод, да не се лажеме, тоа беше многу стресен период, смрт без умирање. Имате чувство дека покрај тоа емотивното што го оставате зад себе, ја оставате и поранешната себеси и некако страдате по таа личност, мислам на вас, односно на себе. Помошта ми беше многу потребна во тој момент и многу од моите стравови се појавија тука. Многу ми помогна професионалната помош, но и благодарноста што ја чувствуваме секој ден може да ни помогне да се ослободиме од стресот“, рекла таа во своето прво видео на канал на Јутјуб.
Данијела Димитровска за медиумите не го коментираше многу разводот. Поранешните сопружници издадоа кратко соопштение за јавноста во 2022 година.
„Би сакале да ве известиме дека решивме да се разделиме и заедно ја донесовме одлуката за развод. Ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син, а по овој повод повеќе нема да се огласуваме, ниту ќе даваме изјави. За нашиот развод не е виновна трета личност, така што нема простор за дополнителни шпекулации. Им благодариме на сите медиуми за досегашната соработка и ве замолуваме да ја почитувате одлуката да не зборуваме на оваа тема“, рекле Данијела и Огњен тогаш.
Потоа, Огњен се вљубил во водителката Мина Наумовиќ, со која доби дете – синот Перун. Парот се венча тајно, далеку од очите на јавноста. Што се однесува до Данијела, таа веќе извесно време е во врска со Јеврем Косниќ и не го крие своето емотивно задоволство и љубов. Таа често објавува фотографии со него на Инстаграм, а љубовта меѓу нив е повеќе од забележлива.