Украинската амбасадорка во САД, Оксана Маркарова, го покри лицето со раката додека ја следеше дебатата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп. Дискусијата стана кавга.
Посетата на Зеленски на Белата куќа е прекината. Заедничката прес-конференција е откажана, објави Белата куќа. Извор од Белата куќа потврди за Ројтерс дека украинскиот претседател Володимир Зеленски предвреме ја напушта Белата куќа. Договорот за минералите е неизвесно дали ќе биде воопшто потпишан. Украина бара безбедносни гаранции, но САД не сака да си земе таква обврска. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од три години.