Украинскиот претседател Володимир Зеленски му покажa на американскиот претседател Доналд Трамп слики од украински војници кои руските сили ги заробија. Тие и по две години биле во руско заробеништво и секој ден биле мачени. Трамп им рече на новинарите дека денеска на прес-конференција по средбата со Зеленски, што се очекува по 19 часот, ќе биде потпишан договор за минерали.
„Имаме нешто што е многу фер договор. Тоа е голема посветеност од САД“, рече Трамп. Зеленски вели дека се надева дека „овој документ ќе биде чекор напред за Украина“. Украинскиот претседател, исто така, им кажа на новинарите дека сака да разговара со Трамп за „што се подготвени да направат САД“. Зеленски денеска во Белата куќа му кажа на својот американски колега Доналд Трамп дека не сака да направи „компромис“ со рускиот претседател Владимир Путин, кого го нарече „убиец“. Трамп рече дека е „и за Украина и за Русија“. Тој потоа вели дека Зеленски се „коцка со Третата светска војна“ и дека е неблагодарен. Војната трае повеќе од 3 години.