Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во Лондон изјави дека е многу важно да се избегнат поделбите на Запад околу Украина.
Мислам дека е многу, многу важно да се избегне ризикот од поделба на Западот. Италија и Велика Британија можат да играат важна улога во изградбата на мостови“, рече Мелони пред средбата со нејзиниот британски колега Кир Стармер, пред самитот на сојузниците на Киев во Лондон.
Таа на британскиот премиер му рекла дека сака да види траен мир во Украина, пренесе Би-Би-Си.
Денешниот самит, на кој присуствуваат и сојузниците на Украина, има за цел да постави нови безбедносни гаранции во Европа наспроти стравувањата од напуштање од Вашингтон, истакнати по вербалниот судир меѓу американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во петокот во Белата куќа. Средбата во Лондон се одржува пред вонредниот европски самит за Украина, закажан за четврток во Брисел.
Мислам дека е многу, многу важно да се избегне ризикот од поделба на Западот. Италија и Велика Британија можат да играат важна улога во изградбата на мостови“, рече Мелони пред средбата со нејзиниот британски колега Кир Стармер, пред самитот на сојузниците на Киев во Лондон.
Таа на британскиот премиер му рекла дека сака да види траен мир во Украина, пренесе Би-Би-Си. Денешниот самит, на кој присуствуваат и сојузниците на Украина, има за цел да постави нови безбедносни гаранции во Европа наспроти стравувањата од напуштање од Вашингтон, истакнати по вербалниот судир меѓу американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во петокот во Белата куќа. Средбата во Лондон се одржува пред вонредниот европски самит за Украина, закажан за четврток во Брисел.