Стотици демонстранти го започнаа планираниот собир пред канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер во Даунинг стрит пеејќи ја украинската химна. Собирот доаѓа додека европските лидери пристигнуваат на разговори за безбедноста на Украина во Ланкастер Хаус во близина на Бакингемската палата. „Насобраните држат големи украински знамиња и постери на кои пишува: „Војната во Украина не е завршена!
Покрај ѕидот на вилата е закачен транспарент долг неколку метри, на кој може да се прочита предупредувањето: „Кога ќе падне последниот украински војник, Путин ќе дојде по вас, дами и господа!“ Еден од учесниците на собирот постојано извикуваше во мегафонот: „Благодарам Британија!“, а толпата повторуваше. Насобраните ја нарекоа Русија терористичка држава и му порачаа на светот: „Свету, не ја изневерувај Украина!“