Одговор на новинарско прашање, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ
Во услови кога Македонија не успева соодветно да го организира и да управува со отпадот кој што се создава дома, кога на секое ќоше никнува нова дива депонија, кога општините не се кадарни да воспостават системи за селекција и рециклирање на отпадот, кога сите показатели покажуваат дека сме лидери во загадувањето и се зголемува бројот на заболени и смртност кај населението, при реформа на инспекцискиот систем која им ја одзема независноста на инспекторатите, се поставува прашањето дали бизнис интересите се поважни од животната средина и нашите граѓани?
Македонија се гуши во сопствениот отпад, општинските депонии се нестандардни, системите за регионално управување со отпад не се воспоставуваат,а диви депонии никнуваат секој ден се повеќе. Не е прашањето дали станува збор за отпад од тн зелена листа, и дали истиот би се увезувал како суровина, станува збор за неисполнети услови во државата за управување и сериозна контрола на отпадот. Дали во моментов можеме да покажеме еколошко управувано рециклирање? Наместо изразување на намера да увезуваме отпад, владата и општините треба да ги засукаат ракавите и да се зафатат сериозно со намалувањето на количините на отпад кои ги депонираме, да започнат со воспоставување на селекција која ќе обезбеди доволни количини на отпад за преработка.
Линк до видео: https://youtu.be/pgDTGWyz0hs