Реакцијата на СДС само потврдува дека ги боли работата на министерот Трипуновски и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за доброто на земјоделците. Изминативе неколку месеци се постигна највисока откупна цена за грозјето, со што производната цена на килограм грозје Вранец беше зголемена за 25% и изнесуваше 20,8 ден./кг, додека производната цена на килограм грозје Смедеревка изнесуваше 18,3 ден./кг. Откупната цена за тутун се зголеми од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа, додека пак субвенцијата за првата класа на тутун од 80 денари се покачи на 100 денари.
Поради лошите политики на СДС, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во пресрет на орзопроизводителите и се одделија дополнителни 6 денари за откупена килограм оризова арпа од реколта 2024 година. За какви субвенции говори СДС, за оние што им ги должеше на земјоделците со години? По самото доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт се исплатија сите заостанати субвенции кои што им ги должеше Владата на СДС. Субвенциите за сточарите се покачени, а за тоа од СДС можат да си најмат и математичар кој ќе им пресмета. Незаинтересираноста на Николовски и СДС, Македонија ја направија увозно зависна земја за храна. Со работа и добра стратегија, министерот Трипуновски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ земјоделството ќе го вратат на пиедесталот. Македонија повторно ќе стане извозник на земјоделски производи. Земјоделците во оваа Влада гледаат сериозен партнер.