5.8 C
Скопје
02/03/2025 20:12
МАКТЕЛ

    

(ВИДЕО) БиХ или не БиХ: Вучиќ, Орбан и Русија можат да го дестабилизираат регионот бранејќи го Додик?

      

Високиот претставник Кристијан Шмит укина два закона за ентитетите на 1 јули 2023 година и воведе измени во Кривичниот законик на БиХ, а Додик на 7 јули 2023 година потпиша декрети, објавени во Службен весник на РС, прогласувајќи ги „своите“ закони за валидни, па Обвинителството на БиХ на 11 август поднесе обвинение против Додик и Лукиќ (директорот на Службен весник), потврдено од судот на 11 септември. Пресудата против претседателот на Република Српска Милорад Додик, со која му се одредува една година затвор и шест години забрана за политичка дејност, се користи за плашење со дестабилизација на БиХ и регионот, наратив што го пропагираат официјална Србија, Унгарија и Русија. За Москва тоа е „политички мотивиран прогон“, па затоа злокобно предупредува дека „ќе има катастрофални последици за ситуацијата во Босна и Херцеговина и целиот регион“, пренесуваме текст во целост од Вистиномер. Пишува: Стојан Синадинов. Кога на почетокот на деведесеттите години од минатиот век распадот на поранешна Југославија ја започна епизодата во Босна и Херцеговина, едно од предупредувањата за големината на нејзината трагичност беше синтетизирано во апдејтуваната реплика од Шекспировиот „Хамлет“. Познатата дилема „Да се биде или не“ стана „БиХ или не БиХ“ (од „Biti ili ne biti“ на српско-хрватско-бошњачки јазик). Точно 30 години по постигнувањето на Дејтонскиот мировен договор, со кој е дефинирана актуелната политичко-државна состојба на Босна и Херцеговина, претседателот на еден од нејзините ентитети Република Српска, Милорад Додик, го лансираше ехото на „босанскохерцеговскиот Хамлет“ – „БиХ или не БиХ“.

Додик е прогласен за виновен и осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење на функцијата поради неисполнување на одлуката на Високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ, Кристијан Шмит.

Високиот претставник Кристијан Шмит укина два закона за ентитетите на 1 јули 2023 година и воведе измени во Кривичниот законик на БиХ, а Додик на 7 јули 2023 година потпиша декрети, објавени во Службен весник на РС, прогласувајќи ги „своите“ закони за валидни, па Обвинителството на БиХ на 11 август поднесе обвинение против Додик и Лукиќ (директорот на Службен весник), потврдено од судот на 11 септември.

   

Додик се закануваше со отцепување на Република Српска од БиХ доколку биде осуден, а притисоците врз судот добија димензија на странско мешање во внатрешните работи на БиХ. Во тоа, секако, предничеа неговите најголеми политички пријатели, српскиот претседател Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и официјална Москва, кои со нивните реакции ја доведоа во прашање и безбедноста и стабилноста на регионот. Додик на митингот во Бања Лука – организиран според добропознатата матрица за искажување „народна поддршка“ за водачите – веднаш се пофали дека добил два важни телефонски повика – од Вучиќ и од Орбан. Паралелно, но и синхронизирано, српските и руските медиуми вршеа директни преноси од изрекувањето на пресудата и митингот, создавајќи го толку потребниот медиумски „шум“ за ширење дезинформации и пропаганда. Казната за Додик како казна за сите Срби. Додик ја обвини Федерацијата БиХ дека извршила државн удар во Република Српска, па затоа нема да ги признава нејзините судски и безбедносни инстанци. Вучиќ по итно одржаната седница на Советот за национална безбедност на Србија одлета во Бања Лука, филувајќи ја поддршката за Додик со наративот дека пресудата против него е закана за сите Срби, за потоа да биде свикана посебна седница на Народното собрание на Република Србија за состојбата во Република Српска и БиХ, која треба да трае три дена (14-16 март), и на која ќе присуствува Додик. Вучиќ притоа вешто манипулира со случајот Додик. Во Србија го „увезува“ неговиот проблем со непочитување на законот како загроза за сите Срби во регионот, надевајќи се дека барем малку ќе го амортизира притисокот од студентските и граѓанските протести за фундаментални промени во поглед на одговорноста во Србија, а од друга страна, пак, го „моли“ Додик да не ја затегнува ситуацијата во БиХ и му суфлира да преговара со политичките фактори во БиХ, но да бидат вклучени и претставниците на ЕУ, САД, Руската Федерација и Кина!

Се разбира дека благодарницата од Бања Лука за овој потег на Вучиќ пристигна експресно бргу, по оној стар принцип „Ја тебе војводо, ти мене сердару!“. Република Српска е горда што реагиравте како никогаш досега во историјата, ниту еден претседател на Србија, ниту кој било друг, и што дојдовте овде и покрај времето и проблемите што ги имате како претседател на меѓународно и на секое друго ниво. Ова е многу, многу важно за нас. Ние ја сфаќаме мировната улога што ја има Србија. Тоа е нејзина политика во регионална смисла, но тоа е и политика за зајакнување на самата Србија, посочи Додик. Манипулацијата во суштина се огледа во тоа што пресудата против Додик се користи за плашење со дестабилизација на БиХ и регионот, а во суштина Додик ќе може да го избегне затворот, бидејќи казната до една година може да се замени со парична казна, односно Додик ќе може да ја откупи затворската казна за 36.000 КМ (околу 18.600 евра). Но, ако казната стане правосилна, останува забраната да извршува политички функции: тоа е поголемата казна за Додик. И додека американскиот Стејт департмент ја поздрави пресудата против Додик – портпаролката Тами Брус на социјалната мрежа „Икс“ наведе дека САД цврсто се спротивставува на какви било активности на локалните лидери кои би ја поткопале безбедноста и стабилноста и го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Дејтон и Босна и Херцеговина – поранешниот градоначалник на Њујорк и адвокат на Доналд Трамп, Руди Џулијани, со (не)очекувана поддршка за Додик.

Во источна Европа многу повеќе се ценат чесноста и слободата. Запомнете дека сопругата на Трамп доаѓа од Словенија и тој е многу заинтересиран за овој дел од светот. Имате одлично раководство“, рече Џулијани, кој на крајот од говорот носеше капа со порака: „Направете ја Српска повторно голема“рекол Џулијани на митингот за поддршка на Додик во Бања Лука. Од Будимпешта и Москва, пак, очекувано пристигнаа дијаметрално спротивставени гледишта од американските гледишта. За Орбан пресудата против Додик е политички лов на вештерки, па на социјалната мрежа „Икс“ тој напиша: Политичкиот лов на вештерки против претседателот Милорад Додик е тажен пример за злоупотреба на судскиот систем против демократски избран лидер. Ако сакаме да ја зачуваме стабилноста на Западен Балкан, ова не е вистинскиот начин. Орбан (не)случајно испратил околу 300 унгарски полициски специјалци од антитерористичката единица во Република Српска на заеднички вежби со припадниците на Министерство за внатрешни работи на РС. Конструктивните деловни односи на Додик и Путин. Москва го прокламира ставот дека пресудата против Додик е политички мотивиран прогон и упати силно и злокобно предупредување дека тоа „ќе има катастрофални последици за ситуацијата во Босна и Херцеговина и целиот регион“. Тврдејќи дека пресудата против Додик е вперена против „сите српски патриотски сили“, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков наведе: Путин често се среќавал со Додик. Ние многу ги цениме доверливите и конструктивни деловни односи што се изградени меѓу Путин и Додик. И, се разбира, ги цениме нашите историски братски односи меѓу Русите и Србите.

Со тоа Москва му возвраќа на лидерот на босанските Срби за неговиот став со кој спинуваше за улогата на Русија во војната во Украина, искажан на Светосавската академија во Скопје пред еден месец. За жал, има жртви и оние кои ги загубија животите, но Русија не требаше да дозволи НАТО да се постави на место од кое Москва и другите делови би можеле да бидат загрозени, особено по она што го рече Збигњев Бжежински, да се распадне на десетина одделни држави за да се контролираат руските ресурсирече Додик на Светосавската академија. Интересно е како Додик се вклопи во трансферот на левичарски, или барем социјалдемократски настроените политичари кон крајниот десен блок. Америка и новата Европа досегнуваат кон овој регион, бараат партнери со кои ќе соработуваат, ќе генерираат трговија, ќе отворат работни места и ќе градат меѓусебна безбедност. Нашата цел е да ја интегрираме цела Југоисточна Европа во демократскиот тек на континентот и да го направиме новиот век време на растечки просперитет и ширење на мирот. Премиерот Милорад Додик е достоен партнер во овој напор. Тој мудро и вешто ја водеше Република Српска низ предизвикувачки и турбулентни времиња. Тој напорно работи на развивање на економскиот потенцијал на оваа област. И тој знае дека за неговиот народ, спроведувањето на Дејтон е единствениот начин да се направи следната деценија попрофитабилна од минатата… Чиј е овој цитат? На Медлин Олбрајт, поранешната државна секретарка на САД, изречен во 2000 година, која сметаше дека тогашниот премиер на Република Српска е „здив на свеж ветер на Балканот“, потсетува Н1, додавајќи дека Додик сега е на „црната листа“ на САД и се соочува со забрана за вршење на политички функции. Реалната политика одамна е базирана на вечен интерес, наместо на вечна љубов. Геополитичка конфронтација, економско влијание и политичко мешање тоа е „светото тројство“ на руската политика кон Западен Балкан. Земјите од Западен Балкан се на првата линија во геополитичката конфронтација на Русија со Западот. Додека Руската Федерација има силни историски врски со Западен Балкан и поседува одредена привлечност преку меката моќ за регионот, нејзиното влијание и економски ефекти таму се намалуваат. Во меѓувреме, присуството на ЕУ и НАТО во регионот напредува, а инвестициите и помошта од ЕУ-27 и другите играчи, како што е Кина, ги намалуваат руските инвестиции, се вели во сумарумот на извештајот на Европскиот парламент „Русија и Западен Балкан“ од април 2023. Сепак, не треба да се потценува и штетата што може да ја нанесат „малите играчи“, како и промената на нивниот интерес. Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

(ВИДЕО) Контраспин: Бадемово млеко за пратеничката Петровска, срамот за министерката Димитриеска-Кочоска

Sase Ivanovski

ЈО: Ако возите брзо, со алкохол во себе или поминете на црвено, итно ќе бидете кривично гонети

Sase Ivanovski

Порталб: На универзитетите цвета купопродажбата на оценки, никој не презема мерки

Sase Ivanovski

Контраспин: Владата сепак работи со компас и стратегија во надворешната политика

Sase Ivanovski

Одговорноста кај првите луѓе во правосудството е само дел од вистината за ниската доверба

Sase Ivanovski

Израел ја прекина помошта за Газа за да изврши притисок врз Хамас да прифати нов предлог за прекин на огнот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците во министерот Трипуновски и Владата гледаат вистински партнер

Sase Ivanovski

БОГАТИТЕ СРБИ И РУСИ ГО ЗАПОСЕДНАА ЦРНОГОРСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ – кој друг има јахти на нивниот брег

Sase Ivanovski

НЕ СТИВНУВААТ РЕАКЦИИТЕ – НАЈЧЕВСКА: Оваа изјава на Кочовска ни кажува дека жената нема капацитет да ги процени своите постапки

Sase Ivanovski

ОДРЖАА ЛЕКЦИЈА ЗА ПРОФИТАБИЛНОСТ – во што е тајната на добивката од 31 милиони евра на УСЈЕ Титан

Sase Ivanovski

Чајот од мајчина душица е „мелем“ доколку имате болки во грлото: Ќе ви помогне полесно да ја надминете настинката

Sase Ivanovski

МУКАЕТОВ ПО 12 ГОДИНИ ЗАМИНА ОД ФУНКЦИЈАТА Александар Стефанов е нов претседател на Ракометната федерација

Sase Ivanovski

Како зборуваше Саша Поповиќ за Лепа Брена: Се појави со кадрава коса, пеги, како Џенис Џоплин…

Sase Ivanovski

Да го прекинам молкот на политичарите

Sase Ivanovski

ВИДЕО+ФОТО „Слободен печат“ на протести во Ниш: Молк, солзи, смеа и за милион години од студентите

Sase Ivanovski

Украден пиштол од шкафот на полицаец во ОВР Крушево

Sase Ivanovski

Туск: Европа полека согледува колкав парадокс е тоа што 500 милиони Европејци молат 300 милиони Американци да ги одбранат од само 140 милиони Руси

Sase Ivanovski

Хамас ја нарече „воено злосторство“ и „евтина уцена“ одлуката на Нетанјаху да го блокира доставувањето хуманитарна помош за Газа

Sase Ivanovski

Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ

Sase Ivanovski

Гостиварец паднал на инвестициска измама, изгубил 200.000 евра

Sase Ivanovski

Саша Поповиќ пред смртта оставил тестамент – еве на кого ги остава своите имот и милиони

Sase Ivanovski

„Каде одат студентите, таму оди и Вучиќ за да си го подобри разнишаниот рејтинг“, пишува „Данас“

Sase Ivanovski

Зошто Џеј-Ди Венс, а не Трамп, го предводеше нападот врз Зеленски во Белата куќа?

Sase Ivanovski

ПЕСКОВ: Поради обновените односи меѓу САД и Русија, Европската Унија може да го промени својот став кон Вашингтон

Sase Ivanovski

САД и Украина: Како натаму по скандалот во Белата куќа?

Sase Ivanovski

МНОГУ „СПИЈАЧИ“ ИМА ВО МВР Тошковски вели дека недостигаат полициски службеници на терен

Sase Ivanovski

ЛДП бара повторно да се врати Викенд без ДДВ, но со измени на оваа мерка

Sase Ivanovski

360 degrees season 11, show 43 (in-depth) – Државни базени оставени на суво

Sase Ivanovski

Сокол приземјен, Ѕвер скротен – апсења на полицајци и дел од екс раководство на затворот во Шутка

Sase Ivanovski

Општина Карпош со поддршка за женското здравје БЕСПЛАТЕН ЕХО ПРЕГЛЕД НА ДОЈКИ ЗА ДЕВОЈКИ ОД 20 ДО 30 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

Шукова: Македонија се гуши во отпад, наместо нов увоз треба да се реши проблемот дома

Sase Ivanovski

СДСМ: Минимална плата од 500 евра за спас на стандардот на работниците, 02.03.2025

Sase Ivanovski

Пронајдена дрога во Тетово, приведен дилер

Sase Ivanovski

Рубио не разговарал со Зеленски по кавгата во Белата куќа

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА НА ПАТОТ КОН ЕУ – БЛОКАДИ ИЛИ НАПРЕДОК?

Sase Ivanovski

Протест во Лондон со химната на Украина: Војната сѐ уште не е завршена!

Sase Ivanovski

Австрија добива нова коалициона влада

Sase Ivanovski

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Го поддржува ли Филипче, криминалецот Сокол, па затоа не се оградува од него?

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач кој под дејство на алкохол удри пешак синоќа во Скопје, одземено му е возилото

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Водиме внимателна политика и ги контролираме трошоците, намален јавнииот долг

Sase Ivanovski

Герасимовски за Прочка: Да простуваме, да живееме во слога и да си помагаме

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски и судиите клиентелисти на СДС се заштитници на криминалот, кој гарантира дека Филип Андов Сокол нема да избега?

Sase Ivanovski

СДСМ: Кочоска продолжува со навредите кон Петровска и сите жени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) “Министерство за внатрешни работи – МВР”: Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот, велешко

Sase Ivanovski

СДСМ: Со Трипуновски и ДПМНЕ на земјоделците им е многу полошо

Sase Ivanovski

Политико: Зеленски го заборави првото правило за постапување со Трамп

Sase Ivanovski

(ФОТО) Карневал за Прочка во Прилеп, продефилираа повеќе од 600 маски

Sase Ivanovski

На земјоделците им е неопходна ефективна поддршка од државата

Sase Ivanovski

Анчелоти голем и во поразот: Бетис беше подобар од Реал Мадрид

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Торино и Елмас ја совладаа Монца за осма победа во италијанскиот шампионат

Sase Ivanovski

Туск: Полска го поддржува предлогот за одржување американско – европски самит

Sase Ivanovski

Мелони: Важно е да се избегнат поделбите на Западот околу Украина

Sase Ivanovski

Зедер: На Германија ѝ треба посилна армија, 100 000 дронови и 800 нови тенкови

Sase Ivanovski

Лавров: Трамп сака мир, а Европа да го продолжи „банкетот“ во форма на војна

Sase Ivanovski

Мицкоски и министрите ќе учествуваат на дводневен унгарско-македонскиот владин самит

Sase Ivanovski

Левица со предлог-закон до Собранието: На работниците да им се плаќа превозот до работа

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Трипуновски: Младите земјоделци ќе добијат грантови, како и поддршка во форма на кофинансирање на проекти за кои ќе аплицираат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Трипуновски: Претходната власт комплетно ги заборави земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ се посветува на ревизија на стратегиите и мерките, а резултатите се веќе видливи sase ivanovski

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Илиевски: 500 евра минимална плата за достоинствен живот на работниците

Sase Ivanovski

Стармер: Британија, Франција и Украина со план за прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Да не беше криминалот на СДС и ДУИ, може и ќе имаше за поголеми плати, парите отидоа кај Груби, Заев и Ковачевски

Sase Ivanovski

(СДСМ, Костова: Скандалозно гостување на Кочоска на телевизија, таа продолжува со дискриминација

Sase Ivanovski

СДСМ: ДПМНЕ е партија на осудени криминалци и симбол на корупција

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Тренов: Зелената мафија и неспособноста на претходната власт оставија тотален хаос во земјоделието, работиме на повеќе проекти како Брана Речица, 6 системи за наводнување и пловечки фотоволтаични постројки на брана Паљурци

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Димитриевски: Лошото менаџирање и недостатокот на поддршка од владата на СДС резултираше да станеме увозно зависни за храна, ВМРО-ДПМНЕ прави реформи во делот на земјоделието

Sase Ivanovski

Норвешка ќе продолжи да ја снабдува со гориво американската морнарица

Sase Ivanovski

Општина Карпош договори бесплатен преглед на дојки за девојки од 20 до 30 години

Sase Ivanovski

Шукова: Државата се гуши во отпад, не се управува ни со отпадот што се создава дома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протести низ Америка за поддршка на Украина по кавгата во Белата куќа

Sase Ivanovski

Хамас ја смета за воено злосторство одлуката на Израел да го запре влезот на хуманитарна помош за Газа

Sase Ivanovski

ЛДП бара повторно да се врати Викенд без ДДВ, но со измени на оваа мерка

Sase Ivanovski

Уапсен гостиварец, возел со 1,35 промили алкохол во крвта и удрил во пешак во Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Тетово добива побезбеден сообраќај, гасификацијата ќе го намали загадувањето до 70%, изработена е нова стратегија за минерални суровини

Sase Ivanovski

Саша Поповиќ и Лепа Брена ја посетиле Баба Ванѓа – сѐ му погодила освен датумот на смртта

Sase Ivanovski

Андоновски: Институциите ад-хок се заштитуваат од сајбер напади

Sase Ivanovski

Отворен тестаментот на архиепископот Јанулатос, сите заштедени пари ги оставил на Албанската православна црква

Sase Ivanovski

Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зошто кулите во Лондон имаат чудни облици?

Sase Ivanovski

Неколку улици во Кисела Вода и Чучер Сандево утре ќе останат без струја

Sase Ivanovski
Вчитувам....