6.8 C
Скопје
02/03/2025 21:25
МАКТЕЛ

    

(ВИДЕО) Контраспин: Бадемово млеко за пратеничката Петровска, срамот за министерката Димитриеска-Кочоска

      

Собраниската говорница на седницата за пратенички прашања натежна од навредите кои министерката Димитриеска-Кочовска ѝ ги упати на пратеничката Петровска. Со недоличното и арогантно однесување министерката најпрво покажа отсуство на почит кон Собранието, кое ја избира и врши политичка контрола и надзор над Владата. Да не говориме за ниските удари и напади на лична основа, што е нечовечки и срамно. Просто е несфатливо како министерката си зема за право да ги „означува“ пратениците дали имале или немале семејство и врз основа на тоа да одредува дали некој е квалификуван и достоен да ѝ поставува прашања. Но, дали е ова можеби „новото  нормално“ за кое говори премиерот откако деновиве се врати од Вашингтон? И, дали тоа „ново нормално“ ќе ни донесе нови поделби во општеството, овојпат на „семејни“ и „несемејни“, „бездетни “и „многудетни“?! 

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска на седницата за пратенички прашања ја изврте вистината и ја навреди поранешната министерка за одбрана, пратеничка од редовите на СДСМ Славјанка Петровска. Таа видно изнервирана од собраниската говорница налутено ѝ се обрати на Петровска:  Спин: Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да ве кажам почитувана. За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит… Е бидејќи се однесувате така како што се однесувате од овој момент и таа минимум почит ја немам.. Врз основа на што вие ги ставате в уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно четиричлено семејство. И чисто вака да ви укажам да проверите на Државниот завод за статистика, согласно последниот попис што вие го направивте, во Македонија просечно е тричлено семејство, а не четири. Во однос на грашокот, и јас сакам да купам од конзерва, ама не сум сама, четири члена сме и мора да одиме во еден од најевтините маркети и да купиме замрзнат грашок, а не оние што се поскапи од 100 денари и се со иста грамажа како смрзантите. Исто беше искоментирано и во однос на литрите млеко. Некое семејство може троши и 18 литри млеко, меѓутоа има и такво што не пие. Бадемовото вас ќе ви го оставам, вам ви треба, а не мене!  [Извори: Тајм,мкТВ 24 вести; Јутјуб видео (0,45 до 1,53 и 1,59 до 3,20)ТВ Телма – Датум: 27.02.2025

   

Контраспин: Ваквиот настап на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Собранието, во кој таа дрско и со невидена ароганција ѝ го оспори правото на пратеничката Петровска да говори околу трошоците на едно семејство, да спомнува мајки и деца, за разлика од неа која е мажена и има два сина, е целосно непримерен, олицетворение на некултура и примитивизам. Во својот дискриминаторски говор (1,59 до 3,20 од видеото)натежнат од навреди и омаловажување, министерката уште рече дека на Петровска дури не може да ѝ каже почитувана, бидејќи не ја заслужила нејзината почит! 

Петровска не возврати на недоличниот говор само ѝ порача на министерката: Ако имаше дно, вие го пробивте. Што беше причината за изблик на гнев и навреди?  Пратеничка Петровска од собраниската говорницата најпрвин ја потсети  министерката за финансии Димитриеска-Кочовска на една нејзина претходна изјава – дека таа не купувала грашок во конзерва и не сфаќа зошто таква храна е ставена во потрошувачка кошничка за 4-члено семејство во која има и 13 литри млеко. Потоа порачувајќи ѝ да не држи лекции за домаќинско пазарење, ја повика да го изнесе ставот по однос на прашањето за намалување на патните трошоци на пратениците и да каже зошто нејзината партија не го поддржала:  Не сакам оваа дебата со вас да ја претворам во споделување рецепти, ама следен пат кога ќе одите во маркет, а рековте дека одите често, земете и споредете време на готвење на тој грашок од конзерва кој за вас е нелогичен, и оној другиот. За вас може не е важно, ама за едно просечно македонско семејство многу е важно колку време ќе биде вклучен шпоретот. Наместо да ни држите лекции за домаќинско пазарење не е лошо да го чуеме вашиот став за намалување на патните трошоци на пратениците и зошто ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа. Јутјуб видео (0,45 до 1,53); 

По ова стигна жестоката реакција од министерката за финансии која во канонадата навреди кон пратеничката Петровска на крајот онака најмалициозно ѝ порача:  Бадемовото (млеко) вас ќе ви го оставам, вам ви треба, а не мене!  Со ваквото недолично, па дури безобразно однесување, Димитриеска-Кочоска која се обраќаше од собраниската говорница прво покажа отсуство на почит кон Собранието – втората по важност институција во државата која ја избира Владата, вклучително и министерката. Собранието врши политичка контрола и надзор над Владата, па министерката е должна да ги почитува сите пратеници независно од нивната политичка провениенција, национална и етничка припадност. Така стојат работите според член 68 од Уставот, без разлика дали тоа ѝ се допаѓа или не на министерката, а ароганцијата и покажувањето сила може да си ги остави „за по дома“! Да не говориме за ниските удари и напади на лична основа, што е нечовечки и срамно. Просто е несфатливо како министерката си зема за право да ги „означува“ пратениците дали имале или немале семејство и врз основа на таквото гледиште да одредува дали некој од е квалификуван и достоен да ѝ поставува прашања. Србите имаат убава поговорка за ваквите испади „Ме изеде (уби) туѓиот срам“!  Јавноста е згрозена од ваквиот настап на министерката. Во текот на денот се редеа реакции: од сопартијците на Петровска во СДСМ – лидерот Венко ФилипчеФатмир Битиќи, Форумот на жени на СДСМЛевица. Социјалдемократите говорот на Димитриеска-Кочоска го квалификуваа како класичен пример на дискриминација, а на денешната прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министерката. Од Левица ги осудија навредите кон Петровска како подли, мизогини и недостојни изблици на вмровските политичари. Министерката „извадена од контекст“, Петровска најави претставка И наместо по овој несреќен настап да најде начин да се извини, и на Собранието, и на пратеничката Петровска, но и на сите жени кои ете не се мајки – немаат две, три, пет деца, заради сплет на околности или самите така решиле, Димитриеска-Кочоска неколку часа подоцна преку објава на Фејсбук излезе со нови напади кон Петровска. Извлекувајќи се дека била извадена од контекст, таа ја обвини пратеничката дека „глумела жртва“:

Ја разбирам хистеријата која СДС и нивните ботови ја шират околу мојот политички дуел во собранието со Славјанка Петровска.   Ноторен факт е дека Петровска изгради кариера од глумење жртва. Редицата причини за сожалување е долга. Секој нејзин настап е запаметен по тоа што по секој дуел се претставуваше како жртва за нешто. Но од друга страна денешната изведба на претставата жртва беше од истата говорница од која безочно напаѓаше и говореше за таткото на еден министер колега, или пак за синот на премиерот, иако и двајцата не се поврзани во никаков политички контекст. Таа госпоѓа немаше ниту мака иронично да се однесува, навредува, дофрла од место, а во моментот кога ќе се одговори нешто, тогаш таа прераснува во жртва.  Што се однесува до моите зборови кон Славјанка Петровска која лично како жена сум ја бранела кога многу други ја напаѓале, беа извадени од контекст и се толкувани како лична навреда….  Министерката Димитриеска Кочоска и денеска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата изјави дека нејзиниот настап во Собранието бил „лажна тема“ и служела за дефокусирање на јавноста од поважни теми, па како што рече, оваа тема за неа е затворена. Во сличен тон беше и соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму порачаа дека „Петровска се претставува како жртва секогаш кога ќе биде повикана на одговорност, дека секој пат ја користи истата стара тактика – глуми нападната и го пренасочува фокусот од суштинските прашања“.  Пратеничката Петровска, пак, синоќа најави дека ќе поднесе претставка до Комисија за спречување и заштита од дискриминација. Во гостувањето  емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24 таа рече: Ова не е заради мене. Она што денеска се случи во јавноста не е заради Славјанка Петровска туку затоа што еднаш засекогаш мора да се стави стоп на ваквото однесување од страна на власта. И не е првпат премиерот и претставници на Владата да навредуваат, понижуваат и омаловажуваат пратеници на поставено прашање. Ако ние денеска зборуваме за парламентарна демократија тогаш секој треба да си го знае своето место. „Новото нормално“

Фото: Принтскрин видео Јутјуб

Интересно е тоа што собраниската седница на која министерката Димитриеска-Кочоска упати лични навреди кон Петровска базирани на нејзината семејна состојба, претседаваше потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, поранешна претседателка и член на Комисија за спречување и заштита од дискриминација. Токму затоа, зачудува тоа што Бендевска, која патем, јавноста ја памети како голем борец за женските права, немаше никаква реакција на настапот на министерката. Иако, таа можеше да ја прекине министерката или барем да ја опомене дека е во Собранието и треба да покаже должна почит кон пратениците. Но, дали е ова можеби „новото  нормално“ за кое говори премиерот Христијан Мицкоски откако деновиве се врати од Вашингтон? И, дали тоа „ново нормално“ ќе ни донесе нови поделби во општеството, овојпат на „семејни“ и „несемејни“,  „бездетни “и „многудетни“?!  Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

(ВИДЕО) Кинеските автомобили ја нападнаа европската индустрија – што значи тоа за Македонија?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БиХ или не БиХ: Вучиќ, Орбан и Русија можат да го дестабилизираат регионот бранејќи го Додик?

Sase Ivanovski

ЈО: Ако возите брзо, со алкохол во себе или поминете на црвено, итно ќе бидете кривично гонети

Sase Ivanovski

Порталб: На универзитетите цвета купопродажбата на оценки, никој не презема мерки

Sase Ivanovski

Контраспин: Владата сепак работи со компас и стратегија во надворешната политика

Sase Ivanovski

Одговорноста кај првите луѓе во правосудството е само дел од вистината за ниската доверба

Sase Ivanovski

Израел ја прекина помошта за Газа за да изврши притисок врз Хамас да прифати нов предлог за прекин на огнот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците во министерот Трипуновски и Владата гледаат вистински партнер

Sase Ivanovski

БОГАТИТЕ СРБИ И РУСИ ГО ЗАПОСЕДНАА ЦРНОГОРСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ – кој друг има јахти на нивниот брег

Sase Ivanovski

НЕ СТИВНУВААТ РЕАКЦИИТЕ – НАЈЧЕВСКА: Оваа изјава на Кочовска ни кажува дека жената нема капацитет да ги процени своите постапки

Sase Ivanovski

ОДРЖАА ЛЕКЦИЈА ЗА ПРОФИТАБИЛНОСТ – во што е тајната на добивката од 31 милиони евра на УСЈЕ Титан

Sase Ivanovski

Чајот од мајчина душица е „мелем“ доколку имате болки во грлото: Ќе ви помогне полесно да ја надминете настинката

Sase Ivanovski

МУКАЕТОВ ПО 12 ГОДИНИ ЗАМИНА ОД ФУНКЦИЈАТА Александар Стефанов е нов претседател на Ракометната федерација

Sase Ivanovski

Како зборуваше Саша Поповиќ за Лепа Брена: Се појави со кадрава коса, пеги, како Џенис Џоплин…

Sase Ivanovski

Да го прекинам молкот на политичарите

Sase Ivanovski

ВИДЕО+ФОТО „Слободен печат“ на протести во Ниш: Молк, солзи, смеа и за милион години од студентите

Sase Ivanovski

Украден пиштол од шкафот на полицаец во ОВР Крушево

Sase Ivanovski

Туск: Европа полека согледува колкав парадокс е тоа што 500 милиони Европејци молат 300 милиони Американци да ги одбранат од само 140 милиони Руси

Sase Ivanovski

Хамас ја нарече „воено злосторство“ и „евтина уцена“ одлуката на Нетанјаху да го блокира доставувањето хуманитарна помош за Газа

Sase Ivanovski

Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ

Sase Ivanovski

Гостиварец паднал на инвестициска измама, изгубил 200.000 евра

Sase Ivanovski

Саша Поповиќ пред смртта оставил тестамент – еве на кого ги остава своите имот и милиони

Sase Ivanovski

„Каде одат студентите, таму оди и Вучиќ за да си го подобри разнишаниот рејтинг“, пишува „Данас“

Sase Ivanovski

Зошто Џеј-Ди Венс, а не Трамп, го предводеше нападот врз Зеленски во Белата куќа?

Sase Ivanovski

ПЕСКОВ: Поради обновените односи меѓу САД и Русија, Европската Унија може да го промени својот став кон Вашингтон

Sase Ivanovski

САД и Украина: Како натаму по скандалот во Белата куќа?

Sase Ivanovski

МНОГУ „СПИЈАЧИ“ ИМА ВО МВР Тошковски вели дека недостигаат полициски службеници на терен

Sase Ivanovski

ЛДП бара повторно да се врати Викенд без ДДВ, но со измени на оваа мерка

Sase Ivanovski

360 degrees season 11, show 43 (in-depth) – Државни базени оставени на суво

Sase Ivanovski

Сокол приземјен, Ѕвер скротен – апсења на полицајци и дел од екс раководство на затворот во Шутка

Sase Ivanovski

Општина Карпош со поддршка за женското здравје БЕСПЛАТЕН ЕХО ПРЕГЛЕД НА ДОЈКИ ЗА ДЕВОЈКИ ОД 20 ДО 30 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

Шукова: Македонија се гуши во отпад, наместо нов увоз треба да се реши проблемот дома

Sase Ivanovski

СДСМ: Минимална плата од 500 евра за спас на стандардот на работниците, 02.03.2025

Sase Ivanovski

Пронајдена дрога во Тетово, приведен дилер

Sase Ivanovski

Рубио не разговарал со Зеленски по кавгата во Белата куќа

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА НА ПАТОТ КОН ЕУ – БЛОКАДИ ИЛИ НАПРЕДОК?

Sase Ivanovski

Протест во Лондон со химната на Украина: Војната сѐ уште не е завршена!

Sase Ivanovski

Австрија добива нова коалициона влада

Sase Ivanovski

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Го поддржува ли Филипче, криминалецот Сокол, па затоа не се оградува од него?

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач кој под дејство на алкохол удри пешак синоќа во Скопје, одземено му е возилото

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Водиме внимателна политика и ги контролираме трошоците, намален јавнииот долг

Sase Ivanovski

Герасимовски за Прочка: Да простуваме, да живееме во слога и да си помагаме

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски и судиите клиентелисти на СДС се заштитници на криминалот, кој гарантира дека Филип Андов Сокол нема да избега?

Sase Ivanovski

СДСМ: Кочоска продолжува со навредите кон Петровска и сите жени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) “Министерство за внатрешни работи – МВР”: Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот, велешко

Sase Ivanovski

СДСМ: Со Трипуновски и ДПМНЕ на земјоделците им е многу полошо

Sase Ivanovski

Политико: Зеленски го заборави првото правило за постапување со Трамп

Sase Ivanovski

(ФОТО) Карневал за Прочка во Прилеп, продефилираа повеќе од 600 маски

Sase Ivanovski

На земјоделците им е неопходна ефективна поддршка од државата

Sase Ivanovski

Анчелоти голем и во поразот: Бетис беше подобар од Реал Мадрид

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Торино и Елмас ја совладаа Монца за осма победа во италијанскиот шампионат

Sase Ivanovski

Туск: Полска го поддржува предлогот за одржување американско – европски самит

Sase Ivanovski

Мелони: Важно е да се избегнат поделбите на Западот околу Украина

Sase Ivanovski

Зедер: На Германија ѝ треба посилна армија, 100 000 дронови и 800 нови тенкови

Sase Ivanovski

Лавров: Трамп сака мир, а Европа да го продолжи „банкетот“ во форма на војна

Sase Ivanovski

Мицкоски и министрите ќе учествуваат на дводневен унгарско-македонскиот владин самит

Sase Ivanovski

Левица со предлог-закон до Собранието: На работниците да им се плаќа превозот до работа

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Трипуновски: Младите земјоделци ќе добијат грантови, како и поддршка во форма на кофинансирање на проекти за кои ќе аплицираат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Трипуновски: Претходната власт комплетно ги заборави земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ се посветува на ревизија на стратегиите и мерките, а резултатите се веќе видливи sase ivanovski

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Илиевски: 500 евра минимална плата за достоинствен живот на работниците

Sase Ivanovski

Стармер: Британија, Франција и Украина со план за прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Да не беше криминалот на СДС и ДУИ, може и ќе имаше за поголеми плати, парите отидоа кај Груби, Заев и Ковачевски

Sase Ivanovski

(СДСМ, Костова: Скандалозно гостување на Кочоска на телевизија, таа продолжува со дискриминација

Sase Ivanovski

СДСМ: ДПМНЕ е партија на осудени криминалци и симбол на корупција

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Тренов: Зелената мафија и неспособноста на претходната власт оставија тотален хаос во земјоделието, работиме на повеќе проекти како Брана Речица, 6 системи за наводнување и пловечки фотоволтаични постројки на брана Паљурци

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Димитриевски: Лошото менаџирање и недостатокот на поддршка од владата на СДС резултираше да станеме увозно зависни за храна, ВМРО-ДПМНЕ прави реформи во делот на земјоделието

Sase Ivanovski

Норвешка ќе продолжи да ја снабдува со гориво американската морнарица

Sase Ivanovski

Општина Карпош договори бесплатен преглед на дојки за девојки од 20 до 30 години

Sase Ivanovski

Шукова: Државата се гуши во отпад, не се управува ни со отпадот што се создава дома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протести низ Америка за поддршка на Украина по кавгата во Белата куќа

Sase Ivanovski

Хамас ја смета за воено злосторство одлуката на Израел да го запре влезот на хуманитарна помош за Газа

Sase Ivanovski

ЛДП бара повторно да се врати Викенд без ДДВ, но со измени на оваа мерка

Sase Ivanovski

Уапсен гостиварец, возел со 1,35 промили алкохол во крвта и удрил во пешак во Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Тетово добива побезбеден сообраќај, гасификацијата ќе го намали загадувањето до 70%, изработена е нова стратегија за минерални суровини

Sase Ivanovski

Саша Поповиќ и Лепа Брена ја посетиле Баба Ванѓа – сѐ му погодила освен датумот на смртта

Sase Ivanovski

Андоновски: Институциите ад-хок се заштитуваат од сајбер напади

Sase Ivanovski

Отворен тестаментот на архиепископот Јанулатос, сите заштедени пари ги оставил на Албанската православна црква

Sase Ivanovski

Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зошто кулите во Лондон имаат чудни облици?

Sase Ivanovski
Вчитувам....