По завршувањето на самитот организиран денеска во Лондон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, говорејќи пред новинарите, истакна дека останува претпазлива во однос на францускиот предлог за испраќање европски воени сили во Украина.
„Присуството на италијанските сили во Украина никогаш не беше на дневен ред, ова е нешто што сакам да го разјаснам. Верувам дека целото ова решение ризикува да се покаже како особено сложено и, можеби, помалку ефикасно од другите“, додаде Мелони.
Според италијанскиот премиер, „ако сите работат со логика на ум, без да преовладаат емоциите и да се обезбеди стратешка перспектива, можноста за организирање самит меѓу Европа и САД е нешто сосема реално и тоа е она кон што работи Италија“.