Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да го потпише договорот со САД за ретки минерали кои ги има неговата земја и изрази надеж дека и САД се подготвени, рече тој вечерва за Би-би-си. Тој изрази уверување дека може да ги обнови односите со американскиот претседател Доналд Трамп по нивната спорна средба во Овалната соба на Белата куќа во петокот.
Зеленски нагласи дека разговорите со Трамп треба да продолжат во поинаков формат. Зборувајќи пред новинарите во Лондон, Зеленски рече дека работи на подготовка за нови предизвици, иако не смета дека САД ќе ја прекинат воената помош за Украина, бидејќи тоа, како што рече, само ќе му помогне на рускиот претседател Владимир Путин.