Во пресрет на Оскарите, традиционално се објавуваат најважните филмски награди во историјата на седмата уметност, добитниците на наградите Златна малина, наградата за најлошите достигнувања на големото платно во изминатата година. Годинешните награди „Златна малина“ ги предводеше филмот „Joker: Folie a Deux“ со седум номинации, а потоа следуваат филмовите „Мадам Веб“, „Мегалополис“, „Бордерлендс“ и „Реган“, секој со само една номинација помалку.
Победник (поточно губитник) на вечерта беше филмот Мадам Веб, кој покрај наградата за најлош филм, ја однесе и наградата за најлошо сценарио и за најлоша главна женска улога. За најлош актер беше прогласен комичарот Џери Сајнфелд, чие хумористично парче Unfrosted за многумина не беше смешно. Френсис Форд Копола е прогласен за најлош режисер. Инаку, првите награди „Златна малина“ се одржани во 1981 година, а апсолутен рекордер е актерот Силвестер Сталоне, кој може да се пофали со 12 награди и преку 20 номинации. Подолу, погледнете ги сите добитници на наградата Златна малина за изминатата година:
Најлошиот филм: Мадам Веб
Најлош актер: Џери Сајнфелд (Unfrosted)
Најлоша актерка: Дакота Џонсон (Мадам Веб)
Најлоша споредна машка улога: Џон Војт (Мегалополис, Реган, Земја на сенки и Странци)
Најлоша споредна женска улога: Ејми Шумер (Unfrosted)
Најлош режисер: Френсис Форд Копола (Мегалополис)
Најлош филмски пар: Хоакин Феникс и Лејди Гага (Џокер: Folie a Deux)
Најлош приквел, римејк, рип-оф или продолжение: Џокер: Folie a Deux
Најлошото сценарио: Мадам Веб