Приватно вселенско летало слета на Месечината во неделата како второ летало од овој тип што стигна до површината на Месечината. Леталото Блу Гоуст (Blue Ghost) ја напушти Земјата на 15 јануари, откако беше лансиран од американската компанија Фајрфлај Аероспејс со цел да го истражи Морето на кризите, огромен кратер видлив од Земјата. Проектот е најновата соработка меѓу НАСА и приватни компании.
Blue Ghost’s shadow seen on the Moon’s surface! We’ll continue to share images and updates throughout our surface operations. #BGM1 pic.twitter.com/iP7fWOSths
— Firefly Aerospace (@Firefly_Space) March 2, 2025
Друга компанија „Интуитив Машинс“, планира да го приземји својот вселенски брод „Атина“ во близина на јужниот пол на Месечината во наредните денови. Тоа беше првата приватна компанија која постигна слетување на Месечината. Нејзиното вселенско летало „Одисеј“ пристигна на Месечината на 22 февруари 2024 година, меѓутоа, мисијата беше краткотрајна, бидејќи леталото слета на страната на кратер, скрши некои компоненти и се преврте. Но, „Синиот дух“ непречено слета, откако беше во орбитата околу Месечината во последните две недели. Вработените во штабот на Firefly во Тексас со овации и аплаузи го поздравија успешното слетување на леталото, пишува BBC.