17.8 C
Скопје
18/04/2025 18:57
МАКТЕЛ

    

БРАВО ЗА ТИМОТ НА ЖИВКО МУКАЕТОВ, АЛКАЛОИД СТАНУВА СВЕТСКИ ИГРАЧ: Отворено ново 27- мо преставништво во светот, овој пат во Казахстан каде пазарот за лекови тежи 2 милијарди евра!

      

Компанијата „Алкалоид“ објави дека остварила рекордни консолидирани продажби од 308,9 милиони евра, раст на консолидираниот извоз од 14 % и инвестиции од 23,3 милиони евра во периодот јануари – декември 2024 година.

Приходи од продажби

   

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2024 година продажбите достигнуваат 13.433.299.470 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 19.005.696.029 денари, што е за 15 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Продажби според региони

Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 17 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 14 %. Компанијата, преку своите застапувања на производите на светски реномирани фармацевтски производители, активно учествува во обезбедувањето најсовремени ретки и специфични терапии, со што како докажан партнер на јавното здравство обезбедува значителна поддршка за здравствениот систем во земјава. Иако профитабилноста на овие програми е ограничена, тие значително го зголемуваат учеството на домашниот пазар во вкупните консолидирани продажби. Од вкупните консолидирани продажби 32 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 68 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 27 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР…) се остварени 18 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби.

Најголем пораст кај извозните пазари, во споредба со минатата година, бележат продажбите остварени на Кипар, кои се зголемени 9-пати; потоа во Литванија, каде што се зголемени 2,5 пати. Потоа следуваат оние во Чиле (раст од 92%), Велика Британија (раст од 62%), Јордан (раст од 59 %), Грузија (раст од 57 %), Украина (раст од 48 %), Португалија (раст од 45 %), Монголија (раст од 36 %), Германија (раст од 26 %), Швајцарија (раст од 24 %), Романија (раст од 21 %), Албанија (раст од 21 %), Ерменија (раст од 18 %) итн.

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 91 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 26 %, препаратите ОТЦ со 19 %, невролошките препарати со 12 %, кардиолошките препарати со 11 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 9 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 6 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај сите профитни центри во споредба со остварените во истиот период од 2023 година. Сегментот фармација бележи раст од 16 %, хемија раст од 7 %, козметика раст од 5 %, а билкарство раст од 6 %.

Инвестиции

Во 2024 година, во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, Алкалоид АД Скопје ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две децении – новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми Таблетно одделение 2.0 и придружните технички простории. Новиот техничко-технолошки капацитет, чија цел е повеќе од двојно зголемување на обемот и поголема флексибилност во производството на цврсти фармацевтски форми, зафаќа површина од 6.200 м2 (производствени и технички простории), а за него Алкалоид вложи вкупно 19,4 милиони евра.

Во првото полугодие од годинава се реализираше стратешка инвестиција и во ПЦ Козметика. Инсталирана е нова производствена линија за производство и за пакување влажни марамчиња, во вредност од 1,7 милиони евра. Новата производствена опрема за производство на влажни марамчиња е со капацитет од 120 парчиња/минута и е дополнета со целосно автоматизирани линии за пакување. На овој начин се овозможи удвојување на капацитетите за производство на влажни марамчиња и се прошири палетата на производи кои може да се произведуваат и да се пакуваат.Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември 2024 година изнесуваат 1.435.215.000 денари.

Вложувања

Во 2024 година Алкалоид АД Скопје регистрираше ново друштво во Хрватска, со назив Алкалоид фарма интернационал ДОО Загреб. Имајќи предвид дека 68 % од пласманот на производите на компанијата се наменети за извоз, од исклучително значење е присуството на производствената програма на пазарите во ЕУ, како и проширувањето на нови пазари. Во таа насока, новоотворениот правен субјект е осми по ред кој е основан во рамките на земјите членки на Европската Унија.

Компанијата регистрираше и ново капитално поврзано друштво во Казахстан, со назив Алкалоид Казахстан ДОО, кое е прва подружница на компанијата во Азија. Отворањето на ова друштво претставува исклучителна можност за искористување на големиот потенцијал за пласирање фармацевтски производи на овој пазар, чија вредност на годишно ниво изнесува над 2 милијарди евра. Казахстан е пазар со 19,6 милиони жители и е економија со најдобри перформанси во Централна Азија. Портфолиото на Алкалоид во Казахстан за почеток ќе опфаќа антибиотици и додатоци во исхраната наменети за бремени жени. Во иднина компанијата планира проширување на асортиманот, како и присуство и во други земји од тој регион на интерес. Подружницата во Казахстан, лоцирана во градот Алмати, е 26-то по ред капитално поврзано друштво на Алкалоид.

Алкалоид АД Скопје како интернационална генеричка фармацевтска компанија тежнее да биде присутна во сите сегменти на овој бизнис и да им понуди на здравствените системи и на пациентите достапност до што поголемо портфолио и типови на лекови по прифатлива цена. Покрај вообичаените генерички лекови, Алкалоид АД Скопје има стратешка цел да настапи на пазарот и со биослични лекови. За навреме да настапи во овој растечки бизнис-сегмент во фармацевтската индустрија, Алкалоид АД, преку докапитализација на своето новоформирано друштво Алкалоид фарма интернационал од Хрватска, вложи во јужнокорејската истражувачко-развојна компанија Rophibio преку купување малцински удел. Преку ова вложување во Јужна Кореја, во противвредност од 1 милион американски долари, Алкалоид АД, покрај сопственичкиот удел во компанијата, ќе добие и право на првенство при лиценцирање на производите за регионите во кои има свои операции. Земајќи го предвид потенцијалот на пазарот, како и искуството на тимот кој ја предводи компанијата Rophibio, Алкалоид АД донесе одлука за инвестиција во оваа истражувачко-развојна компанија, која во моментов е во напредна фаза на развој на биослични лекови.

Иновации

Алкалоид изминативе години започна процес на редизајнирање на постојните генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност на Алкалоид, наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). Лекови од прв избор во третманот на рефлуксниот езофагитис и на ГЕРБ се т.н. инхибитори на протонска пумпа, група во која спаѓа и Омепразолот, кои најчесто се достапни во форма на гастрорезистентни таблети и капсули, како и на прашок за растворање. За првпат во историјата Алкалоид разви течна форма на лекот Омепразол, готов за употреба.

За пероралниот раствор Омепразол Алкалоид го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност (Value Added Medicine – VAM), а првите одобренија за ставање во промет на овој иновативен лек веќе се доделени за македонскиот пазар, како и за пазарите во Обединетото Кралство, Ирска, Холандија, Португалија, Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Бугарија и во Косово. Во тек се регистрациските постапки за другите земји во Европа и за пазарите во Европската Унија, при што се очекува добивање одобренија за ставање на лекот во промет и за негово последователно лансирање.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 2.886.531.066 денари, бележи зголемување од околу 12 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 1.702.570.214 денари и е, исто така, зголемена за 12 %.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 3.000.938.019 денари и бележи раст од 9 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 1.684.020.094 денари е зголемена за 7 %.

При извршувањето на оперативните активности Алкалоид АД Скопје ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи.

Вработени

Во периодот јануари – декември 2024 година во Алкалоид АД Скопје се реализирани 253 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2024 година е одобрен и исплатен регрес во висина од 40.500 денари нето-износ за користење годишен одмор за вработените во компанијата. Во декември 2024 Управниот одбор по повод новогодишните и божиќни празници, одобри исплата на новогодишен надоместок за вработените во нето-износ од 37.000 денари. Групацијата Алкалоид брои 3.042 вработени, од кои 2.302 се во земјава, а 740 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство.

Податоци за акциите

Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – декември 2024 година се движеше од 18.151 до 29.000 денари или просечно 22.376,45 денари за една акција. Движењето на цената на акцијата е во рамките на трендот на просечниот годишен раст и се должи на редовното и транспарентно објавување позитивни резултати од работењето на компанијата, позитивното јавно мислење, на довербата во нашите производи, управувањето со друштвото и на генералниот тренд на раст на глобалните и на регионалните берзи. На 31.12.2024 година акциите на Алкалоид АД Скопје беа во сопственост на 5.945 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 40,4 милијарди денари.

На 1 април 2024 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2023 година во износ од 772.931.000 денари. Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2024 година започна исплатата на дивидендата во износ од 540 денари бруто, односно 486 денари нето за една акција. Дивидендата од акција за 2023 година е поголема за 10,2 % во однос на исплатената дивиденда од акција за 2022 година.

Бизнис-план за 2025 година

Бизнис-планот за 2025 година, донесен со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на 27.12.2024 година, предвидува инвестирање на околу 8 % од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 8 % на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2024 година, како и раст од 7 % на консолидираниот профит пред оданочувањето во однос на 2024 година.

Бизнис-планот за 2025 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи достапни за компанијата во моментот на изготвување на Планот. Околностите и настаните во 2025 година, а со тоа и остварените резултати може да варираат во однос на прикажаните во Бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Трендот на работење во отежнати економски услови, кои беа актуелни во изминатите неколку години, сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2025 година. Доминанти предизвици беа инфлацијата и порастот на каматните стапки, кои, сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација, а можеби и на благо опаѓање. Секако, глобалните безбедносни кризи ги отежнуваат економскиот амбиент и предвидливоста, што секогаш може да повлијае и врз цените на енергенсите, да создаде тешкотии во синџирите на испораки, но и да повлијае врз достапноста на одредени материјали.

Очекуваме во 2025 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нашите тековни инвестиции во нови производствени капацитети и опрема и од вложувањата во развојно-истражувачки проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите. За остварување на овие цели ќе продолжиме и со нови вработувања во земјава, но и на странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнување и во усовршување на нивото на знаења и на вештини на нашите вработени и во градење таленти, порачуваат од Алкалоид.

  

Најново

Компанијата „Спејс Екс“ на Илон Маск е главен кандидат за изградба на „Златната Купола“ – ракетниот штит на Трамп

Sase Ivanovski

Холандска карикатура од 1903 година го критикува лицемерието на Русија кон Македонија

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп удри по странските студенти и даночниот статус на Харвард

Sase Ivanovski

Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

Sase Ivanovski

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Sase Ivanovski

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

Sase Ivanovski

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Sase Ivanovski

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Sase Ivanovski

МОН реагира на лагите на Левица, платите во училиштата од овој месец се зголемени за 7% и ќе продолжат да растат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и на Велики Петок шири тешки лаги и клевети, покачените плати ќе бидат исплатени во вторник

Sase Ivanovski

СДСМ: Кога културното наследство ќе стане бизнис план – тоа веќе не е култура, туку пазар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: На Велигден власта остави работници од повеќе институции без плата

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на граничните премини Дојран и Богородица

Sase Ivanovski

Петровска: Истрагата за Кочани е контаминирана од политички изјави и селективни дејствија

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишено од слобода лице од скопско Арачиново барано за издржување казна затвор од четири години

Sase Ivanovski

Министерствсо за внатрешни работи: Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Куманово

Sase Ivanovski

Средба на Сиљановска-Давкова со победниците на “First Lego League Challenge”

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Пријавите во ВАЕРС не значат причинско-последична врска меѓу вакцината и смртта

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Фотографијата од урнати скали во бои на виножитото нема никаква врска со Унгарија

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Во ковид пандемијата не беа забранети обдукции, а вакцините не се „лажна наука“

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

Sase Ivanovski

Во 1987 година, мостот Голден Гејт не ја прослави само историјата, туку се наведна под нејзината тежина

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Sase Ivanovski

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога и цигари со странски бандероли, кривична пријава и притвор за едно лице

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестициите во дигитализацијата се инвестиции во иднината, дигиталната трансформација значи борба против корупцијата

Sase Ivanovski

Лижавчиња со потпис на Вучиќ им биле дадени на деца во градинка во Сомбор

Sase Ivanovski

Венс „оптимист“ за мир, неколку часа откако Рубио се закани дека САД можат да си заминат од преговорите

Sase Ivanovski

РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти

Sase Ivanovski

Петровска: Истрагата за Кочани е контаминирана со политички изјави – виновниците не се лоцираат правилно

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Деновите поминуваат, а од СДС молк и не кажуваат дали Филипче има златна виза за Дубаи и како ја стекнал

Sase Ivanovski

МВР: Одземени возила користени во „диви“ трки во Куманово

Sase Ivanovski

Левица: Наставниците со пониска плата од просечната

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан

Sase Ivanovski

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Лозово и други две лица за злоупотреба на службена положба

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС тврдеа дека уставните измени се последно барање на Бугарија, сега од таму ги демантираат

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдено оружје, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Златото повторно расте – дали треба веднаш да инвестирате?

Sase Ivanovski

ДУИ: Новата програма за седмо одделение ги исклучува Албанците од учебниците по „Историја и општество“

Sase Ivanovski

Виткоф: Русија би можела да задржи некои од освоените региони во Украина, но не сите

Sase Ivanovski

Раздорот во ВЛЕН го фаворизира ДУИ: Зошто исклучително битен станува Зијадин Села?

Sase Ivanovski

Трамп: Не сум негов обожавател, но не мислам дека Зеленски е виновен за војната

Sase Ivanovski

Од денес може да се вози преку Галичица, заврши зимската забрана

Sase Ivanovski

(Видео) Четири лица загинаа во уривање на жичарница во јужна Италија

Sase Ivanovski

(Видео) МВР го пронајде возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен е јавен обвинител

Sase Ivanovski

Зеленски остро ја обвини Кина дека испорачува оружје за Русија

Sase Ivanovski

ВЛАДАТА ОЗАКОНУВА ПАУШАЛНИ ФАКТУРИ ЗА СТРУЈА

Sase Ivanovski

Кремљ: Истече наредбата на Путин за ненепаѓање на енергетската инфраструктура на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ – Кике Цветче и Иван Ајнштајн: Бегството не ги решава предизвиците во љубовта

Sase Ivanovski

Митрополит г. Петар: Велигден е најсветлиот празник на христијанската вера и таинството кое ја преобразува историјата на човештвото

Sase Ivanovski

Од „не ни требаат странци“ до „добредојдовте, шеици“ – Чебрен станува профитабилен проект кога владее ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување

Sase Ivanovski

Кој прв ќе изгори од изигрувањето на Законот за нефер практики?

Sase Ivanovski

Свештена бигорска Обител: Велигден не е време за профит, туку за милосрдие

Sase Ivanovski

Скандал во Хрватска: Општина платила 1.500 евра за приватен детектив да следи воспитувачка поради боледување

Sase Ivanovski

Ректорот на Универзитетот во Белград: Пријавата против мене е пријава против целата академска заедница

Sase Ivanovski

Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!

Sase Ivanovski

Српскиот претседател порача дека не смее да продолжи блокадата на РТС

Sase Ivanovski

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово пред политичка криза по неконституирањето на Собранието; СПАК со истрага за изборен криминал во даночната администрација; „Фантомски“ партии пред изборите во Албанија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Идентификуван возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен јавен обвинител

Sase Ivanovski

Кумановец лишен од слобода, оружје пронајдено при претрес на домот

Sase Ivanovski

Американската влада ги укина визите за повеќе од 1.000 странски студенти

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје по повод Велигден

Sase Ivanovski

Левица: Над 3000 вработени во културата се оставени без мартовска плата во пресрет на Велигден

Sase Ivanovski

„Кинескиот Илон Маск“ користи само два броја за да покаже зошто автомобилската индустрија на неговата земја сега ги надминува САД и Европа

Sase Ivanovski

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на машко лице кое најверојатно се задушило

Sase Ivanovski

ЦУК: Мртов маж пронајден во изгорена куќа во Кавадарци, имало девет пожари на отворено

Sase Ivanovski

Кина ги отфрла обвинувањата на Зеленски дека Пекинг и испорачува оружје на Русија

Sase Ivanovski

Сајбер-криминалците се повеќе користат електронски паричници за да украдат картички

Sase Ivanovski

Нов марш за правда за жртвите утре во Кочани: Семејствата на загинатите ги повикуваат сите граѓани и медиуми

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гужви за кон Грција, Велигден ќе се слави и на море

Sase Ivanovski

Брнабиќ: Блокадата на РТС стана бескрајно насилство

Sase Ivanovski

Далеку од колонијализам: Европа развива свои лежишта на литиум

Sase Ivanovski

Инженерите алармираат: Владата озаконува паушални фактури за струја

Sase Ivanovski

Професори и научници упатија прашање до полицијата која денеска го испрашува ректорот Владан Ѓокиќ: „Што правите?

Sase Ivanovski

Драма во Хрватска: Додека слетувал авион во Дубровник, дрон опасно се доближил до него

Sase Ivanovski

ДУИ: Новата програма за седмо одделение ги исклучува Албанците од учебниците по „Историја и општество“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Идентификуван возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен јавен обвинител

Sase Ivanovski

Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболени

Sase Ivanovski

Палестински медиуми: Најмалку 20 загинати во израелски напади во Газа

Sase Ivanovski
Вчитувам....