Во 2024 година во Охридско се случиле 280 сообраќајни незгоди од кои животот го загубиле 5 лица. Најголем дел од овие инциденти се случиле на автопатот Охрид-Кирчево, кој се гради со години. По овие бројки, охридската полиција одлучи да преземе мерки и на овој автопат. – За жал, бројот на жртви е зголемен, што значи дека полициските службеници мора интензивно да бидат присутни на сите патишта каде има поголем број на сообраќајни незгоди, особено на автопатот Охрид-Кичево кој е во изградба, изјави Стефан Димовски,портпарол на СВР Охрид.
Бидејќи овој автопат е познат како еден од најозлогласените за сообраќај, полицијата сега стои на различни точки и ја мери дозволената брзина со цел да се избегнат натамошни сообраќајни несреќи. – Тоа значи дека полициски службеници во различни периоди се присутни на овие делови од патот и преземаат мерки врз основа на контроли како брзо возење, возење во пијана состојба, користење на мобилни телефони, возење моторцикли, а таму каде што се забележани прекршоци се преземаат соодветни мерки, рече Димовски.