3.8 C
Скопје
03/03/2025 20:38
МАКТЕЛ

    

СЕ НАМАЛУВА ЦЕНАТА НА ЗЕЛЕНИОТ КАРТОН? Ако не може да се укине, барем ќе поевтини

      

Граѓаните веќе неколку години негодуваат дека плаќаат висок износ за зелениот картон кој сопствениците на возила треба да го имаат ако патуваат во странство со оглед дека дел од неговиот износ е содржан во осигурувањето за автоодговорност. Дали зелениот картон ќе поевтини? Граѓаните и превозниците се за намалување на неговата цена, а нивното мислење го дели и опозицијата која подготвува измени на Закон за задолжително осигурување во сообраќајот, додека владата засега не размислува на оваа тема. Осигурителната индустрија чека да биде прашана доколку се носат некакви измени на законот. Граѓаните веќе неколку години негодуваат дека плаќаат висок износ за зелениот картон кој сопствениците на возила треба да го имаат ако патуваат во странство со оглед дека дел од неговиот износ е содржан во осигурувањето за автоодговорност. – Редно е и кај нас овој документ да поевтини или да се укине како што тоа е направено секаде. Јас би предложил и овој документ да се вади и за 3 или 6 месеци, бидејќи дел од граѓаните не одат во странство само на одмор, туку и поради други обврски – вели граѓанин кој го анкетиравме. Друг пак, не се согласува зелениот картон да биде дел од задолжителното осигурување на возилата.

– Не е добро да се спојат зелениот картон и осигурувањето како што се предлагаше во минатото, бидејќи ќе поскапи осигурувањето, а ќе плаќаат зелен картон и оние кои никогаш не возат надвор од земјата, но намалување на цената на зелениот картон треба да има бидејќи осигурителните компании пресметуваат висока премија, а граѓаните како крајни потрошувачи секогаш плаќаат повеќе – вели тој. И превозниците се за намалување на цената на зелениот картон. – Тоа се директни трошоци во работењето на овие компании што пак влијае и на цената на транспортот и потоа на вкупните цени на увезените производи. Ако се знае дека голем број превозни компании поседуваат поголем број на камиони и приколки намалувањето на овој трошок би бил значителна заштеда за нив – вели Билјана Муратовска од „Макам транс“. Според одделни пресметки цената на зелениот картон би можела да се намали за 15 до 20%, бидејќи дел е веќе платен во задолжителното осигурување од автоодговорност. Неодамна опозициската СДСМ соопшти дека подготвува измени на законот со кои ќе се овозможи намалување на цената на зелениот картон, кои ќе ги достават во собранието. Од партијата меѓутоа не кажаа како се планира тоа да се постигне.

   

Според партијата 70% од сопствениците на возила во текот на една година вадат зелен картон, а трошокот кој граѓаните го плаќаат изнесува помеѓу 9 и 10 милиони евра. „Ова ќе биде директна помош за сите кои користат автомобили, бидејќи тој трошок ќе се намали и тоа значително, а тие средства ќе останат во семејниот буџет за друга намена. Решението го има во речиси секоја држава од соседството. А што е најважно, цената на чинење се движи околу 20% од цената којашто е кај нас. Односно оној трошок за годишна зелена карта би се намалил за околу 80 отсто. При самата регистрација на возилото да го има овој трошок за сите кој сметаме дека е незначителен, и го добива секој корисник“, наведоа при најавата на законското решение од СДСМ. Од Владата не добивме одговор дали се размислува за некакви измени на законот со кој ќе се намали цената на зелениот картон или целосно ќе се укине. Од осигурителните компании засега не ги коментираат најавите за поевтинување на зелениот картон, но велат дека доколку има некакви законски измени очекуваат да бидат консултирани. Според извештајот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето во првите шест месеци од 2024 година, секое трето осигурено возило имало и зелен картон. Во првите шест месеци сите 12 осигурителни компании издале повеќе од 117.000 зелени карти. Бројот на издадени зелени карти лани е за нијанса, односно за 2 отсто, помал од бројот на издадени зелени карти во истиот период од 2023 година.

Но од друга страна, вложувањата во зелена карта биле за 4,5% повисоки од 2023 година или 10,2 милиони евра за шест месеци. Податоците на Националното биро за осигурување покажуваат дека бизнисот со осигурување од автомобилска одговорност во првата половина од 2024 година пораснал за 6% во споредба со истиот период 2023 година. Сопствениците на возила во овој период вложиле 43,1 милиони евра во задолжително осигурување од автомобилска одговорност како и во зелена карта за речиси 351.000 возила (патнички и товарни возила, автобуси, мотоцикли, трактори, приколки и специјални возила). Само за споредба граѓани, компаниите и институциите за цела 2023 година купиле вкупно 958.528 полиси за осигурување возила во земјава и во странство. Во осигурување од автомобилска одговорност (за возење во земјава и во странство) во 2023 година се вложени 86,7 милиони евра. Во текот на 2023 година осигурителните компании издале 260.815 зелени карти. Зелената карта е осигурување кое служи за обесштетување на трети лица доколку се случи сообраќајна незгода или несреќа во странство. Зелениот картон е еден вид проширување на важноста на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност. Само на тој начин македонските возачи можат да ги покријат евентуалните штети во меѓународниот сообраќај, на ист начин како да сте во домицилната држава. Доколку не се поседува ваква карта, штетата ја покриваат целосно и во услови кога не се виновни, оти така е по меѓународните правила. Специфика на зелената карта е тоа што во некои земји нема утврдена максимална сума за човечки жртви во сообраќајна несреќа. Во таков случај осигурителната компанија што ја издала зелената карта ќе исплати износ без ограничување. Според податоците на АМСМ ова осигурување може да се обезбеди за еден месец или за една година. Цената за патничко возило до 66 KW на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 KW за една година е 5.536 денари. Цена, пак, за патничко возило до 66 KW за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 KW e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, мотоциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. За товарните возила и автобусите цената е 17.222 денари. Важност на зелената карта е 12 месеци. Картата има важност само во рамки на времетраењето на регистрацијата. Во најголемиот дел од земјите членки на Европската Унија, сопствениците на автомобили плаќаат единствена премија за осигурување, заедно со зелен картон. Слично е и во регионот, Србија, БиХ, Албанија, Словенија и Грција каде што веќе се споени овие два документа. Оваа идеја е актуелна и во земјава, иако има реакции од возачите кои не патуваат во странство и за нив, како што велат, тоа ќе биде непотребен трошок. Во Закон за задолжително осигурување во сообраќајот е наведено дека единствена премија кај нас ќе се применува кога Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ. Поседувањето на зелен картон сега е задолжително при влез на територијата на Македонија, Русија, Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и на Мароко.

  

Најново

„ОКТА“ ЈА ЗАДРЖА ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА НА ПАЗАРОТ Финансиски резултати за четвртиот квартал/12 месеци од 2024 година

Sase Ivanovski

Поголема полициска контрола на автопатот во изградба Кичево – Охрид

Sase Ivanovski

OJO: Поведена e постапка за демнење на градоначалникот на Неготино

Sase Ivanovski

КОЧОВСКА ОД ЈЕГУНОВЦЕ ПОБАРА ПРОЧКА: „На овој голем празник да си простиме и да побараме прочка за сите гревови“

Sase Ivanovski

АМКАЊЕ ВО ДОМОТ НА ПРАТЕНИКОТ МИЛОШОСКИ – традиционален обичај за празникот Прочка

Sase Ivanovski

ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКПЕТРОЛ“, ДОБИВКАТА НАДМИНА 17 МИЛИОНИ ЕВРА! Колкава ќе биде дивидендата?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РОБЕРТ ДЕ НИРО ЈА КРЕНА ПУБЛИКАТА НА НОЗЕ ПРИ ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ОСКАРИТЕ: Го отера Трамп во…

Sase Ivanovski

Милевски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш отвора можности за меѓусебно градење на националните интереси и ги решава проблемите на граѓаните директно на терен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Како Рис Витерспун стана милијардер

Sase Ivanovski

АЛКАЛОИД СТАНУВА СВЕТСКИ ИГРАЧ ВО ФАРМАЦИЈАТА: Вложи 1 милион долари во јужнокорејската истражувачко-развојна компанија Rophibio преку купување малцински удел

Sase Ivanovski

Успешната приказна на Дади Компани

Sase Ivanovski

ВАКА СЕ ЗАДРЖУВААТ КВАЛИТЕТНИТЕ КАДРИ: ВРАБОТЕНИТЕ ВО АЛКАЛОИД ДОБИЛЕ 40 000 ДЕНАРИ К-15 И 37 000 ДЕНАРИ НОВОГОДИШЕН БОНУС

Sase Ivanovski

БРАВО ЗА ТИМОТ НА ЖИВКО МУКАЕТОВ: АЛКАЛОИД СО ИЗВОЗ ОД 150 МИЛИОНА ЕВРА, ПРОФИТ ОД РЕЧИСИ 30 МИЛИОНИ ЕВРА И НАД 3000 ВРАБОТЕНИ СТАНУВА ГОЛЕМ ДВИГАТЕЛ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА!

Sase Ivanovski

Од полноќ ќе се точат поевтини горива – бензините и дизелот поевтинуваат за 1,50 денари

Sase Ivanovski

СДСМ, Битиќи на „Копаоник бизнис форум“: Западен Балканот не смее да остане заробен во поделби и недоверба

Sase Ivanovski

(ФОТО) Осквернавен и ограбен гробот на Зоки Фаци: „6 месеци не се поминати, какви се тие монструми што прават вакви работи“

Sase Ivanovski

БРАВО ЗА ТИМОТ НА ЖИВКО МУКАЕТОВ, АЛКАЛОИД СТАНУВА СВЕТСКИ ИГРАЧ: Отворено ново 27- мо преставништво во светот, овој пат во Казахстан каде пазарот за лекови тежи 2 милијарди евра!

Sase Ivanovski

Отворено писмо до Трамп: Вашата политика кон Украина наликува на политиката на комунистичките судови

Sase Ivanovski

Анкета: Само 4% од Американците се на страната на Русија, 44% не ја поддржуваат ниту Украина

Sase Ivanovski

Трамп со најнеповолен рејтинг на почетокот на мандатот од кој било претседател во историјата

Sase Ivanovski

„Што ќе ни се ружи кога немаме за леб?“: В сабота марш и бојкот по повод 8 Март

Sase Ivanovski

Вучиќ најави контрареволуција и доаѓање на цела Србија во Белград

Sase Ivanovski

ПАРТИЗАНСКА ДА ЈА СТАВИМЕ ПОД ЗЕМЈА, СКОПЈЕ ДА БИДЕ КАКО БОСТОН И СИЕТЛ?!

Sase Ivanovski

Вучиќ ѝ се извини на новинарката од РТС која ја нарече „имбецил“

Sase Ivanovski

Жена од Скопје нападнала 15 години помлада сосетка

Sase Ivanovski

Од ноќеска се намалуваат цените на сите нафтени деривати

Sase Ivanovski

Ректорката Ангелова: За година и половина ќе се заокружи процесот на дигитализација на УКИМ

Sase Ivanovski

Директорка од струмичко самата се пишувала за менторка, зела 5.000 евра

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Новата истрага против Георгеску ги лоцира конекциите на романските „Ватник војници“ со Русија

Sase Ivanovski

Вардар отпиша долг во износ од 3.2 милиони евра

Sase Ivanovski

Чистењето на малата депонија со линдан продолжува од април, дотогаш ќе се испитува колку пари требаат за да се заврши

Sase Ivanovski

Илон Маск јавно поддржа повик за САД да ги напуштат НАТО и Обединетите Нации

Sase Ivanovski

Зеленски: Некој што сака преговори не пука во луѓе со балистички проектили

Sase Ivanovski

Пијан возач ноќеска удрил жена на пешачки премин на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Sase Ivanovski

За војната, мирот, авторитаризмот и хибридните закани: ЦИВИЛ е домаќин на меѓународната конференција „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“

Sase Ivanovski

Првиот лет на Трансавиа од Амстердам синоќа слета на скопскиот аеродром

Sase Ivanovski

Осум романи остануваат во трка за наградата „Роман на годината“

Sase Ivanovski

Оскари 2025: „Анора“ на Шон Бејкер триумфираше на Оскарите

Sase Ivanovski

Расте бројката на истраги, обвиненија и замрзнат имот од Европското јавно обвинителство

Sase Ivanovski

Стармер: Ние сме на историски крстопат, Европа мора да ја заврши тешката работа за мир во Украина

Sase Ivanovski

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Осквернавен гробот на Зоран Василевски – Зоки Фаци

Sase Ivanovski

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на националната конференција „Заедно сме посилни“

Sase Ivanovski

Апелација му ја намали затворската казна на Боки-13 за „Рекет“

Sase Ivanovski

СДСМ: Зголемувањето на платите на универзитетските професори е поради СДСМ и законските решенија

Sase Ivanovski

Руска ракета погоди воен полигон во Украина, има повеќе загинати и повредени

Sase Ivanovski

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Sase Ivanovski

Ахмети: Ако биде засегнат албанскиот јазик, ќе нема локални избори

Sase Ivanovski

Наместо да вложуваат во злато, Македонците продаваат накит за да платат рата за кредит

Sase Ivanovski

Наместо да превенира насилство, новиот Закон за полиција го загрозува пристапот до заштита и превенција

Sase Ivanovski

Денко Малески: Трамп ја спасува Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НА КАВГА СО ИВАН, вечерва ќе гостува Дарко Костадиновски, претседател на уставниот суд на Македонија. во 21.30 на Јутјуб: Зошто правдата одамна не живее во Македонија?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС имаа 7 години власт да ги покачат платите, наместо тоа ја качија инфлацијата на двоцифрена и испумпаа милиони од буџетот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Голем е очајот во СДС кога вадат сметки од пред 8 години, ако имало нешто додека беа на власт со зурли и тапани ќе го обелоденеа

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Центар: Герасимовски со младите на Центар во кампања за совесно возење и промоција на субвенции за возачки дозволи

Sase Ivanovski

МТСП, Лимани: Да започнеме секој со индивидуален влог, а да целиме кон заедничко добро

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Мартин Костовски: Неморал и аздисаност, СДСМ објави сметки од гозбите на Кочоска и Мицкоски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поддржува 500 евра минимална плата

Sase Ivanovski

Двајца тешко повредени при судир на „опел“ и мопед во Куманово

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Претрес во Куманово, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Дали Сокол работел по насока на СДС, па затоа молчи Филипче и не смее да се огради?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Сања Лукаревска: Поднесуваме закон за покачување на платите до 15.000 денари за 400.000 работници

Sase Ivanovski

Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори за 14%, очекуваме заложба за поквалитетно образование на студентите

Sase Ivanovski

Герасимовски го подобри животот на пензионерите: Над 10 милиони денари за пензионерите за три години

Sase Ivanovski

ВО ТЕКОТ НА ЕДНА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ 136 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Гостивар, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Напад со пиштол и нож во Хаифа, еден загинат и четворица повредени

Sase Ivanovski

Левица бара владејачкото мнозинство да го прифати предлогот за намалување на цените на патарините

Sase Ivanovski

Њујорк тајмс: Трамп денеска ќе донесе одлука за прекин на воената помош за Киев

Sase Ivanovski

ЗАПОЧНА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ПОСТ Каква е ползата што не јадеш месо ако го јадеш брата си?

Sase Ivanovski

КАС: Трошоците за изградба на Косово растат

Sase Ivanovski

Приватното вселенско летало слета на површината на Месечината

Sase Ivanovski

ВТОРА МЕЃУВЛАДИНА СЕДНИЦА СО УНГАРИЈА Ќе се потпише акциски план за размена на експертиза на теми за интеграција во ЕУ

Sase Ivanovski

ТРИУМФ НА „АНОРА“ НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ОСКАРИТЕ Кој сѐ го освои најпрестижното филмско признание

Sase Ivanovski

САД ЌЕ БАРААТ ОСТАВКА НА ЗЕЛЕНСКИ ПРЕД ДОГОВОРОТ ЗА МИР ВО УКРАИНА? Трамп се среќава со неговите врвни советници за идните чекори

Sase Ivanovski

Зеленски: Ќе поднесам оставка под услов Украина да влезе во НАТО

Sase Ivanovski

Ова е Калајџијата Мехмед! Мајстрор Мехмед (Мехмед Уста) започнал да го учи занаетот на 5 години, денес е искусен мајстор во својот занает, иако има само 11 години!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со што толку ги задолжил криминалецот Сокол СДС и Филипче што не се оградуваат од него?

Sase Ivanovski

Релиќ со нов бронзен медал на турнир во Бугарија

Sase Ivanovski

Кралевски: ФФМ како да беше приватизирана од индивидуалци или можеби политичка партија

Sase Ivanovski
Вчитувам....