Денес се празнува националниот празник на Република Бугарија 3 ти март. Кога Русија ја победува Отоманската империја и ја ослободува Бугарија од Отоманското ропство. На 3 март се потпишал Сан Стефанскиот договор каде е нацртана картата на голема Бугарија. Тогаш само на карта е направена Санстефанска Бугарија која ги зафаќа териториите на Македонија и Србија. Над 200 локални лидери од Македонија со сопствени печати и потписи се обраќаат до Милош Обреновиќ и до Русија да не се дозволи делови од Македонија да припаднат на Бугарија бидејќи на тие подрачја не живеат бугари. Истотака во Ниш на рускиот конзул му е покажана познатата Ќеле кула составена од черепите на српските востаници кои во 1809 година креваат востание против турците, со што му укажал на борбата за слобода многу порано пред руско турската војна.
човечки черепи. Бизарниот и мрачен споменик е создаден за време на Првото српско востание против Турците. Во пролетта 1809 година, околу 12.000 Срби марширале од Делиград до Ниш.
Иако биле совладани од турските сили, Србите успеале да му зададат силен удар на непријателот. Меѓутоа, кога турските чети возвратиле со напад на ридот Чегра, каде што бил војводата Стеван Синѓелиќ со своите војници, тоа бил почеток на крајот.
Војвода Синѓелиќ бил убиен во битка и следела турска одмазда. Главите на убиените Срби биле отсечени, одрани, наполнети со слама и памук и испратени кај султанот Махмуд II. во Истанбул. Од нив подоцна била изградена кулата Ќеле (од турското име за „кула на черепите“) на тогашната периферија на Ниш. Речиси илјада черепи биле вградени во ѕидот на кулата како предупредување за другите кои би можеле да помислат да се побунат и да провоцираат.