Потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски, вечерва во „Аргумент плус“ рече дека работодавачите немаат проблем со предлозите за покачување на минималната плата. Според него, усогласувањето на платите требало да се случи изминативе години наназад и тоа е проблем уште од минатото. „Да бидеме искрени усогласувањето на платите требало да биде изминативе години назанд, проблемот им тропа на врата и нема работници за 25 000 или 30 000 денари. Ние говориме за загарантиран минималец достоен за живот и никој да не сме да исплати пониска плата. Приватниот сектор особено индустријата се одамна над прагот од 30 000 и во секторот градежништво просечната е 40 000. Ти работодавци треба да го следат трендот на покачување на платите.
Работодавачот треба да е свесен за да ја покачи платата, не велиме дека треба да расте само минималната плата туку терба да растат сите за да ги задржиме работниците. Ние велиме раст на сите плати во процент како што расте минималната“, рече Пешевски. Тој зборуваше и за високите цени на становите и покачувањето на работната рака во градежништвото. „Контролите се никакви, треба државниот пазарен и градежен инспекторат да е на терен треба многу повеќе државниот апарат да се уклучи и да се види како се дефинира цената од 2500 евра за метар квадретн имајќи предвид дека и цените кога не растеа становите отидода до плафон. Зборувам дека работната рака е покачена, за 5 години е 100 евра, а не 1000 евра колку што се покачи. Ако видите колку чини стан во внатрешноста а колку во Скопје треба да се запали црвеното сијаличе и некој да одговара“, додаде Пешевски.