Бујар Османи од ДУИ во гостување на ТВ21 што ќе се емитува утре, го образложува ставот на партијата дека во земјава ќе нема локални избори ако „продолжи ваквата политика кон Албанците“. Тој нагласува дека, според него, не може да има избори под сегашните услови, бидејќи, како што вели, „Албанците се деградирани“, што би можело да предизвика сериозна политичка криза.
„Не е во прашање ДУИ. Албанците не ќе дозволат. Ти не ќе дозволиш утре да дојдеш на работа како ништо да не се случило, бидејќи тоа е морална, национална и човечка обврска кон оние што дадоа живот за овој јазик. И дали ќе глумиме како да ништо не се случило? Претседателот на Уставниот суд одлучил, и утре ќе излеземе да пиеме кафе во град!? И утре ќе правиме кампања за општините!? Затоа кажувам, длабока политичка криза, која што не може да продолжи во истиот начин без да седнеме и дискутираме што ќе правиме со Охридскиот Договор, без да го вратиме Балансерот, без да го вратиме Бадентер, легитимитетот и без да го гарантираме јазикот, нема да има политика како обично“, вели Османи.