Изминатата недела екипите на ЈКП Гази Баба спроведоа редовни активности за метење на улици, паркинзи и расчистување на ситен отпад во населбата Триангла, но и околината на О.О.У „Наум Наумовски Борче“
Редовни неделни активности на ЈКП Гази Баба низ сите населени места во Општина Гази Баба. Во текот на изминатата недела екипите на ЈКП Гази Баба спроведоа редовни активности за метење на улици, паркинзи и расчистување на ситен отпад во населбата Триангла, но и околината на О.О.У „Наум Наумовски Борче“ како:
темелно метење на улиците на потегот што води до Основното општинско училиште „Наум Наумовски Борче“.
Расчистување и отстранување на ситен отпад и нечистотии од јавните површини.
Санација и чистење на просторот околу училиштето, со што се овозможи почиста и побезбедна средина за учениците и жителите од овој реон.
Екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ се секогаш на терен со соодветна механизација и рачна опрема, посветено работејќи на отстранување на ситниот отпад и прав од улиците и јавните површини.
Екипите на ЈКП Гази Баба, исто така, реализираа успешни акции за расчистување на диви депонии во населеното место Инџиково и населбите Ченто, Железара и Триангла, а беше извршено и собирање на градежен шут во Хиподром 2. Повеќе тимови беа распределни засилено да работат на расчистување за ослободување на јавните простори од недозволено складиран отпад во местото викано Кванташки, населеното место Стајковци и населбата Хиподром.
Еколошката состојба е важна и потребно е да создадеме чиста, уредна средина за сите жители, бидејќи со отстранување на значителни количини на отпад и шут ја подобруваме хигиената и изгледот на овие населени места.
Во агендата на неделни активности на Јавното претпријатие за реализација беше и темелно чистење и репарација на вакуумската канализација во населено место Јурумлери, бидејќи редовното одржување на канализациската инфраструктура е потребна за непречено функционирање на системот и превенција од евентуални дефекти и поплави.