„Мојот пат во политиката беше пат исполнет со многу предизвици, но и со огромни можности. Тоа е една приказна со многу верба и одлучност, докажување дека секој од нас може да биде двигател на промени. Мојата мотивација за вклучување во политиката не беше само еден личен повик, туку и силна желба да бидам дел од една позитивна промена, силна љубов кон мојата земја и верување дека секој проблем има решение. Верував дека секој глас може да се слушне и дека секој чекор напред може да направи многу голема разлика. И затоа одлучив дека нема да бидам само нем набљудувач и дека нема да ги набљудувам само процесите, туку дека активно ќе учествувам во обликувањето на иднината на Македонија” , прецизираше во своето излагање пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и генерален секретар на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува-Унија на жени”. Ангелова говореше за улогата на жените во општеството и за нивниот потенцијал да придонесат за позитивни промени. Таа истакна дека главните цели на Унијата на жени при ВМРО-ДПМНЕ се да ги промовира и шири вредностите на партијата, како и да ги брани интересите на жените, со посебен акцент на нивното активно учество не само во рамките на партијата, туку и во општеството во целина.
„Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е препознатлива по својата активна улога во промоцијата на правата и интересите на жените во општеството, особено во политичкиот и општествениот живот. Некои од нејзините главни карактеристики се поддршка на жените во политиката, поттикнување на зголемена вклученост на жените во политичкиот живот, во изборните процеси и во носењето на одлуки.УЖ е практично организација, која учествува во многу општествени и хуманитарни активности, организира кампањи и проекти за поддршка на ранливи категории и граѓани, донациии, како и акции за помош на семејства во социјален ризик и поддршка на здравствени иницијативи” , објаснува Ангелова. Ангелова истакна дека позицијата, којашто ја има, носи голема одговорност – да биде глас на оние чии интереси често се занемарени, да отвори нови можности за жените во политиката и да се залага за политики кои ќе донесат вистински промени. Според неа, целта е да се создадат значајни и долгорочни решенија, кои ќе остават позитивен белег и ќе ја направат Македонија подобро место за сите нас.
„Ова е пат на избор. Избираш да не отстапиш, избираш да не се откажеш. Кога ќе те потценат и ќе ти кажат дека политиката не е за тебе, избираш да бидеш гласот на тие што не можат да зборуваат. Избираш да ги охрабриш младите девојки дека и тие можат да бидат тука, каде што си ти. Ова е практично пат на промени. Кога една жена ќе застане во политиката, таа не се бори само за себе, се бори за сите оние кои доаѓаат по неа, за секоја мајка која сака подобро образование за своето дете, за секоја жена што работи но не добива еднаква плата, за секоја девојка што сонува да биде лидер, но и велат дека не и е местото таму. Политиката е борба, но кога ќе погледнеш наназад и ќе видиш дека твојот глас донел некаква промена, сфаќаш дека сето тоа вредело, дека секоја критика, секоја препрека, секој момент на неизвесност биле дел од патот кон нешто поголемо. И секогаш си го поставувам јас лично прашањето: ако не ние, тогаш кој? Ако не сега, тогаш кога? Затоа треба ние, жените, да стоиме исправени, да продолжиме да менуваме и да бидеме примерот за сите оние коишто доаѓаат после нас” заклучува Ангелова.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ