Златната треска не е стигната, а и нема да стигне до нашата земја. Македонските граѓани немаат пари за храна, а камоли да вложуваат во злато, брифираат долгогодишни златари за „Слободен печат“. Продажбата е толку опадната изминативе години, што се повеќе златарски дуќани ги затвораат кепенците, а останатите преживуваат од свадбите, крштевките и матурските веселби. Некогаш за 8 Март се подаруваше златен накит, а денес, граѓаните едвај купуваат по некоја китка цвеќе, со тага се сеќаваат златарите.
Во моментот еден килограм злато на светските берзи чини 88.000 евра, а од 2002 година, кога почна да се применува еврото, цената на овој племенит метал скокна за неверојатни 600 проценти! Не помалку е скокната и цената на килограм сребро, кое сега чини 900 евра на берзите. Според проценките на експертите од Банк оф Aмерика и Голдман Сакс, цената на златото би можела да продолжи да расте во 2025 година. Цитираните бројки се околу 3.000 долари за унца, или преведен раст од 13 отсто. Што се однесува до среброто, Хереус зборува за 40 долари за унца, што значи дека е можно процентуално да се надмине растот на цената на златото.
View this post on Instagram