Нередот настана кога пратениците од опозицијата, револтирани од усвоениот дневен ред, се упатија кон претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, но собраниското обезбедување ги спречи да ѝ се приближат, па фрлаа бакљи. Пратениците на српската опозиција употребија чадни бомби и солзавец во парламентот во во знак на противење на владините политики и за поддршка на студентските демонстрации. Масовните протести во Србија почнаа во ноември минатата година, предизвикани од уривањето на покривот на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица. Оваа трагедија предизвика протести кои прераснаа во најголема закана досега за време на владеењето на претседателот Александар Вучиќ.
На седницата, откако владејачката коалиција, предводена од Српската напредна партија (СНС) го одобри дневниот ред, пратениците од опозицијата станаа од своите места и се упатија кон претседателката Ана Брнабиќ, но беа спречени од обезбедувањето, па некои фрлија чадни бомби и солзавец. Инцидентот беше пренесуван во живо на српската телевизија, а на снимките се гледа дека просторијата е исполнета со црн и розов чад. Пред српските пратеници на редовната пролетна седница беше предложен дневен ред со 62 точки, меѓу кои четири закони од областа на образованието, измените на Законот за високо образование, како и Предлог-законот за поволни станбени кредити за младите.
Негодувајќи за усвоениот дневен ред, пратеникот на Зелено-левичарскиот фронт Ѓорѓе Павичевиќ држеше факел во раката, додека пратеникот Предраг Марсениќ (Нов ДСС) ја полеа со вода претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ. – Барам пратениците да се вратат во своите фотелји и да продолжат со работата. Имаме работа и Србија никогаш нема да застане – изјави Брнабиќ. Таа се надополни се вообичаената фраза откако започнаа студентските протести низ целата држава – „Србија се гради со работа, седнете да работиме!“ -Ваква Србија никогаш нема да победи – рече Брнабиќ додека пратениците од опозицијата протестираа правеа врева во заднината. Претседателката Брнабиќ рече дека во хаосот во Собранието од шок-бомбите се повредени две пратенички. Станува збор за пратеничката Соња Илиќ, која е бремена во осмиот месец, додека другата – Јасмина Обрадовиќ од партијата СНС – доживеа мозочен удар и се наоѓа во критична состојба. -Таа е во критична состојба, имаше мозочен удар и се бори за живот. Таа е во смртна опасност, бидејќи ја погоди шок-бомба – изјави Брнабиќ. Таа додаде дека лекарите, исто така, се борат за животот на Илиќ и на бебето. -Ако ѝ се случи нешто на Јасмина Обрадовиќ, ако го загуби животот, во Србија сте почнале нешто што досега не е видено. Срам да ви е, вие сте терористичка банда – изјави Брнабиќ. Според неа, пратеничката Јасмина Каранац се здобила со тешки телесни повреди од удар од шок – бомба во глава. Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, едвај успеа да ја продолжи седницата бидејќи пратеници од опозицијата фрлија солзавец кон неа.
Во зачадената атмосфера во Собранието министерот за финансии Синиша Мали кој, исто така, беше погоден со непознато пиротехничко средство, продолжи да ги образлага законите кои се на дневен ред. Во салата одекнуваа свирежи, вувузели и тропање од опозициските пратеници. – Српскиот парламент денеска работи во невозможни услови, под чадни бомби, под закани и навреди, но, и покрај овој чад, никогаш не било појасно кој сака Србија да оди напред, а кој да ја држи во магла! Ништо нема да нè спречи да ги донесеме овие многу важни закони за граѓаните на Србија, вклучително и оној за исполнување на четвртиот студентски услов, кој е усогласен со ректорите на сите универзитети во земјата. На дневен ред е и закон кој се однесува на државната поддршка за младите да го купат својот прв стан, кој исто така го претставив во овие невозможни услови за работа и кој опозицијата го исвирка. Оние кои не сакаат да бидат дел од Србија, која е економски силна, модерна, развиена и меѓународно почитувана, денес ја опструираат дискусијата за обезбедување евтини кредити на младите за нивните први станови. Нема да се извлечат со тоа. Ќе продолжиме да работиме, бидејќи Србија се гради со работа – порача Мали на Инстаграм. Парламентот треба да донесе закон за зголемување на финансирањето на универзитетите – едно од главните барања на студентите, па речиси истовремено додека во Собранието се состојбата излезе од контрола, пред зградата пристигнаа студентите. Тие ги продолжија блокадите на факултетите и протестите низ цела Србија, а продолжија и собирите на просветните работници кои ја прекинаа наставата. Помеѓу точките имаше повеќе предлози за именување и разрешување, меѓу кои и на претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ. Оставката на премиерот Милош Вучевиќ беше предвидено да се констатира на крајот на седницата. Брнабиќ истакна дека парламентот, и покрај опструкциите, ќе продолжи да работи. Таа ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да останат во салата на српското Собрание и по 18 часот за, како што рече, „да се расчисти нередот што се случи на денешната седница“.
Врховното јавно обвинителство испрати соопштение во кое најостро се осудува и секое однесување кое доведува до повреда или загрозување на животот на пратениците, без разлика од кого доаѓа таквото однесување, вклучително и од самите пратеници. Обвинителство потсетува дека, иако пратениците уживаат имунитет од кривично гонење за изразување мислење или гласање при вршење на пратеничката должност, тоа не ги штити од кривично гонење за дела против уставниот поредок.
Врховното јавно обвинителство апелира на итно смирување на состојбите во Народното собрание со воздржување од преземање на какви било дејствија што можат да ја загрозат безбедноста, телото и животот на секој кој работи во просториите на Народното собрание, особено на пратениците. Вучиќ: Јасмина ќе победи, Србија ќе победи!
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја посети повредената пратеничка Јасмина Обрадовиќ, која доживеа мозочен удар откако пратеници на опозицијата ја погодија со шок-бомба во Собранието на Србија. – Верувам во нејзината сила. Јасмина ќе победи, Србија ќе победи! – порача Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм.
View this post on Instagram