Граѓанската асоцијација Ние за благосостојба на животните поднела пријава против лицето Н.Н, кое во текот на вчерашниот ден врзало мачка за своето моторно возило и на тој начин ја превезувало на отворен пат.
– Ова не е прв, ниту изолиран случај, каде што лица на ваков начин непотребно изложуваат животни на страдање. Непрепознавањето на овие дејствија како обележја на кривичното дело „Убивање и мачење животни“ и притоа нивно нормализирање од страна на полициските службеници, а следствено и јавните обвинители, е основната причина зошто овие лица најчесто поминуваат неказнето – велат од Асоцијацијата.
View this post on Instagram