На Steam моментално и привремено има голем број бесплатни демо верзии од одлични и квалитетни игри кои може да ги испробате. Ова е корисно и за забава и од причина дали глатко би ви работела целосната игра за која што размислувате да ја купите. Во овој напис се ориентираме на избор на демо верзии од игри што стварно вреди да се испробаат. Настанот е наречен Next Fest под слоганот “A celebration of upcoming games”. Steam веќе објавија листа на најиграните 50 демо верзии на игрите, но во овој напис ќе ви ги презентираме најдобрите демоа од наша перспектива.
Првото презентирано демо од игра е за играта Gothic 1 Remake.
Оваа игра фигурира и во два претходни написи: првиот и вториот. Секако се работи за игра што своевремено изврши многу позитивно влијание на многу други игри да се развијат во уште подобри игри. Системот на магија нуди голем број опции и борбите од блиску со мечови и други средновековни оружја е впечатлив. Иако имаше доста шеги на начинот на кој главниот лик се бори особено кога го врти мечот во кругови при борба и така удира. Но борбите се и крвави и играва не се препорачува за деца, туку има и предупредување дека е игра за возрасни- особено сега таргет група на која би бил продаван римејкот од играва се носталгичните повозрасни гејмери.
Второто високо препорачано демо е на играта DUNE Awakening, приближно а и подобро играта ќе изгледа вака:
Ова е добра прилика да се испроба компатибилноста со целосната игра. За DUNE Awakening имаме неколку написи што може да ги прочитате овде, каде е презентирана приказната концептите и слично иако се работи за добро позната тема поради филмовите (и постариот филм во режија на Дејвид Линч со Кајл Меглахан и поновите филмови во кои протагонистот го игра актерот Тимоти Шаламеј придружен од актерката Зендеја претходно позната во филмови како “девојката на Спајдермен” во филмовите со Том Холанд. Приказните и концептот на играт се базирани на книгите-серијалот DUNE на писателот Френк Херберт.
И третото највпечатливо демо – што би се реколо “во чекор со времето” е за најдобрата тепачка игра во моментов во гејминг индустријата, Демо верзијата за Tekken 8, ви го преставуваме трејлерот за најновиот лик што ќе биде имлементиран во играта Ана Вилијамс:
За повеќе и детални информации за Текен серијалот имаме повеќе претходни написи кои најкратко ќе ве информираат за играта и продолженијата а може да ги прочитате овде. Тоа што е карактеристично за ова демо е што парцијално има мултиплејер опции -но ги има, а исто така е понудено поглавје од приказната, но може да се испробаат само четири од ликовите: Џин, Казуја, Пол и Нина. Промоцијата со бесплатни демоа и настанот Next Fest ќе трае уште денеска, официјално е до 3ти март до 10 АМ Pacific time но има размах во временските зони и доволно време да се испроба по некое демо што ве заинтересирало. Дел од демоата особено попопуларните ќе продолжат да бидат достапни уште неодредено време во иднина, некои и до излегувањето на самите наслови. Извор: Новинска агенција МЕТА