Вечерва во Лигата на шампионите се играа натпревари од осминафиналето, а најголемо внимание привлекуваше дербито помеѓу градските ривали Реал Мадрид и Атлетико кое на крајот заврши со победа на „кралевите“ од 2:1. Многу рано домаќините стигнаа до водство уште во четвртата минута Родриго успеа да погоди по асистенцијата од Валверде. По голот на Реал сепак следеше израмнета игра со по некоја прилика на двете страни. Израмнувањето стигна со погодокот на Хулијан Алварез ко 32. минута кој беше еден од најубавите сезонава во Лигата на шампионите. На пауза се замина со по еден гол на двете страни. По десетина минути игра во второто полувреме Брахим Дијаз во една мешаница во шеснаесетникот успеа да се снајде и да го пронајде патот до мрежата на Јан Облак.
Имаше иницијатива Реал Мадрид и до крајот на натпреварот, но сепак остана предноста од 2:1.
Најубедливата победа вечерва ја забележа Арсенал кој веќе може да го слави пласманот во четвртфиналето бидејќи славеше над ПСВ со убедливи 7:1. Два гола за избраниците на Артета постигна Одегард, а по еден Тимбер, Енвавери, Мерино, Тросар и Калифиори. Борусија Дортминд и Лил патникот во четвртфиналето ќе го решаваат во Фаранција бидејќи вечерва во Германија резултатот беше 1:1. Стрелаа Адејеми и Харалдсон.
Во натпреварот кој се играше претходно во терминот од 18:45 часот, Астон Вила на гости во Белгија го совлада Клуб Бриж со 1:3.