Премиерот Христијан Мицкоски при дводневната посета на Будимпешта и учеството на заедничката владина седница на македонската и на унгарската влада не се сретнал со експремиерот Никола Груевски, а ако се сретне јавноста ќе биде информирана.
-Не не се сретнав, но доколку се сретнам ќе бидете информира затоа што јас водам политика на принципот вистината е најточна. Верувајте дека секогаш кога нешто ќе се случи јас тоа го кажувам, немам зошто да кријам, бидејќи немам што да кријам зашто совеста ми е чиста. Но исто така можам да потврдам, многу скоро со докази, дека голем број функционери од коалицијата СДСМ и ДУИ се среќавале со Груевски во Будимпешта, а коишто за жал не дадоа искрен одговар, а јас ако се срертнам би дал – одговори Мицкоски на новинарско прашање.