СДС ги напаѓа инспекторатите и ги штити картелите кои му ја одраа кожата на народот. СДС денес удри против Трудовиот инспекторат, затоа што тој заедно со Пазарната инспекција се бори против картелите кои во изминатиов период ги вивнаа цените во малопродажба до плафон.
Народот денес плаќа поскапо во продавниците, аптеките, салоните и другите малопродажни ланци, затоа што власта на СДС и ДУИ го толерираше тоа. СДС е заштитник на картелите, и сега излезе на површина кој со каква цел е. Лицемерието на СДС е обелоденето, народот сега гледа. ВМРО-ДПМНЕ е со народот, а СДС со картелите.