По неетичкото и непрофесионално известување на медиумот Курир, ја испраќаме до сите медиуми оваа јавна реакција, на нивната објава каде обвинуваат дека некој “служи” контаминирана вода во град Скопје. Од причина што редакцијата на Курир наместо да ја објави нашата реакција на нивен текст во целост, за фактите за тоа кој дава дозвола за увоз на “контаминирана” вода и кои од институциите “служат” контаминирана вода, тој дел намерно го испуштија да го објават веројатно бидејќи не смеат затоа што се работи за институции блиски до власта. Се надеваме дека етичките, професионални и независни медиуми кои неселективно известуваат, ќе го пренесат нашиот текст во целост. Реакцијата на Град Скопје ви ја пренесуваме за објава
Почитувани, Бидејќи цела државна администрација се снабдува од истата компанија Даути комерц од с. Бојане, дали и за нив имате ист текст дека Мицкоски “служи” контаминирана вода по институција, Орце Георгиевски “служи” контаминирана вода итн. Прашањето сте го испратиле во 13:00 часот, а текстот сте го објавиле во 13:05 (види принт скрин прилог) па нејасно е како очекувате некој да ви достави информација во рок од 5 минути во кои очигледно текстот веќе ви бил подготвен за објава со прејудицирање на состојбите однапред. Договори склучени од Договорни органи со Даути комерц од с. Бојане за набавка на вода со Ругове производ како бренд за вода
1. Општина Кисела Вода-договор бр.15-7348/2 од 04.09.2024 за набавка на вода Ругове
2.Министерство за јавна администрација – договор бр.05-6390/1 од 02.12.2024
3. Општина Чаир-договор бр.09-98/1 од 09.01.2025 за набавка на Ругове вода
4. Национална радиодифузија – договор бр.05-5740/1 од 27.11.2024
5. ЈПДП Државни патишта-договор бр.08-3516/28 од 17.06.2024 набавена вода Ругове
6.Републички Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на РМ – договор бр.0507-13/7 од 14.06.2024 за набавка на вода Ругове
7. Агенција за поддршка на претприемништво на РМ-договор бр.05-691/8 од 19.12.2024 набавка на Ругове вода
8. ЈДГ 8-ми Март градинка на Општина Кисела Вода-договор бр.05-5311/1 од 28.11.2024
9. Студентски дом Кочо Рацин од Битола-договор бр.05-261/3 од 04.12.2023 година набавена вода Ругове
10.ЈУОДГ Мајски цвет градинка во општина Карпош-договор бр.0307-58 од 28.06.2023 година
11. ЈДГ градинка на Општина Центар Раде Ј. Корчагин договор бр.05-23 од 10.01.2024 година
12.Општина Босилово-договор бр.03-766/1 од 03.04.2023 година
13. ЈЗУ Геријатрија-договор бр.05-819/18 од 25.04.2023 година
14. Министерство за одбрана на РМ-договор бр.18/3-227/15 од 16.07.2024 година
15. Општина Свети Николе –договор 1402-36/8 од 29.07.2024 година
16. УКИМ-Факултет за дизајн-договор бр.05-319/3 од 25.09.2024 година
17. Електрани на РМ-Тец Неготино-договор бр.05-397/4 од 08.11.2024 година
18. Универзитет Св. Климент Охридски-договор бр.05-77/75 од 10.02.2025 година
19. Психијатриска болница Скопје-договор бр.05-1777/10 од 30.12.2024 година
20. Филозовски факултет-УКИМ-договор 03-2715/1 од 24.12.2024 година за набавка на Ругове вода;
21. Јавно Обвинителство на РМ-договор бр.05-783/6 од 26.12.2024 година
22. Паркинзи на Општина центар-договор бр.05-52/20 од 19.12.2024
23. ХЕЦ Тиквеш електрани на РМ-договор бр.11-18/2 од 22.01.2025 година
Извор на податоци: ЕСЈН на Биро за јавни набавки
Град Скопје нема добиено никакво известување од Агенцијата за храна и ветеринарство за било која вода или храна дека се неисправни. Исто како и сите останати институции во Македонија, во град Скопје единствен начин е јавна набавка за избор на економски оператор за снабдување со стоку и услуги, подеднакво за се што е достапно на пазарот и може да се купи во слободна продажба, со претпоставка е дека е безбедно за потрошувачите во Македонија со дозвола на Агенцијата за храна и ветеринарство. Доколку Агенцијата за храна и ветеринарство ги направила задолжителните испитувања при увоз и влез на производи на македонскиот пазар, и доколку некој производ е небезбеден не требало да се дозволи тој да се најде на пазарот.


Со почит,
Одделение за односи со јавност
Град Скопје