На средбата со шведската амбасадорка изразив задоволство од односите меѓу двете земји, кои континуирано се надградуваат и зајакнуваат. Интензивната претстојна билатерална агенда се очекува да внесе дополнителна динамика во соработката. Посебен акцент беше ставен на натамошното унапредување на економската соработка и трговските односи. Изразивме подготвеност за проширување на соработката со конкретни проекти и техничка помош во рамките на воспоставената билатерална соработка со Шведската развојна агенција SIDA.
На средбата со чешкиот амбасадор ја поздравив принципиелната и конструктивната улога на Чешка кон нашиот регион, како дел од заедничкото европско семејство. Во фокусот на разговорот беше и претстојната Трета сесија на Мешовитиот комитет за економска соработка помеѓу двете земји, која е планирана за 10 и 11 март 2025 година во Прага, на која македонската страна ќе биде претставена на високо ниво. Оваа редовна сесија ги одразува реалните потенцијали за инвестирање во нашата држава и ги отвора бројните можности за натамошна економска соработка.
Во фокусот на двете средби беше и евроинтегративниот стремеж на нашата држава и одлучноста на Владата за спроведување на клучните реформски процеси на тој пат. Се осврнавме и на актуелните геополитички состојби и нивното влијание врз стабилноста на нашиот регион и пошироко.
View this post on Instagram