За време на денешната прес-конференција, новинар ја праша портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, дали американскиот претседател Доналд Трамп инсистира на конкретен кодекс на облекување во Овалната канцеларија, пренесе „Индепендент“. Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски дојде на минатонеделниот состанок на Овалната соба облечен во црна маица во воен стил со украинскиот грб, кој го носи од почетокот на руската инвазија во 2022 година.
„Некои официјални лица тука беа лути што Зеленски се појави без одело на состанок во Овалната канцеларија минатата недела, но Илон Маск никогаш не носи костум. Па кој е кодексот на облекување?“ ја праша новинарот портпаролката на Белата куќа.
Таа одговори дека Маск носел костум за време на синоќешното обраќање на Трамп во Конгресот.
„И мислам дека на претседателот навистина му се допадна тоа“, рече таа. Трамп многупати досега примал делегации од арапските земји во Белата куќа, но никогаш не им забележал, особено не јавно, дека не носат костум, како што му забележа на украинскиот претседател минатата недела. Според американските медиуми, Трамп во петокот го пречекал Володимир Зеленски пред Белата куќа со зборовите: „Гледам, си се дотерал“. Инаку, Маск при неодамнешната посета на Овалната соба носеше фармерки и маица под јакната.