Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва привремено ги ослободи материјалите од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија од зголемени царини од 25 отсто за увоз на стоки од тие земји, јави „Ројтерс“.
Царините воведени вчера од САД ја поттикнаа Канада да возврати, што предизвика царинска војна меѓу двете соседни земји. Одлуката за одмазднички мерки на Мексико се очекува во текот на викендот. Трамп денеска ја донесе одлуката за привременото ослободување откако разговараше со лидерите на „големата тројка“ американски производители на автомобили – Форд, Џенерал Моторс и Стелар, изјави портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит.
Запрашан дали 30-дневното одложување е доволно за да се подготви автомобилскиот сектор за новите тарифи, Левит рече: „Тој им рече да продолжат со ситуацијата, да почнат да инвестираат, да почнат да се движат, да го преселат производството овде во САД, каде што нема да плаќаат никакви царини“. Акциите на големите производители на автомобили од САД, Азија и Европа скокнаа до шест отсто по новата одлука на Трамп.