Сончевото време во последниве неколку денови забрзано го истопи оној малку снег што остана во Маврово по што на виделина излезе сето ѓубре кое посетителите го фрлале преку целата година, а никој не го исчистил. Остатоци од прехранбени производи, амбалажа, пластични шишиња, хартија, кабаст отпад го преплавија Маврово-бисерот на планината Бистра.





