Од кујната на СДС добиваме само лаги, зачинети со лицемерие! Наместо да глуми грижа, Јованка Тренчевска да си го преиспита однесувањето! Крајно дрско и лицемерно е да го сквернавиме денот на кој треба сите да сме сплотени и единствени, а борбата за подобрување на положбата на жените да ни биде врвен приоритет! Клубот на пратенички постои за сите да имаме усогласен и единствен став по однос на прашањата што ги засегаат жените! Доколку се постигне консензус, тоа е најдобро, но кога не постои консензус, она што се случува во Клубот, треба да остане во Клубот, а не да се изнесува на прес-конференции и притоа да се зачини со безброј лаги и измислици, произволни толкувања и обиди за дефокусирање на јaвноста од битните случувања во државата!
Ваков наратив не ни е потребен, посебно деновиве кога треба да ги славиме достигнувањата и предизвиците за подобрување на положбата на жените општеството и државата. На мојата колешка Тренчевска ќе и порачам дека секаков обид за дефокусирање на јавноста нема да им успее! Борбата за подобрување на статусот на жените во политиката подразбира искрени намери и чесни одлуки, но пред сè меѓусебна доверба и почит. Со вакви изјави и прес-конференции уште повеќе ја убедувате јавноста колку сте лицемерни и дека партијата и партиските насоки ви се пред сè и над сè!