Четириесет и осумгодишен кумановец вчера бил пронајден починат во неговото возило кое било паркирано на улицата Пелинска.
„На 06.03.2025 во 08.43 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Пелинска“ во Куманово, во патничкото возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден починат С.Д.(48) од Куманово“, информираат од Секторот за внатрешни работи. Лекар констатирал дека лицето починало од природна смрт, а по насока на јавен обвинител телото било предадено на семејството, информира МВР.